ЧИЧОКА

ЧИЧОКА (Хелиантус туберосус) – многугодишно клубесто растение. Потекнува од Северна Америка. Кај нас е пренесено во почетокот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. Се одгледува заради клубените, кои имаат висока хранителна вредност: содржат јаглени хидрати (17%), витамини А, Д и С и инсулин, кој е важен за исхраната на дијабетичарите. Се одгледува слично како компирот, се сади на… Continue reading ЧИЧОКА

ЧКАТРОВ, Димитар

ЧКАТРОВ, Димитар (Прилеп, 1902 – Скопје, мај–јуни 1945) – член на ММТРО, ВМРО И МПО. Студирал архитектура на Белградскиот универзитет и се вклучил во ММТРО. Бил уапсен и во судскиот Студентски процес во Скопје (1927) бил осуден на 10 години затвор. Пред Втората светска војна со Д. Ѓузелов ја претставувале граѓанската опозиција, која се застапувала… Continue reading ЧКАТРОВ, Димитар

ЧКАТРОВ, Ѓорѓи

ЧКАТРОВ, Ѓорѓи (Прилеп, 1875 – Битола, 1923) – лекар. Медицина завршил во Лозана (1906), а потоа во Битола отворил приватна ординација. Во Балканските и во Првата светска војна бил мобилизиран во српскиот санитет и работел во повеќе градови низ Македонија и во Србија. Во 1918 г. се вратил во Битола, болен од туберкулоза, но продолжил… Continue reading ЧКАТРОВ, Ѓорѓи

ЧКАТРОВ, Јордан

ЧКАТРОВ, Јордан (Прилеп, 1898 – Скопје, 1946) – член на ВМРО и на Студентското друштво „Вардар“ во Софија. Во 1924 од ЦК на ВМРО бил испратен во САД за да ги организира иселеничките македонски друштва. Од 1924 до 1927 бил секретар на Сојузот на МПО и главен редактор на неговиот орган „Македонска трибуна“. Од 1928,… Continue reading ЧКАТРОВ, Јордан

ЧЛЕНКОНОГИ

ЧЛЕНКОНОГИ (Артхропода) – организми чие тело е составено од голем број делови (членчиња). Според бројот на претставниците, типот членконоги доминира во животинскиот свет. Според некои автори, нивната бројност е над 1.500.000 видови. Ги населуваат сите животни средини (водна, копнена и воздушна). Нивната голема адаптивна радијација условила широко распространување, од северниот до јужниот пол, од најдлабоките… Continue reading ЧЛЕНКОНОГИ

ЧЛЕНСТВО НА РМ ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ

ЧЛЕНСТВО НА РМ ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ. По монетарното осамостојување, РМ вложува напори да обезбеди автоматски прием во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и во Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка), како наследничка на членството на СФРЈ во овие институции. Како резултат на овие активности, на 21. Ⅳ 1993 г. Македонија официјално е примена… Continue reading ЧЛЕНСТВО НА РМ ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ

ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ

ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ – процес на зголемување на човековиот избор во поглед на способностите (можностите) човекот да води долг и здрав живот, да биде добро образован и да има пристоен животен стандард. Концептот на човековиот развој за прв пат е ви. Концептот сугерира дека не постои автоматска врска меѓу растот на реалниот бруто домашен производ и… Continue reading ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ

ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ

ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ – збир на производствени знаења и вештини на поединецот. Се стекнува преку: формално образование (основно, средно и високо), обука на работното место, искуство и здравствена заштита. Концептот на човечкиот капитал овозможува инвестициите во човечките ресурси да се третираат исто како и инвестициите во физичкиот капитал (згради, опрема и машини). Инвестициите во образованието и… Continue reading ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ

ЧОКРЕВСКИ, Томислав

ЧОКРЕВСКИ, Томислав (Битола, 11. ⅩⅠⅠ 1934) – универзитетски професор, социолог, државник. Основно образование и гимназија завршил во родниот град. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1958). Магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград (1967), а докторирал на Правниот факултет во Скопје, на тема „Социјалната природа и функција на големите организации и развитокот на социјалистичката… Continue reading ЧОКРЕВСКИ, Томислав

