КУТМИЧЕВИЦА – област каде што, според Пространото жи-тие на св. Климент (гл. 17) св. Климент ја започнал во Македонија (886) својата просветителска дејност, а кога бил ракоположен за прв слов. еп. (893) на негово место дошол св. Наум. Називот К. е познат само од ова место на грч. житие од Теофилакт (напишано врз основа на слов. предлошка), а документирано од 9 ракописи (6 од кои во фрагменти). Во ракописите на ова грч. житие, каде што е зачувана 17 гл., името К. се предава различно Коутмитзинитзан/-с (Моск.-Охр.), Коутмитзинас (Ва-топ.) и др., што покажува дека тоа било оштетено (погрешно прочитано од глаг. ракопис) уште во автографот. Поради тоа од него не може да се определи точно каде се наоѓала областа и бара нови ономастички истражувања. Од контекстот и од другите спомнати имиња во гл. 17 сепак може приближно да се одредат нејзините граници со главно седиште гр. Девол во горниот тек на р. Девол (кај денешна Корча), каде што кнез Борис му дал на Климента три куќи и (за почивка) една крај Охрид и една во Главиница, веројатно некаде во Јужна Албанија. ЛИТ.: Н. Л. Туницкии, Св. Климент, епископ словенскиј. Его жизнъ и просветителÏская деятелÏностъ, Сергиев Посад 1913, 151–190; Ив. Снегаров, Българският първоучител Климент Охридски, „ГСУБФ”, 4 1926–7, 219–334; А. Милев, Гръцките жития на Климент Охридски, С., 1966, 124–125, 156; Кр. Станчев – Г. Попов, Климент Охридски. Живот и творчество, С., 1988, 17–18, 38–41; П. Хр. Илиевски, Појава и развој на писмото, Ск., 2006, 305–315. П. Хр. Ил.