ИСА-бег

ИСА-бег (втора половина на ⅩⅣ в. – Сараево, БиХ, меѓу 1469– 1475) – османлиски војсководец, управител на Скопје (1414–1444) и истакнат ктитор на верски и други јавни објекти. Бил син на Исхак-бег и внук на Јигит-паша (освојувачот на Скопје и прв командант на Скопското краиште). На должноста трет краишки војвода, го заменил својот татко. Се прославил како османлиски освојувач на Смедерево (Србија) и во воените походи во Босна. Бил ктитор на Иса-беговата џамија (1433), Иса-беговата медреса со богата библиотека (1455), блиското теќе и други објекти во Скопје, Сараево, Нови Пазар и на други места. Зачувано е неговото скопско вакафнаме (1469), кога последен пат се споменува. ЛИТ.: Глиша Елезовий, Турски споменици у Скопљу, „Гласник Скопског научног друштва”, И, 1, Скопље, 1925, 167&176 и И, 2, 1926, 397-453; Мехмед Мујезиновиќ, Исламска епиграфика у Босни и Херцеговини, кнјига И, Сарајево, 1974, 24. сл. 25; Драги Ѓорѓиев, Скопје од турското освојување до крајот на ⅩⅤⅠⅠ век, Скопје, 1997, 98-99; Лидија Кумбараџи-Богоевиќ, Османлиски споменици во Скопје, Скопје, 1998, 48-55. С. Мл.