НИКОЛА

НИКОЛА (Николица) (Џ–Ⅺ в.) – византиски благородник, роднина на Ерменецот Кекавмен, стратегот на Елада. По Самуиловото заземање на Лариса (986) поминал во негова служба, како управник на Сервија. Бил поразен од Василиј Ⅱ (1003), од кого ја добил титулата патрициј. По неколку дена пребегал кај Самуил, но одново бил заробен, а по неколку години повторно пребегал во Самуиловото Царство и останал лојален до летото 1018 г., кога (во Девол) му се предал на царот Василиј Ⅱ, а тој наредил да го затворат во Солун. ЛИТ.: С. Антољак, Самуиловата држава, Средновековна Македонија, И, Скопје, 1986; С. Пириватрич, Самуиловата дÍржава, обхват и характер, София, 2000. Б. Петр.