НОВО СЕЛО

НОВО СЕЛО – населба во Струмичко. Се наоѓа во крајниот источен дел на Струмичко Поле, од левата страна на р. Струмица, на надморска височина од околу 235 м. Низ селото поминува магистарлниот пат М–6, кој на запад го поврзува со Струмица, а на исток со Петрич во Бугарија. Тоа е населено со Македонци (2.756) и мал број Срби (11). Населението се занимава со одгледување раноградинарски култури. Н. С. е седиште на општина, која зафаќа површина од 23.783 ха, а има 16 населени места со 11.567 ж. Во селото постојат осумгодишно училиште, здравствена и полициска станица. Ал. Ст.