„МАТКА“ – вештачка акумулација на р. Треска. Се наоѓа 14 км од градот Скопје. Браната е бетонска, прстенесто-лачна, изградена од армиран бетон, со височина од 38 м и височина над теренот од 29,5 м. Круната на браната е на височина од 317,5 м, нејзината должина изнесува 64 м, а широчина 1 м. При нормално ниво должината на заезерениот дел изнесува 7 км, најголемата широчина 120 м и зафаќа површина од 0,25 км . При кота на максималното ниво, зафатнината на езерската 3 вода изнесува 4.000.000 м . Водата се користи за производство на електрична енергија, за наводнување, за риболов и одгледување Вештачката акумулација „Матка“, Скопско ХЕЦ Матка има инсталирана моќ од 3,9 МЊ. Др. В.