МОНЕТАРНИЦАТА ВО СТОБИ. Благодарение на привилегираниот статус на муниципиум и на важната комуникациска и стопанска положба што ја поседувал во римскиот период, Стоби стекнал право да кове сопствени пари, со што станал прва и единствена римска монетарница на територијата на денешна Р. Македонија. Монетарницата, со повремени прекини во работата, била активна околу 150 години (73–217 г.). Таа емитувала бронзени монети во името на 11 императори или Монета на Стоби (аверс/реверс) нивните жени (Веспасијан, Тит, Домитијан, Домитија, Трајан, М. Аврелиј, Фаустина Ⅱ, С. Север, Ј. Домна, Гета и Каракала) и т.н. „псевдоавтономни“ монети, без претстава на владетел. Монетарницата почнала да работи во времето на императорот Веспасијан, а прекинала во времето на Каракала. Таа работела со различен интензитет и со повремени прекини. Во Стоби биле ковани монети во три основни деноминации. Легендите на монетите се пишувани на латински јазик, а на реверсот е испишано името на градот (Муниципиум Стобенсиум). Иконографскиот репертоар на парите опфаќа претстави на разни божества, храмови, животни и сл. ЛИТ.: П. Јосифовски, Римската монетарница во Стоби, Скопје, 2001. П. Ј.