БОГОВИЊЕ

БОГОВИЊЕ – село во Тетовско. Се наоѓа на преминот на шар Планина во Полошката Котлина, на надморска височина од околу 550 м. Со регионален пат е поврзано со Тетово. Има 6.328 ж. сите од албанското малцинство. Тоа е седиште на општина, која зафаќа површина од 14.555 ха, има 14 населени места со 28.997 ж. Во селото постои осумгодишно училиште и здравствена станица. Ал. Ст.