НЕАПОЛ

НЕАПОЛ (Неаполис) – антички град на северниот брег на Егејското Море (сега Кавала, Грција). Бил основан како колонија на островот Тасос за контрола и користење на континенталното ис-точно и западно крајбрежје во околината. Тоа го потврдува и еден островски закон од Ⅳ век пр.н.е., кој им го признава правото на неаполиќаните родени од мајки од Тасос да бидат регистрирани како жители на островот. За одбрана од експанзијата на Филип Ⅱ Македонски Неапол побарал помош од Атина (335 пр.н.е.). По освојувањето од страна на Филип Ⅱ, ја губи својата независност што се потврдува со прекин на монетоковењето. Во римско време е едно од најзначајните пристаништа. Стар град со ова име Херодот спомнува и на полуостровот Палена. На локалитетот Грамаѓе, во атарот на с. Извор, Велешко, на 4 км од селото, на тромеѓето со селата Владиловци и Невеска Крнино, каде што веројатно се наоѓал значаен пајонски град, меѓу другите археолошки наоди, пронајден е и натпис од градот Неаполис, кој сега се чува во Музејот на Македонија. ИЗВ.: А. Боецкх, Цорпус Инсцриптионум Граецарум, Беролини, 1825–1877. ЛИТ.: Е. Петрова, Пајонија во Ⅱ и И милениум пред н.е., Скопје 1999; Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957. К. М.-Р.