БУКЕФАЛ

БУКЕФАЛ – легендарниот коњ на Александар Македонски со кој големиот војсководец ги извојувал сите победи. Единствено Александар, уште дете, успеал да го скроти дивиот коњ (Плутарх) и го нарекува Букефал. По победата над индискиот владетел Пор (326 г. од ст.е.) Александар во чест на својот славен коњ гради на р. Хидасп град Букефала. ЛИТ.: Плутарцх, Алеџандер, Харвард Университѕ Пресс, 1959. А. шук.