МАСАКРОТ во Велес (15. И 1945) – извршен од ОЗНА. Без јавно судење, биле стрелани 53 затвореници од велешкиот затвор, лица за кои имало сомневање дека биле озлогласени противници на НОБ. Без заокружена истражна постапка и без јавно судење за до-кажување на нивната вина, биле групно стрелани и масакрирани, а потоа и закопани во заедничка гробница (откриена по педесет години). Најголем масакр врз цивили извршен од ОЗНА во ослободена Македонија. ЛИТ.: Ѓорѓи Малковски, Ликвидации без јавни судења, „Нова Македонија“, 15. И 1995. Ѓ. Малк.