МИХАИЛ

МИХАИЛ ДЕВОЛСКИ (Ⅺ–ⅩⅠⅠ в.) – епископ на Деволската епархија на Охридската архиепископија и хроничар. Во 1118 г. извршил 66 дополнувања кон Хрониката на Јоан Скилица од втората половина на Ⅺ в. што се однесувале на периодот меѓу 976 и 1057 г., за настаните во Самуиловото Царство и за тогашните состојби во Охридската архиепископија. ЛИТ.: Цв. Грозданов, Портрети на светителите од Македонија од Ⅸ-ⅩⅤⅠⅠⅠ век, Скопје, 1983, 146. И. Вел.