МАНЧЕВ, Харалампие Захариев (Кочани, 3. Ⅱ 1898 – Скопје, 14. И 1974) – специјалист педијатар, меѓу првите во Македонија. Основоположник и прв директор на Клиниката за детски болести при Мед. ф. во Скопје. Еден од првите 19 наставници и шеф на Катедрата по педијатрија и основоположник и претседател (1946–1948) на Здружението на педијатрите на Македонија. Со проф. Б. Спиров е еден од основачите и претседател (1954–1955) на МЛД и прв редактор на сп. ММП. Има особени заслуги во борбата против маларијата и откривањето и лекувањето на калаазар во РМ. Бр. Н.