СВЕТИЛИШТА ВО МАКЕДОНИЈА

СВЕТИЛИШТА ВО МАКЕДОНИЈА – свети места – цркви и манастири со развиен култ и посета од поклоници христијани. Во Македонија има многу стара традиција, најизразена на празниците на кои им се посветени светилиштата. Тогаш верниците од цела Македонија доаѓаат во светите места, носејќи дарови, преспиваат во тој свет амбиент и се поклонуваат на светите центри. Најбројно се посетени духовните центри: „Св. Наум Охридски“ во Охрид и „Св. Климент Охридски“ на Плаошник во Охрид, „Св. Еразмо Охридски“, „Св. Богородица“ во Калишта, „Св. Јован Бигорски“, „Св. Атанасиј“ во Лешок, „Св. Богородица“ на Матка, „Св. Јован“ во Капиштец, „Св. Илија“ во Мирковци, „Св. Ѓорѓи“ во Делјадровци, „Св. Гаврил Лесновски“, „Св. Петнаесет тивериополски маченици“ во Струмица, „Св. Пантелејмон“ на Голак, „Св. Богородица“ во Берово, „Св. Јоаким Осоговски“. Рат. Гр. Црквата „Св. Петнаесет Маченици“, Струмица (Ⅸ- Ⅹ в.) СВЕТИТЕ ПЕТНАЕСЕТ ТИВЕРИОПОЛСКИ МАЧЕНИЦИ