КАПИШТЕЦ

КАПИШТЕЦ (Долно Водно, Скопје) – во претхристијанскиот историски период идолско место за поклонение, христијанско свето место, со култни извори, викани „капишти”, со манастир „Свети Јован Крстител”, изграден во 1985 г. (на местото на старата црква од 1937 г.) и капела „Покров на Пресвета Богородица”.ЛИТ.: Ацо Александар Гиревски, Манастир Свети Јован Крстител, Скопје, 1992; ш. Кулишиќ, П. Ж. Петровиќ, Н. Пантелиќ, Српски митолошки речник, Белград, 1970, 164. А. Г.