МАСАКРОТ во Куманово (сред. на јануари 1945) – извршен од припадници на ОЗН врз 48 осудени лица од Кумановско. Со пресуда на Советот при Кумановското воено подрачје (14. И 1945) на тајна локација биле стрелани лица за кои имало сомневања дека работеле како соработници на окупаторот. Тоа е последното масовно стрелање во ослободена Македонија. Натамошните масовни стрелања биле забранети. ЛИТ.: „Нова Македонија“, 21. И 1945; Ѓорѓи Малковски, Божиќниот масакр на Скопското Кале, „Нова Македонија“, 21. И 1991. Ѓ. Малк.