БОРБАТА ВО с ДРЕНАК, КУМАНОВСКО . (10. Ⅻ 1943) – борба помеѓу Првиот кумановски НО баталјон „Јордан Николов-Орце”, Вардарскиот четнички корпус и бугарската полиција. Утврдениот баталјон во селото, под командата на Христијан Тородовски-Карпош, во својот состав имал 152 борци, 16 без оружје, од кои воен рок имале служено само 64 борци. Нивното вооружување се состоело од 3 пушкомитралези, 2 машингевера, 1 машинска пушка, 47 пушки „Маузер”, 72 различни пушки (берданки, француски, италијански и др.), 47 офанзивни и дефанзивни бомби и оскуден број муниција (по 350 патрони за пушкомитралезите, 20–30 за машинските пушки и по 5–10 патрони за останатите). Четничките сили извршиле кружен напад со 500–600 четници на Жеглиговската, Прешевската, Кривопаланечката бригада и Ристовачката бригада со 20 пушкомитралези („шарец” и „Брно-збројевка”), околу 20 автомати и друго формациско вооружување, со доволно количество муниција. Околу 40 бугарски полицајци, настапувајќи од кај с. Ранковце, извршиле напад на четничката Кривопаланечка бригада. Тоа била пресвртна борба, по која четничките сили започнале да го губат политичкото влијание во Козјачијата. Борбите траеле од 10 до 16,30 и од 19 до 21 часот, по што сите завојувани страни се повлекле. Баталјонот имал 7 загинати и 6 ранети борци, четниците 20 загинати и 30 ранети, а бугарската полиција – без загуби. донија на Македонците“ и пома-Борци од баталјонот „Јордан Николов-Орце” ИЗВ.: ДАРМ, ф. НОБ, к. 18, арх. бр. 520 и к. 28, арх. бр. 1251; Куманово и Кумановско во НОВ 1941-1945. Документи. Извор и редакција Васил Јотевски, д-р Симо Младеновски, Ѓорѓи Чакарјаневски и Тодор Чепреганов, Куманово, 1988, 271, 272, 279–280, 283, 284, 311, 335–336, 346, 349, 409, 543, 663. ЛИТ.: Јордан Цеков-Дане, Кумановско во НОВ 1941–1945. (Прилози за историјата на Куманово и Кумановско во НОВ 1941– 1945), Куманово, 1989, 195–205. С. Мл. БОРБАТА ЗА МЕХОМИЈА