МАНЧЕВ, Томе

МАНЧЕВ, Томе (Гевгелија, 25. Ⅳ 1950) – композитор. Дипломира (1979) на Одделот по композиција Томе Манчев на Факултетот за музичка уметност во Скопје (проф. Вл. Николовски). Престојува (1977) на Семинарот по композиција во Грожњан (Хрватска) што го води В. Лутославски. Меѓу многуте млади композитори единствено М. и неговото дело побудиле внимание кај Лутославски. Потоа престојува во Прага на студиско усовршување (1980/81), а подоцна магистрира во класите на професорите Ј. Дворжачек и Ј. Церемуга. Во Софија, кај проф. Д. Сагаев, М. се стекнува (1999) со највисокиот степен – доктор на музички науки, со дисертацијата под наслов „Движењето – суштински елемент кај симфониското творештво“ (објавена во Скопје, 2001). Тој е редовен професор на ФМУ во Скопје. Неговиот опус вклучува дела од речиси сите музички родови. Меѓу позначајните творби се: „Земја од камен и сонце“, за мешан хор (1974), „Санаториумска балада“, за вокал и пијано (1975), Соната ламентозо, за виолина и пијано (1988), „Паганофонија“, за баритон и симфониски оркестар (1988), „Интрада и капричо“, за сопран, кларинет, виолина, виолончело и пијано (1999), „Песна и танец“, за гудачки оркестар (2000), „Егзодус 2001“, за симфониски оркестар (2001) и др. Б. Орт. Харалампие Захариев Манчев