ПОПОВ

ПОПОВ, Стале (с. Мелница, Мариово, 25. Ⅴ 1902 – Скопје, 10. Ⅴ 1965) – раскажувач, романсиер, просветен работник. Се школува во Битола и Белград, каде што завршува Богословија и Теолошки факултет. Во најголемиот дел од своите дела го отсликува родното Мариово. Дебитира со расказите „Мице Касапчето“ и „Петре Андов“, кои се публикувани во 1951 г., една година по објавувањето на повеста „Улица“ и една година пред романот „Село зад седумте јасени“, двете од Славко Јаневски, кои го носат приматот на прва повест и прв роман на македонски стандарден јазик. Вистинското влегување во литературата, со свртување на вниманието и на критиката и на читателската публика, се случува со објавувањето на романот „Крпен живот“ во 1953 (првиот том) и 1954 (вториот том), кој е битово-социјален, но и историски и регионален роман. Две години подоцна излегува и неговиот роман за легендарниот мариовец „Толе Паша“. Автор е и на повестите „Калеш Анѓа“ и „Дилбер Стана“, инспирирани од убавите македонски народни песни „Ајде слушај, слушај калеш бре Анѓо“ и „Кажи, кажи, Дилбер говите „Собрани дела“ (1966, 1976). Во спомен и во знак на почит кон неговото дело во 1975 г. е востановена наградата „Стале Попов“ за прозно дело што секоја година ја доделува Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). ДЕЛ: Крпен живот (роман, 1953-1954), Итар Пејо (хумористични раскази, 1955), Опасна печалба (подолга проза, 1956), Толе Паша (роман, 1956), Калеш Анѓа (роман, 1958), Дилбер Стана (роман, 1958), Мариовски панаѓур (новела, 1961), Помеѓу небото и земјата (раскази, 1963), шаќир војвода (романизирана биографија, 1966), Необично дете (роман, 1966), Доктор Орешковски (роман, 1966), Собрани дела (12 тома, 1966 и 1976), Одбрани дела (4 тома, 1987). ЛИТ.: Миодраг Друговац, Историја на македонската книжевност ⅩⅩ век (1990); Венко Андоновски, Структурата на македонскиот реалистичен роман (1997); Христо Георгиевски, Македонскиот роман 1952–2000 (2002). В. М.-Ч. Столе Попов