МАРКУС, Александар (Саша) (Скопје, 20. Ⅵ 1926 – Скопје, 8. Ⅸ 1988) – режисер и преведувач. Александар (Саша) Маркус Дипломирал на Високата филм-ска школа во Белград (1951), а потоа работел во „Вардар филм“ (1953–1955). Станал режисер и уметнички раководител на Театарот на народностите во Скопје (1955–1957). Од 1957 г. работи како слободен уметник. Како актер учествува во првата целовечерна пиеса на МНТ „Платон Кречет“. Режии: „Мачорот во чизми“; „Белиот елен“; „Квеј Лон“; „Празна лулка“; „Улични музиканти“; „Ѓаволштините на Скапен“; „Души на земјата“; „Тахир и Зухра“; „Мајка Храброст“; „Убавицата и ѕверот“; „Младоста пред суд“; „Банална тема“; „Васа Железнова“ и др. Р. Ст.