ЧОЛАНЧЕСКИ, Васко Соломонов

ЧОЛАНЧЕСКИ, Васко Соломонов (Солун, Грција, 13. Ⅶ 1932) – торако-васкуларен хирург, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Работел на Клиниката за тораковаскуларна и срцева хирургија во Скопје. Завршил Мед. ф. во Скопје (1958), каде што и специјализирал општа хирургија (1964). Супспецијализирал торако-васкуларна хирургија и кардиохирургија (Њу Касел, Англија 1964–1965; Белград, 1972). Придонел во развојот… Continue reading ЧОЛАНЧЕСКИ, Васко Соломонов

ЧОПЕЛА, Ордан Ставрев

ЧОПЕЛА, Ордан Ставрев (псевд. Кулак) (Варош, Прилеп, јануари Ордан Чопела 1912 – Битола, 9. Ⅸ 1942) – учесник и организатор во работничкото и ослободителното движење. Учествувал во штрајковите на тутунарските работници (1940), кога бил примен и за член на КП во Македонија. Прогонуван, апсен и затворан од цивилната и воената полиција. По фашистичката окупација на… Continue reading ЧОПЕЛА, Ордан Ставрев

ЧОПОВ, Тодор Донев

ЧОПОВ, Тодор Донев (Кукуш, февруари 1892 – Рила Планина, 27. Ⅸ 1923) – внук (од сестра) на Г. Делчев, просветен, театарски и литературен деец, револуционер, анархокомунист и учесник во македонското ослободително движење. Основното образование го завршува во родниот град, а Ⅴ клас во Гимназијата во Солун. Семејно задоен со патриотски и револуционерен дух, се вклучува… Continue reading ЧОПОВ, Тодор Донев

ЧОРАПИ

ЧОРАПИ – составен дел на народната носија. Со својата декоративност придонесуваат за нејзиниот целосен естетски впечаток. Се изработувале (се плетеле) од волнена преѓа, во еден кат, а ако биле изработувани од памучна преѓа се плетеле со памучен конец во два ката. Волната за чорапи во с. Орах, Кумановско, се одбирала, се влачела на ногати гребенци… Continue reading ЧОРАПИ

ЧОРЕВСКИ, Благоја

ЧОРЕВСКИ, Благоја (Велес, 9. Ⅸ 1947) – актер, општественик и државник. Завршил Театарска академија во Софија (1971). Член на Драмскиот театар од 1971 г. Настапувал во неформални театарски проекти, на естрадата, на филм и на ТВ. Бил директор на Драмскиот театар (1983-1998), заменик-министер за култура во Владата на Македонија (19982001) и претседател на Советот на… Continue reading ЧОРЕВСКИ, Благоја

ЧОРЕВСКИ, Борис

ЧОРЕВСКИ, Борис (Скопје, 15. Ⅸ 1949) – актер. Дипломирал на ФДУ во Скопје (на Отсекот за актерска игра). Својот работен век го минал главно како член на Народниот театар во Битола, со една година прекин, кога бил програмски менаџер во Драмата на МНТ и директор на Центарот за култура во Битола. УЛОГ: Киро („Лет во… Continue reading ЧОРЕВСКИ, Борис

ЧОРЕВСКИ, Трајко

ЧОРЕВСКИ, Трајко (Велес, 22. Ⅱ 1921 – Битола, 12. Ⅳ 1955) – актер чија кариера е исполнета со повеќе драгоцени креации. Член на МНТ (1945–1951), а потоа во Народниот театар на Битола (1951-1955). Трајко Чоревски УЛОГ: Васја („Платон Кречет“), Младен („Народен пратеник“), Дамис („Тартиф“), Милисав („Сомнително лице“), Че-до („За родниот кат“), Оливер („Како што милувате“),… Continue reading ЧОРЕВСКИ, Трајко

