МАНУИЛ

МАНУИЛ (Ⅺ в.) – тивериополски епископ (крајот на Ⅺ в.). Како монах го подигнал храмот на манастирот „Св. Богородица Елеуса“ во с. Велјуса, Струмичко, што е посведочено со зачуваниот натпис над западната врата на нартексот на првобитната црква (1080). Архитектурата на Мануиловото завештание и стилско-ликовните особености на фреските укажуваат на негова припадност на Охридската школа. ЛИТ.: П. Миљковиќ-Пепек, Велјуса. Манастир Св. Богородица Милостива во селото Велјуса кај Струмица, Скопје, 1981. Б. Петр. Лефтер Методиев Манче