АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА

Карта на Античка Македонија до смртта на Филип Ⅱ (336 г. пр.н.е.)

АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА.

Според географско-етничките и историските карактеристики, Античка Македонија  го опфаќала североисточниот дел на Балканскиот Полуостров. Античките автори ја опишуваат како планинска земја, со голем број реки, богати полиња, шу-ми и езера и со рудни богатства. Етничката и јазичната граница помеѓу македонската и хеленската територија на југ е: планината Олимп, реката Пенеј

Стела на македонски војник, Исар Марвинци (Ⅱ в. пр.н.е.)

(Пенеиос, Пенча) и брегот на Егејското Море; на југозапад границата се движи до планината Пинд (Пиндос); западната граница продолжува по планините од шарпланинскиот масив (Јабланица, Кораб, Дешат) сè до планината Скард (ден. шар Планина); северната граница се спушта по падините на планината Јакупица, поминува помеѓу денешните градови Скопје и Велес и по реката Пчиња излегува на Осоговските Планини, сè до планината Рила; на исток граничната линија започнува од Пирин Планина до утоката на реката Нестос (ден. Места) во Егејското Море.

Македонски штит, с. Бонче

Античките автори Приморска Македонија ја нарекуваат – Долна Македонија, а внатрешниот планински дел – Горна Македонија. Долна Македонија го опфаќа централниот дел на Македонија и се простира меѓу реките Халиакмон (Бистрица), Аксиј (Вардар) и долните текови на Стримон (Струма) и Нестос (Места), со областите: Пиерија, Ботиаја, Алмопија, Амфакситида, Мигдонија, Анатемунт, Ботика, Крусида, Бисалтија, Крестонија, Пиерида, Едонида и Еордаја. Горна Македонија ги опфаќа областите: Тимфаја, Параваја, Елимеја, Дасаретида, Орестида, Линкестида, Пелагонија, Дериоп, Пајонија, Парорбелија, Синтика и Одомантика. Од владеењето на првата македонска династија Аргеади (Аргеас е епонимниот херој на Македон) во Ⅷ в. пр.н.е. започнува ширењето на државната територија, која ги обединува сите етноси (палеобалкански популации со индо-европско потекло) што живееле на територијата на

Карта на Античка Македонија до смртта на Филип Ⅱ (336 г. пр.н.е.)

Античка Македонија во времето на Александар Ⅲ Македонски: Бриги, Пајонци, Пелагонци, Линкести, Енгелани, Дасарети, Орести, Еордаи, Елимеи, Ботиајци, Пиеријци, Алмопи, Мигдонци, Крестонци, Бисалти, Еордајци, Едони и др. помали етноси. За Македонија карактеристични се: македонската басилеја, монархиското уредување со наследен владетел и државни институции што владеат според „македонски закони“, македонски обичаи, обреди, со македонски божества, митови, култови и посебен македонски јазик. Имињата на македонските кралеви од династијата Аргеади се: Пердика I, Аргај, Филип, Аероп Ⅰ, Алкета, Аминта Ⅰ,  Александар I, Пердика Ⅱ, Архелај I, Орест, Аероп Ⅱ, Аминта Ⅱ, Паусаниј, Аминта Ⅲ, Александар Ⅱ, Птолемај Алорски, Пердика Ⅲ, Филип Ⅱ, Александар Ⅲ, Филип Ⅲ, Александар Ⅳ. Првата кралска престолнина била Ајга (Вергина), втората престолнина е Пела, која со големите градежни зафати во времето на Филип Ⅱ (359–336) станува метропола на Балканот. Македонската држава постигнува најголем политички, воен и економски подем во времето на Филип Ⅱ, а екуменско значење (според својата големина и моќ) во времето на Александар Ⅲ Македонски (336–332).

Македонија во времето на Александар Македонски

По неговата смрт сè до римските освојувања (334–168 г. пр. н.е.) Македонија ја владеат дијадосите и епигоните: Антипатар, Касандар, Филип Ⅳ, Александар Ⅴ (т. н. Антипатриди), Деметриј I, Пир, Лизимах, Птолемај; по 277 г. пр.н.е. следи последната македонска династија Антигониди: Антигон I Гонат, Деметриј Ⅱ, Антигон Досон, Филип Ⅴ и Персеј. По паѓањето под римска власт (146 г. пр.н.е.) Македонија станува римска провинција. Македонците како дел од Римската Империја создаваат ново општество: римските провинции ги управуваат римски управници; новите градови добиваат римски војнички карактер (Скупи), а животот на населението се формира според римскиот правен систем; се трасираат нови комуникации, се менува етнографијата, се романизира автохтоното население; со присуството на римските војски, но и со честите навлегувања на нови народи (Готи, Хуни, Авари и Словени) се менува етничкиот состав. Словенскиот етнос како најдоминантен навлегува во етногенезата на Македонците, ги наметнува словенскиот јазик и културата, а христијанството што се проповеда уште од самиот почеток (во I в. н.е. Апостол Павле во Македонија има христијанска мисија), во Ⅳ в. пр. н.е. станува главен белег на Македонците, препознатлив преку многубројните христијански базилики. ЛИТ: Херодотус, 4 Волс., Харвард Универитѕ Пресс, 1960; Тхоуцѕдидес, 4 Волс., Харвард Университѕ Пресс, 1958; Јустин, Филиповата историја, прев. Љ. Басотова, Скопје, 2000; Аријан, Александровата анабаса, прев. М. Бузалкова, Скопје, 2000; Скопје, 1998; Хаммонд, Тхе Мацедонин Стате, Оџфорд, 1989; Е. Петрова, Бригите, Скопје, 1996; Н. Проева, Студии за античките Македонци, Скопје, 1997; Историја на македонскиот народ, И, Скопје, 2000; Ф. Папазоглу, Историја на Хеленистичкиот период, Скопје, 1995; М. Бошкоски, Имињата на Македонија и Македонците, Скопје, 2003; А. шукарова, Филип Ⅱ Македонски и атинските ретори, Скопје, 2003. А. шук.