ГРАМАТИКИ ВО МАКЕДОНИЈА. Обиди и реализации за пишување и објавување прирачници, учебници и граматики на македонски јазик имало уште во ⅩⅠⅩ в. Во 50-тите години на ⅩⅠⅩ в. македонска граматика најавил П. Зографски. Во тој период и Д. Миладинов се заложил да го направи тоа и така му рекол на Виктор Григорович. Филологот Е. Каранов (кој инистирал Бугарите да ги печатат неговите прецизни записи од Кратовско на негов графиски систем) исто така укажувал на потребата за посебна македонска граматика. В. Мачуковски објавил оглас во цариградскиот бугарски весник „Право” (1872), каде што бара да му се помогне за печатење на неговата граматика, а на тоа, во истиот весник (од 30.Ⅹ 1872) П. Иванов му одговорил: „…Доколку господин Мачуковски сака да состави сосема нова граматика за Македонците, тој се лаже. Јас реков дека македонското Граматика на македонскиот литературен јазик од Блаже Конески наречје е расипан бугарски, паднал под туѓо влијание на јазиците што го окружуваат, а за да се поправи не треба да се составува нова граматика, туку да се сведе на правилата на сегашната граматика”. Во 1880 година излегла од печат „Слогница речовска” на Ѓорѓија Пулевски, којашто претставува прва публикувана граматика на македонскиот јазик. Во неа најголемо внимание се посветува на азбуката. Пулевски се обидел да создаде основни норми на македонскиот литературен јазик, комбинирајќи го западномакедонското наречје со словенската писмена традиција во Македонија, притоа создавајќи мошне интересна терминологија. Обид за печатење „Македонски буквар” направиле и Коста Групче и Наум Евро (1888), но тој останал во ракопис. За потребата од македонска граматика проговориле и „лозарите” во сп. „Лоза” (1892). Крсте Мисирков ја објавил книгата „За македонцките работи” (Софија, 1903), каде што во статијата „Неколку зборои за македонцкииот литературен иазик” прецизно ја дава насоката како да се изгради современиот македонски литературен јазик. Првата училишна „Македонска граматика” ја објавил Круме Кепески (Скопје, 24. Ⅰ 1946) и таа доживеала повеќе изданија. Најобемната научна граматика излезе „Граѓански”, фудбалски клуб од Скопје (1938) од перото на македонскиот лингФаксимил од „Тријазичникот” од Ѓ. Пулевски (1875) вист Блаже Конески („Граматика на македонскиот литературен јазик”, И, Скопје, 1952; Ⅱ, Скопје, 1953). Таа доживеа неколку изданија и претставува основа за сите научни истражувања на македонскиот јазик. За практична примена во издание на „Просветно дело” излезе од печат учебникот за средно образование од група ав-тори: Лилјана Минова-Ѓуркова (редактор), Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Живко Цветковски („Македонски јазик за средно образование”, Скопје, 1997). Овој Првата македонска граматика од Круме Кепески (1946) учебник послужи како основа за подоцнежните граматики за основното и за средното образование. Посебен интерес побудуваат граматиките на македонскиот јазик напишани на други јазици. Хорас Лант објави граматика за македонскиот јазик на англиски (“А Граммар оф тхе Мацедониан Литерарѕ Лангуаге”, Скопје, 1952). Таа е значајна и поради тоа што е објавена пред граматиката на Блаже Конески и одигра клучна улога Хорас Лант, А Граммар оф тхе Мацедониан Литерарѕ Лангуаге (Скопје, 1952) во формирањето на некои суштински прашања поврзани со современиот македонски јазик. Волф Ошлис (заедно со В. Боиќ) е првиот автор што објави учебник по македонски јазик на германски, кој се отпечати надвор од границите на Република Македонија(“Лехрбуцх дер мазедонисцхен Спрацхе”, Мüнцхен, 1984), второто издание на овој учебник излезе со мала измена во насловот (“Лехрбуцх дер македонисцхен Спрацхе”, Мüнцхен, 1986). В. Ошлис објави и самостојно издание под истиот наслов (“Лехрбуцх дер македонисцхен Спрацхе”, Мüнцхен, 2007). Рина П. Усикова ја објави првата граматика за македонскиот јазик на руски („Грамматика македонского литературного ®зìка”, Москва, 2003). ЛИТ.: Блаже Конески, Граматика на македонскиот литературен јазик, Скопје, 1952; истиот, Историја на македонскиот јазик, Скопје, 1965; Блаже Ристовски, Лозарите во развитокот на македонската национална мисла, Скопје, 1968; истиот, Ѓорѓија М. Пулевски и неговите книшки „Самовила Македонска” и „Македонска песнарка”, Скопје, 1973; истиот, Димитрија Чуповски (1878-1940) и Македонското научно-литературно другарство во Петроград. Прилози кон проучувањето на македонско-руските врски и развитокот на македонската национална мисла, И, Скопје, 1978; истиот, Портрети и процеси од македонската литературна и национална историја. Прилози за македонскиот културнонационален развиток, 1, Скопје, 1989; истиот (Избор, редакција и забелешки), Ѓорѓија М. Пулевски, Одбрани страници. Скопје 1974; истиот, Крсте Мисирков. Нови истражувања и сознанија, Скопје, 2000; истиот (соработник: Билјана Јосифовска-Ристовска), Ѓорѓија Пулевски, Славјанско-маќедонска општа историја, Скопје, 2003; Трајко Стаматовски, Страници од историјата на нашиот јазик, „Нова Македонија”, 3432, XI, 4.Ⅻ Скопје, 1955, 5; истиот, Македонски буквари во осумдесеттите години на деветнаесеттиот век, во: Борба за македонски литературен јазик, Скопје, 1986, стр. 103116; истиот, Македонскиот јазичен идентитет, Скопје, 2004. Г. Цв.