ДУПКА

ДУПКА (Ташламанци) – некропола од доцнохеленистичко и римско време на три километри западно од Кратово. На десниот брег од Кратовска Река со регионалниот пат Кратово–Скопје е разнесен дел од некрополата. Сочуван е еден доцнохеленистички гроб исечен во карпа, ретка појава во Источна Македонија и претставува доказ за присуството на овој тип на погребување во Источна Пајонија, вообичаен во Античка Македонија. Покрај наодите од доцниот Ⅱ в. пр.н.е., откриено е погребување и од Ⅲ в. н.е. ЛИТ.: В. Битракова–Грозданова, Лате Хелленистиц Граве Ваулт, „Археолоšки преглед”, 1987, Лјублјана, 1989, 81–82. В. Б. -Гр.