ШУКОВ, Јован (с. Љумница, Егејскиот дел на Македонија, 21. Ⅲ 1940) – унив. професор. Завршил Висока школа за физичко воспитание во Белград (1964). Магистрирал на Медицинскиот факултет во Скопје (1976) на темата „Деформитети на ’рбетот како последица од дејството на надворешни услови во возраста од 8 до 12 години“. Докторирал на Факултетот за физичка култура… Continue reading ШУКОВ, Јован
Tag: Ш
ШУКРИ, Рамадан
ШУКРИ, Рамадан (Ресен, 14. Ⅶ 1948) – контрабасист и диригент. Своето музичко образование го оформува во Битола и во Скопје. Водач на групата контрабаси во Рамадан шукри оркестарот на Македонската опера и балет. Работејќи со повеќе мандолински оркестри на основните училишта во Скопје, постигнува значајни резултати, а по негова иницијатива (1981) е основан Мандолинскиот оркестар… Continue reading ШУКРИ, Рамадан
ШУЛАЈКОВСКИ, Марко
ШУЛАЈКОВСКИ, Марко (Дебар, 31. Ⅲ 1921 – Белград, 29. Ⅺ 1989) – учесник во НОБ. Завршил средно образование во Скопје и потоа се вратил во Дебар, каде што станал член на КПЈ (1941). Бил провален, уапсен и спроведен во затворот во Тирана (1942– 1943). По излегувањето од затворот бил борец во Втората албанска бригада. Во… Continue reading ШУЛАЈКОВСКИ, Марко
ШУЛЕВСКИ, Тони
ШУЛЕВСКИ, Тони (Скопје, 30. ⅩⅠⅠ 1932 – Скопје, 19. И 1997) – балетски играч. Завршува Средно балетско училиште во Скопје (Н. Кирсанова). Игра во Балетскиот ансамбл на МНТ (1949–1980), каизразена музикалност, буен темперамент и драмска надареност. УЛОГ: шумар (А. Адам, „Жизел“), Везир (А. Меликов, „Легенда за љубовта“), Абдурахман (А. Глазунов, „Рајмонда“) и др. Ем. Џ.
ШУМА
ШУМА – растителна формација, која на земјата формира шумска покривка во појас што приближно се протега од 500 јужна до 700 северна географска ширина и во кој шумата се појавува во различни форми и големини. Постојат повеќе дефиниции за шумата од економски, од правно-законодавен и од биолошки аспект. С“ повеќе се прифаќа биолошката дефиниција, според… Continue reading ШУМА
ШУМАРСКА БИБИОТЕКА
ШУМАРСКА БИБИОТЕКА. При раздвојувањето на шумарскиот и Земјоделскиот факултет (1975) беше поделен и книжниот фонд. Од тој заеднички фонд се формира библиотека на шумарскиот факултет, чија основна дејност беше набавката и обработката на претежно стручната литература, опслужување на наставнонаучниот кадар, студентите и на сите други што имаат потреба од неа. Посебна улога во збогатувањето на… Continue reading ШУМАРСКА БИБИОТЕКА
ШУМАРСКИ ИНСТИТУТ
ШУМАРСКИ ИНСТИТУТ – една од најстарите научни институции во нашата земја, формирана од АСНОМ (1944) на слободната територија во с. Горно Врановци. За прв директор бил назначен акад. инж. Ханс Ем. Првин работи како установа во рамките на Министерството за земјоделство и шумарство (1944–1949), а потоа како самостојна установа (1949–1975). Основната дејност на Институтот е… Continue reading ШУМАРСКИ ИНСТИТУТ
ШУМАРСКИ ПРЕГЛЕД
„ШУМАРСКИ ПРЕГЛЕД“ – орган на Сојузот на инженерите и техничарите по шумарство и индустрија за преработка на дрво во СР Македонија. Списанието почнува да излегува како двомесечник (1960), а од 1985 г. како полугодишник. Во него се печатат трудови за целокупната проблематика на македонското шумарство, соопштенија, информации и др. Престана да излегува во 1991 г.… Continue reading ШУМАРСКИ ПРЕГЛЕД
ШУМАРСКИ ФАКУЛТЕТ
