МАЛЦИНСТВА

МАЛЦИНСТВА (ЗАЕДНИЦИ) ВО РМ – групи што се малобројни во однос на остатокот од населението на РМ, чии припадници имаат етнички, религиозни, јазични и расни обележја по кои се разликуваат од мнозинството и негуваат чувство на солидарност насочено кон зачувување на својата култура, традиција, јазик и вера. Уставот на РМ (1991) како синоним за поимот „малцинство“ го употребуваше поимот „националност“. Поимот „заедница“ во РМ, официјално, првпат се употребува во Рамковниот договор (2001) и во амандманите на Уставот од 1991 г. (16. Ⅺ 2001). Врз нивна основа и сите правни акти усвоени потоа за означување на поимот „малцинство“ го употребуваат Трајко Петровски: Ромите во Македонија (2002) поимот „заедница“, не во смисла јазична или културна, туку етничка заедница како клучен концепт за трансформирање на мултиетничкото општество во мултиетничка држава. Амандманот Ⅳ на Уставот како малцинства/заедници ги определува „граѓаните што живеат во границите на РМ, кои се дел од албанскиот, турскиот, влашкиот, српскиот, ромскиот, бошњачкиот и другите народи“. Така се означени и графите за етничка припадност на пописот од 2002 г., според кои од вкупно 2.022.547 граѓани на РМ, 1.297.981 се изјаснуваат како Македонци, 509.083 како Албанци, 77.959 Турци, 53.879 Роми, 35.939 Срби, 17.018 Бошњаци, 9.695 Власи и 20.993 како други; или 1.310.184 православни, 674.015 муслимани, 7.008 католици, 520 протестанти и 30.820 други, односно, 1.344.815 граѓани со мајчин јазик македонски, 507.989 албански, 71.757 турски, 38.528 ромски, 24.773 српски, 8.560 бошњачки 6.884 влашки и 19.241 други јазици. ИЗВ.: „Службен весник на РМ, бр. 52/91; „Службен весник на РМ“, бр. 91/01; Попис 2002. Т. Петр. Јанаки Манаки