ПАВЛОВСКИ, Божин

ПАВЛОВСКИ, Божин (с. Жван, Демирхисарско, 7. И 1942) – раскажувач и романсиер. Член на МАНУ. Завршил Филозофски факултет (катедра за книжевности) во Скопје. Член на МАНУ (од 1988). Работел како новинар, потоа ја основал и долги години ја раководел Издавачката куќа „Мисла“. Во 1992 г. во Мелбурн (Австралија) ја основал Издавачката корпорација АЕА, која ги издава весниците „Денес“ и „Македонија денес“. За неговите дела пишувале: М. Ѓурчинов, Г. Старделов, Г. Тодоровски, М. Матевски, Б. Иванов, В. Урошевиќ, М. Друговац, Д. Солев, Петар Т. Бошковски, М. Маџунков, и др., како и видни странски автори: Ален Боске, Пјер Гамара, Дину Фламанд, Јан Кефелек, Ч. Мирковиќ, М. Недиќ и др. БИБ.: Игра со љубов, роман, Ск., 1964; Фантасти, раскази, Ск., 1967; Миладин од Кина, роман, 1 дел, Ск., 1967; Лудисти, раскази, Ск., 1967; Миладин од Кина, роман, 2 дел, Ск., 1968; Македонците зад Екваторот, патописна проза, Ск., 1971; Дува, роман, Ск., 1973; Австралија, Австралија, сценарио за документарен филм, Ск., 1975; Вест Ауст, роман, Ск., 1978; Црвениот хипокрит, роман, Ск., 1984; Уткини соседи, роман, Ск., 1987; Враќање во сказните, роман, Ск., 1989; Дува и болвата, роман, Ск., 1997; Подвижни гробови, роман, Ск., 1998; Патување со љубената, роман, Ск., 2000; Египетска сонувалка, роман, Ск., 2001; Тага за мојата прва татковина, раскази и колумни, Ск., 2003; Назад кон разумот, новинарски есеи, Ск., 2004; Роман за моето заминување, роман, Ск., 2004; Изгубени во рајската градина, роман, Ск., 2004; Мирисите на доилката, рома, Ск., 2005; Розово на црното, есеи и колумни, Ск., 2006; Убавицата и Мародерот, роман, Ск., 2006; Зима во лето, роман, Ск., 2007; Се викам Хај Гудбај, роман, Ск., 2008. ЛИТ.: М. Ѓурчинов: Чекор кон современоста, „Политика“, Белград, 1974; П. Гилевски: Критиката за романите на Божин Павловски, Матица, 1999. П. Гил. Јован Павловски