ШУМАРСКИ ФАКУЛТЕТ – единствена, високообразовна и научноистражувачка институција од областа на шумарството и дрвната индустрија во РМ, во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Формиран е во 1947 и до 1975 г. функционира како оддел на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје. Од 1975 г. се издвои како посебен шумарски факултет, а од 1976… Continue reading ШУМАРСКИ ФАКУЛТЕТ
ШУМАРСТВО
ШУМАРСТВО. шумите во РМ зафаќаат повеќе од една третина од вкупната територија. Но шу-мите се уништувале уште од поранешните историски периоди. Главни начини за уништување или за нерационално користење биле: сечењето, за да се добијат обработливи површини, особено кога Македонија била во Османлиската Империја, добивање пасишта за напасување на бројниот добиток, козарството (чување на неблагородни… Continue reading ШУМАРСТВО
ШУМКА, Диме
ШУМКА, Диме (Цер, Кичевско, 11. Ⅲ 1921 – Скопје, 20. Ⅹ 1999) – филмски сценограф. Во „Вардар филм“ започнува да работи на првиот игран филм „Фросина“ (1952) како изведувач. Веќе во „Волча ноќ“ (1955) и по него работи самостојно како сценограф. Има реализирано 18 филма, од кои четири се кратки играни и осум играни. В.… Continue reading ШУМКА, Диме
ШУМКОВСКИ, Јован
ШУМКОВСКИ, Јован (Скопје, 18. И 1962) – сликар, професор на Факултетот за ликовни уметности, значаен за промените во македонската уметност во постмодер-Јован шумковски за ликовни уметности во Скопје. Самостојно излагал во Скопје, Белград, Брисел, Њујорк, Стокхолм. Учествувал на биеналето во Сао Паоло (1994) и во Венеција (2001). Во сликите, објектите и инсталациите го практикува методот… Continue reading ШУМКОВСКИ, Јован
ШУМСКА ПРОСТИРКА
ШУМСКА ПРОСТИРКА – органска материја што се создава во шумските екосистеми со годишниот опад и претставува мртва органска материја на поранешни функционални органи на шумската вегетација. Со годишниот опад се враќаат големи количини минерални материи во почвата и повторно се користат во процесите на кружењето. Опадот се акумулира на површината на почвата и формира континуиран… Continue reading ШУМСКА ПРОСТИРКА
ШУМСКА ХИДРОЛОГИЈА И ХИДРАУЛИКА
ШУМСКА ХИДРОЛОГИЈА И ХИДРАУЛИКА – дел од хидрологијата што ја изучува врската помеѓу вегетацијата и шумата, од една страна, и хидролошките процеси, од друга. Темелите на шумската експериментална хидрологија ги поставил швајцарецот Енглер (1890), со што оваа научна дисциплина се издвои од општата хидрологија. Резултатите од про-учувањата на одделните елементи (врнежи, интерцепција, евапорација, инфилтрација, оттек,… Continue reading ШУМСКА ХИДРОЛОГИЈА И ХИДРАУЛИКА
ШУМСКИ КУЛТУРИ И ПЛАНТАЖИ
ШУМСКИ КУЛТУРИ И ПЛАНТАЖИ – во поширока смисла ги опфаќаат сите вештачки подигнати култури од шумски дрвја. Тука спаѓаат вештачки подигнатите низмот. Дипломирал (1986) и магистрирал (1999) на Факултетот шумски култури во Македонија за производство на дрвна маса култури, кои со својата структура, зависно од дрвните видови и нивните меѓусебни односи, одговараат на природната шума… Continue reading ШУМСКИ КУЛТУРИ И ПЛАНТАЖИ
ШУМСКИ ПОЖАРИ ВО РМ
ШУМСКИ ПОЖАРИ ВО РМ – предизвикувачи на најголеми оштетувања во шумските екосистеми, кои за многу кратко време можат да нанесат катастрофални штети врз целокупниот растителен и животински свет во нив. Постојат повеќе класификации на шумските пожари, но најчеста е поделбата според висината на објектот што гори, па имаме: подземни и приземни пожари, на пенушки, на… Continue reading ШУМСКИ ПОЖАРИ ВО РМ
ШУМСКИ РАСАДНИК
