МАСАКРОТ во Долно Јаболчиште

МАСАКРОТ во Долно Јаболчиште (Велешко, 25. Ⅹ 1942) – извршен од бугарската војска и полиција врз албанското население. По неуспешната акција против НОПО „Димитар Влахов“, војската и полицијата жестоко се пресметале со населението, обвинувајќи го дека го помагало Одредот. Биле тепани и осакатени повеќе лица, а десетина селани, меѓу кои и жени и деца, биле дел искасапени или стрелани, а дел живи фрлени во запалените плевни. ЛИТ.: Велешки партизански одред 1942, Скопје, 1999. Ѓ. Малк.