МАТКА, МАРКОВ ГРАД (Скопско) – доцноантички кастел и средновековен град. На доминантните карпи над средновековниот манастир „Св. Андреја“ се наоѓаат остатоци од доцноантичка и средновековна тврдина, која ги контролирала теснецот и патот во клисурата на Матка. Таа се состои од триаголна акропола (60 х 40 м), западно и источно подградие, т.н. Бојана, на падината кон „Св. Андреја“. Преку керамички тубули тврдината се снабдувала со вода од изворот Горна Коачица. Во тврдината се наоѓаат темели на неколку објекти, како и темелите на средновековната црква „Св. Недела“. Откриени се монети на Аркадиј (383-408), Јустин И (518527), еден републикански ас и средновековна садова керамика. ЛИТ.: В. Лилчиќ, Матка низ вековите, Скопје, 1995, 32-35, 53-67; В. Лилчиќ, Теснецот Матка, „Македонско наследство“, 3, Скопје, 1997, 46-59. В. Л. Александар Матковски