МАСАКРИ во с Загоричани (Костурско, 1903, 1905, 1949) – ги извршиле османлиската војска и грчките андартски и монархофашистички сили. По Илинденското востание османлиска војска и башибозук го запалиле селото, а населението го масакрирале. Би-Панорама на селото Загоричани ле убени 25 селани, 30 малолетни деца биле изгорени во фурна, а 16 девојки биле силувани и продадени. Поголема трагедија селото доживеало на 27. Ⅲ / 7. Ⅳ 1905. Околу 200 до 300 грчки андарти го запалиле селото, а населението го масакрирале; убиле 60 селани (жени, деца, старци), имало многумина ранети и биле запалени повеќе куќи. Масакрот го организирал костурскиот митрополит Георгиос Каравангелис затоа што еден дел од населението во Загоричани ја прифатило егзархиската црква. Во текот на 1949 г. грчки монархофашистички сили убиле 18 млади загоричанци, меѓу кои 15 биле жени и млади девојки. ИЗВ. и ЛИТ.: А. Трајановски, Андартскиот колеж во Загоричани 1905, Битола-Скопје, 1995; Руски документи за Македонија и македонското прашање 1859–1918. Избор, редакција и коментари А. Трајановски, Скопје, 2004; Г. Чулев, Загоричани, Скопје, 2005. Ал. Тр.