ШУМСКИ РАСАДНИК – посебно уредена површина за производство на садници за пошумување или за озеленување на населби. Садниците се произведуваат наменски, со одбрани технолошки постапки и методи на одгледување, продуктивно и економично, а со единствена цел – производство на висококвалитетни садници. Во РМ со шумски расадници располагаше речиси секое шумско стопанство. Бројот на произведените садници… Continue reading ШУМСКИ РАСАДНИК
ШУМСКИ ФИТОЦЕНОЗИ ВО дофилни шуми
ШУМСКИ ФИТОЦЕНОЗИ ВО дофилни шуми (класа Љуерцо-Фагетеа Бр.–Бл. Ет Влиегер 1937и): И – Ксерофилни шуми, ред Љуерцеталиа пубесцентис Бр.–Бл. а. субмедитерански шуми, сојуз Острѕо-Царпинион ориенталис Хт 1954 емд 1958 – ас. Цоцциферо-Царпинетум ориенталис оберд 1948 емд Хт 1954 – климазонално распространета заедница во долното Повардарие, јужно од Демир Капија. –ас. Руд.1939 апуд. Хт 1946 –… Continue reading ШУМСКИ ФИТОЦЕНОЗИ ВО дофилни шуми
ШУМСКИ ФОНД
ШУМСКИ ФОНД –вкупната површина под шуми во една земја (по категорија, форма, возраст, дрвна маса и др.). (В. табела на наредната страница). Ал. Анд.
ШУМСКО ЗАКОНОДАВСТВО
ШУМСКО ЗАКОНОДАВСТВО. На територијата на РМ првите правила за управување и користење на шумите се поставени во времето на владеењето на цар Душан. Со Душановиот законик (1349) се забрануваат голите сечи. Во ⅩⅩ в. Кралството на СХС имало Упатство за уредување на државните шуми (1931), а потоа донело и Упатство за ознака на стеблата и… Continue reading ШУМСКО ЗАКОНОДАВСТВО
ШУМСКО-ОПИТНА СТАНИЦА
ШУМСКО-ОПИТНА СТАНИЦА – самостојна организација формирана од Владата на НРМ (1951) со цел да помага во изведувањето на теренската настава, научноистражувачката и апликативната дејност на шумарскиот факултет. Во текот на 1976 г. е интегрирана како посебно одделение на Факултетот. Располага со следните објекти: а) с. Трубарево, на 5 км од Скопје, арборетум, семениште, растилка на… Continue reading ШУМСКО-ОПИТНА СТАНИЦА
ШУМСКО-СТОПАНСКА ЕДИНИЦА
ШУМСКО-СТОПАНСКА ЕДИНИЦА. шумите на територијата на Република Македонијаод аспект на планирањето и стопанисувањето се поделени на помали површини, наречени шумскостопански единици. Тоа е направено со цел тие да имаат дефинирана површина, дрвна маса, прираст и други параметри што ќе послужат за поточно и навремено планирање и евидентирање, како и за поефикасно, целосно, планско и интензивно… Continue reading ШУМСКО-СТОПАНСКА ЕДИНИЦА
ШУМСКО-СТОПАНСКА ПОЛИТИКА
ШУМСКО-СТОПАНСКА ПОЛИТИКА. Во согласност со општествено-политичките односи што владееле во нашата земја, на соодветен начин е креирана и политиката во шумарството. Во периодот 1946–1952 г. политиката беше директно водена од еден центар – Управата за шумарство, во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Потоа беа самостојни претпријатија за стопанисување со шумите (шумски стопанства),… Continue reading ШУМСКО-СТОПАНСКА ПОЛИТИКА
ШУМСКО-СТОПАНСКИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
ШУМСКО-СТОПАНСКИ ПРЕТПРИЈАТИЈА. За стопанисување со шумите за стопанска намена (заштита, одгледување и користење), Владата на РМ формира Јавно претпријатије за стопанисување со шумите „Македонски шу-ми“. Ова претпријатие фунционира со: една централна дирекција, 30 подружници или шумски стопанства, Управен одбор и Надзорен одбор. ЈП „Македонски шу-ми“ го раководат: генерален директор, заменик на генералниот директор, осум помошници-директори… Continue reading ШУМСКО-СТОПАНСКИ ПРЕТПРИЈАТИЈА