МАСАКРОТ во Бмбоки

МАСАКРОТ во Бмбоки (1949) – злосторнички чин во Граѓанската војна во Грција. Сили на грчката владина армија влегле во с. Б’мбоки (Костурско) и под сомневање дека жителите соработувале со ДАГ, затвориле десет селани (осум жени и двајца мажи) и свирепо ги убиле. ЛИТ.: С. Киселиновски, Грчката колонизација во Егејска Македонија (1913–1940), Скопје, 1981. Ст. Кис.