МАРТИН, СМРДЛИВ

МАРТИН, СМРДЛИВ (Пентатома руфипес Л.) – полутврдокрилен копнен инсект. Дрвеница што се одликува со типични петчлени пипала и долга сурличка. Живее по дрвјата, оштетувајќи ги лисјата. Презимува скриена по куќите. Поседува силен одбранбен меха-Инсектот низам – испушта „Смрдлив Мартин“ мирис кој предизвикува гадење. Во Македонија се среќаваат и други видови дрвеници како: капинова дрвеница (Долѕцорис баццарум Л.); пругаста (италијанска) дрвеница (Грапхосома италицум Мулл.); дрвеница убавица (Цалоцорис сеџгуттатус Фабр.). ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. В. Т. К. – М. Кр.