ЧОХАЏИЌ, Коста

ЧОХАЏИЌ, Коста (Гевгелија, 10. Ⅸ 1881 – Скопје, 1960) – спец. гинеколог-акушер. По потекло од Гевгелија, дипломирал на Мед. ф. во Париз (1910). Следната година се вратил во Македонија и работел како лекар во Гевгелија, Радовиш и Скопје. Во 1921 г. е назначен за шеф на Гинеколошкото одделение при Државната болница во Скопје. Во 1931… Continue reading ЧОХАЏИЌ, Коста

ЧРЕШЧЕ

ЧРЕШЧЕ – средновековен градтврдина, лоциран на еден рид, на ок. 2 км југозападно од денес растуреното село Црешка на долна Брегалница. Како византиско погранично место било освоено од Србите, заедно со Велес, Просек, Штип и Добрун (1328). Остатоци од градот Чрешче во топонимијата се познати под името Мал и Голем Град, каде што се пронајдени… Continue reading ЧРЕШЧЕ

ЧУБЕЛИЌ, Твртко

ЧУБЕЛИЌ, Твртко (Бихаќ, БиХ, 2. Ⅲ 1913 – Загреб, 11. Ⅷ 1995) – хрватски унив. професор, фолклорист, книжевен историчар и теоретичар. Основно училиште и гимназија завршил во Бихаќ. Како осмокласник бил исклучен поради учеството на комеморацијата на Ст. Радиќ, поради што полагал приватно во Бања Лука (1931). Две години студирал право (1931–1933), а потоа на… Continue reading ЧУБЕЛИЌ, Твртко

ЧУВАРКУЌА, ГАЛИЧИЧКА

ЧУВАРКУЌА, ГАЛИЧИЧКА . Семпервивум галицицум (Смитх.) Мицевски)ќ– локален ендемит во флората на РМ од фамилијата Црассулацеае, познат само за планината Галичица. Се развива во пукнатини на карпи и камењари, на карбонатна геолошка подлога. Вл. М. Галичичка чуваркуќа

ЧУВАРКУЌА, ОКТОПОДНА

ЧУВАРКУЌА, ОКТОПОДНА .(Семпервивум оцтоподес Турр.) – македонски флористички ендемит, познат само за планините Пелистер и Ни-џе–Кајмакчалан. Се наоѓа на светската црвена листа на загрозени растенија (ИУЦН 1997 Ред Лист оф Тхреатенед Плантс). Вл. М. Октоподна чуваркуќа

ЧУКАЛЕВСКИ, Вангел

ЧУКАЛЕВСКИ, Вангел (Битола, 20. И 1910 – Белград, 8. И 1983) – истакнат учесник во НОАВМ, воен пилот, висок офицер на ЈНА. Бил првоборец (1941), организатор на НОО во Битола, член на КПМ (1944), командант на Четвртата оперативна зона на НОВ и ПОМ, унапреден во чин мајор (1. Ⅶ 1944) и командант на Првата македонска… Continue reading ЧУКАЛЕВСКИ, Вангел

ЧУКАРКА, ОЧИПАЛЕ

ЧУКАРКА, ОЧИПАЛЕ (на 10 км северозападно од Делчево) – тумул (висок 2 м, со пречник од околу 16 м) во кој е најден римски гроб со кремација, а над него и помала средновековна некропола (42 гроба) од Ⅺ–ⅩⅠⅠ в. Средновековните гробови се христијански, а припаѓале на неидентификувана рурална населба, на словенска популација, која не била… Continue reading ЧУКАРКА, ОЧИПАЛЕ

ЧУЛЕВ, Илија

ЧУЛЕВ, Илија (Кавадарци, 1908 – Скопје, 1950) – лекар, член на ВМРО(Об), учесник во НОБ. Се школувал во Кавадарци и Велес и на Медицинскиот факултет во Загреб. Од 1933 г. се вклучил во ВМРО(Об). Бил пратеник во Собранието на Кралството Југославија (1938). Во Втората светска војна бил лекар во Прешево и во 1944 се вклучил… Continue reading ЧУЛЕВ, Илија