МАРГАРИТ

МАРГАРИТ (Ⅶ в.) – титуларен епископ на Стоби во втората половина на Ⅶ в. Учествувал на Трулскиот црковен собор, одржан во Цариград (692). Титуларен, би-дејќи не е потврдено постоењето на неговата епископија во Стоби во втората половина на Ⅶ в. ЛИТ.: Р. Братош, Ранохристијанската црква во Македонија и нејзиниот однос спрема Рим, Трета програма на Радио Скопје, бр. 44 1990. К. Аџ.