БУГАРСКАТА ПЛИТИКА СПРЕМА МАКЕДОНИЈА

БУГАРСКАТА ПЛИТИКА СПРЕМА МАКЕДОНИЈА.Бугарската држава на Балканот била создадена на територијата меѓу Дунав и Стара Планина (681), со престолнина во Плиска. Во Ⅶ и во првите децении на IX в. се проширила и се консолидирала на просторот на југ до под Стара Планина, на запад до Сердика (Софија), на исток до Црно Море. Во времето на владеењето на ха-нот Пресијан (836–852) биле освоени гранични области од Македонија. За владеењето на Борис Ⅰ (852-889) Бугарија ги продолжила освојувањата во Македонија. Бугарите ја прифатиле христијанската вера (864/865), а во 870 г. бугарската црква била призната од Византија. При владеењето на Симеон (893–927), кој се прогласил за цар (917), се зацврстила бугарската власт во Македонија. Во 969 г. во Македонија било кренато востание за отфрлање на бугарската власт. Во 971 г. Византија го ликвидирала Бугарското Царство и воспоставила своја власт. Во 976 г. западниот и северозападниот дел од Бугарија потпаднал под власта на македонската држава на царот Самуил, а по нејзиното про-паѓање (почеток на XI в.) Византија ги завладеала и тие бугарски области. На крајот на Ⅻ в. било обновено Бугарското Царство и се одржало до крајот на ⅩⅣ в., кога Бугарија потпаднала под власта на османлиската држава, а Бугарската црква била укината. Во 1870 г. Русија издејствувала создавање на Бугарската егзархија, со седиште во Цариград (со 16 епархии, 13 бугарски, две српски и една македонска – Велешката епархија), легална институција која спроведувала бугарска културнонационална пропаганда во Македонија. Бугарското Кнежевство, создадено во 1878 г., усвоило големодржавна политика ориентирана кон завладување на Македонија. Бугарија стапила во сојуз со Србија, Грција и Црна Гора (1912) за војна против Османлиското Царство. По победата во Првата балканска војна, незадоволна од поделбата на Македонија, Бугарија започна војна со сојузниците (1913). Поразена во Втората балканска војна, таа ги загубила освоените територии. Со Букурешкиот договор (10. Ⅷ 1913) $ бил оставен најмалиот (Пиринскиот) дел од Македонија. Бугарија влегла во Првата светска војна на страната на Централните сили Карта на Република Бугарија (1915) и го окупирала Вардарскиот дел од Македонија. По поразот во Војната, со Версајскиот мировен договор (1919) Струмичко $ било одземено и доделено на Србија, односно на Кралството СХС. Во 1941 г. Бугарија влегла во Втората светска војна на страната на фашистичките сили и окупирала поголем дел од Македонија. Националноослободителната борба во Македонија заврши со создавање национална држава, членка на Југословенската Федерација. Во Бугарија бил извршен државен преврат (9. IX 1944). Комунистичкото државно раководство ја признало македонската држава (нација и јазик) и декларирало согласност за присоединување на Пиринскиот дел со македонската држава во рамките на проектираната Јужнословенска Федерација. Привремено, по Бледскиот договор (1947) се прогласува културна автономија во Пиринско. По Резолуцијата на ИБ (1948) Бугарија ретерира, се враќа на политиката на непризнавање на македонската нација и на македонскиот јазик. Падот на комунистичкото раководство и воспоставувањето парламентарен систем (1989) не донесува промена на позицијата кон македонскиот народ, нација и јазик. Во 1991 г. Република Македонија прогласи државна независност. Бугарија прва ја призна државната независност на Република Македонија (15. Ⅰ 1992), а потоа воспостави дипломатски односи (20. Ⅻ 1993). Бугарија ја реализира стратегиската определба: стана членка на НАТО, а од 1. Ⅰ 2007 г. е со полноправно членство во ЕУ. Меѓудржавните односи со Република Македонија остануваат оптоварени со непризнавањето на македонското национално малцинство. ЛИТ.: Българската държава през вековете, 1, София, 1999; История на Бъгарите в документи 1978–1912 и 1912–1918, 1–2, София, 1996; Външната политика на Бъгария, 1–3, София, 1978 и 1995; Новица Велјановски, Македонија во југословенско-бугарските односи 1944–1953, Скопје, 1998; Васил Јотевски, Македонците во Пиринскиот дел од Македонија 19491989, Скопје, 2004; Иван Катарџиев, Македонија и нејзините соседи, Скопје, 1998. М. Мин.