МАНОЛЕВ, Миле Илиев

МАНОЛЕВ, Миле Илиев (Стру-мица, 9. Ⅹ 1948) – бригаден гене-Миле Манолев рал на АРМ. Основно и средно училиште завршил во Струмица. Воздухопловна воена академија на ЈНА завршил во Белград и во Мостар. Бил пилот на ловечка авијација и командир на авијациско одделение. Командноштабна школа завршил во Белград. Ја вршел должноста командант на ВВО и ПВО, помошник на НГШ за ВВ и ПВО на ГШ на АРМ. Бил унапреден во бригаден генерал (18. Ⅷ 1997), а подоцна пензиониран (8. Ⅺ 1999). В. Ст.