МИЗИ

МИЗИ (Моисои, Мѕсои, Моеси) – племе што го населувало Балканскиот Полуостров. Според нив го добила името римската провинција Мизија што ги зафаќала сите земји на реката Дунав од утоката на Сава до Црното Море. Најрано се спомнати кај Хомер. Како етноним исчезнале во И в. пр.н.е. Последен пат се спомнуваат во врска со походите на Лукул (72 г. пр.н.е.) и на Марк Ликиниј Крас (29 г. пр.н.е.), кога станале дел од Римската Империја. Според некои извори, со тоа име се именувало населението на римската провинција Мизија (Трибали, Дарданци, Гети и др). Хеланик ги наведува како соседи на Македонците. ИЗВ.: Хомери Иллиас, ед. Г. Диндорф, Липсиае, 1910; Страбонис Геограпхица, ед. А. Меинеке, И–Ⅲ, Липсиае, 1895–1913. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Средњобалканска племена у предримско доба, Сарајево, 1969. К. М.-Р. Софија Мазова-Хаџиева