ТРЕТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ

ТРЕТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ .(Скопје, 14 – 16 Ⅳ 1945) – познато и како Второ вонредно заседание. Биле разгледани извештаите за работата на Президиумот на АСНОМ и на неговите поверенства во перодот меѓу заседанијата. Особено позитивно биле оценети првите избори организирани во март 1945 г., како пр-ви „слободни“ избори. Биле усвоени конститутивните акти: Законот со… Continue reading ТРЕТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ

ТРИНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НО БРИГАДА

ТРИНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НО БРИГАДА (с. Митрашинци, Беровско, 17. Ⅸ – 6. ⅩⅠⅠ 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од околу 800 новопристигнати борци од Малешевијата, во состав на Педесеттата (македонска) дивизија на (1982), синот на Милорад. Поради тие околности името на групата е сменето од „Браќа Гавровски“ во „Трио Гавровски“. Учествувале… Continue reading ТРИНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НО БРИГАДА

ТРИО ГАВРОВСКИ

ТРИО ГАВРОВСКИ – пеачка група од с. Сиричино, Тетовско. Првите снимки на изворни народни песни од Тетовскиот крај за Радио Скопје ги направиле пред три децении. Во почетокот триото го сочинувале браќата Милорад (1942), Васо (1944) и Славко (1952). По напуштањето на составот од страна на Славко, во 1999 г. неговото место го зазел Мирослав… Continue reading ТРИО ГАВРОВСКИ

ТРИПТИХ

ТРИПТИХ – најмал иконостас од три сврзани икони што се чува во домот на македонско православно семејство (особено во Галичко, Гостиварско, Тетовско, Дебарско, Кичевско и Битолско), пред кој се пали кандило и свеќа на големите празници и на значајни денови и настани за семејството, а свештеникот пред нив ги извршува свештенодејствијата. Рат. Гр.

ТРИТОНИ или МРМОРЦИ

ТРИТОНИ или МРМОРЦИ (Тритурус) – род од редот опашестите водоземци (Цаудата; Уродела), кои се помали од дождовниците (Саламандра). Во времето на парењето, мажјакот развива кожен набор на грбната страна, кој може да помине и на опашката, по што јасно Мал мрморец се разликува од женката. Некои видови живеат постојано во вода, а други само при… Continue reading ТРИТОНИ или МРМОРЦИ

ТРИФУНОВСКИ, Љубомир

ТРИФУНОВСКИ, Љубомир (с. Велушина, Битолско, 6. Ⅷ 1938) – диригент и наставник по музичко образование. Музичките студии ги завршува на Педагошката академија во Скопје (1962). Станува диригент на Мешаниот хор на КУД „Стив Наумов“ во Битола (1969). Со овој хор, како и со Женскиот хор (основан во 1971 г.), се здобил со бројни признанија на… Continue reading ТРИФУНОВСКИ, Љубомир

ТРИФУНОСКИ, Јован

ТРИФУНОСКИ, Јован (с. Вруток, 23. Ⅸ 1914 – Белград, 2002) – географ, унив. професор. Основно образование завршил во с. Вруток, а гимназија во Скопје и Тетово. Се запишал на Филозофскиот факултет во Скопје (1935), каде што и дипломирал (1939). Бил избран (1940) за асистент во Географскиот завод при Филозофскиот факултет во Скопје. Од 1941 до… Continue reading ТРИФУНОСКИ, Јован

ТРИЧКОВ-ЈАНЕ, Иван

ТРИЧКОВ-ЈАНЕ, Иван (Белица, 7. Ⅶ 1916 – Благоевград, 24. Ⅷ ?) – учесник во НОД во Пиринскиот дел на Македонија. Во судскиот процес (1935) бил осуден на 5 години затвор. Во Втората светска војна повеќепати бил затворан и интерниран. Од 1942 г. бил командант на Разлошкиот партизански одред „Никола Парапунов“. По 9. Ⅸ 1944 имал… Continue reading ТРИЧКОВ-ЈАНЕ, Иван

ТРИЧКОВСКИ, Бранко

ТРИЧКОВСКИ, Бранко (Крива Паланка, 13. И 1952) – новинар. Завршил Факултет за политички науки во Загреб. Со новинарство почнал во „Нова Македонија“ (1975), каде што ги минал сите професионални скалила – од помлад соработник до постојан дописник во Софија (1992/96), уредник-коментатор и помошник на главниот и одговорен уредник (1997/99). Во меѓувреме на работа во Македонската… Continue reading ТРИЧКОВСКИ, Бранко

ТРКАЛАЧИ

ТРКАЛАЧИ (Сцарабаеидае)– крупни и средно големи тврдокрилни инсекти. Имаат устен апарат за грицкање. Предните нозе им се приспособени за риење во земја. Фамилијата е претставена со видови кои се специјализирале во грижата за потомство. Женките прават топчиња од сточни лепешки, ги тркалаат и на погодно место ги закопуваат. Во вдлабнатото место на топчињата полагаат јајца.… Continue reading ТРКАЛАЧИ

ТРКАЧИ

ТРКАЧИ (Царабидае)– тврдокрилни инсекти. Имаат долги нозе со кои брзо се движат (трчаат), по што го добиле и името. Се хранат со мекотели, црви и со инсекти. Имаат развиени клештести вилици со кои го зграпчуваат пленот. Ова е голема фамилија. Во светот се познати 24.000 видови. Во Македонија се пот-Тркач врдени 346 таксони, од (Царабус… Continue reading ТРКАЧИ

ТРН, ОГНЕН

ТРН, ОГНЕН . (Пѕрацантха цоццинеа Роем., фам. Росацеае) – бодлива, зимзелена грмушка од Медитеранот. Листовите се овални, цветовите бели, а плодовите црвени, собрани во густи, штитовидни соплодија. Во Република Македонијаместимично се среќава во најтермофилните шумски заедници. Декоративен вид. Ал. Анд. Методи Тројачанец ТРОЈАЧАНЕЦ, Методи Спиров

ТРОМБЕВ, Ѓорѓи

ТРОМБЕВ, Ѓорѓи (Битола, 8. ⅩⅠⅠ 1950) – редовен професор на Техничкиот факултет во Битола по предметите греење, вентилација, климатизација и термотехнички постројки. Дипломирал (1976) и магистрирал (1985) на Машинскиот факултет во Скопје. Докторирал на Техничкиот факултет во Битола (1996). Професионалната кариера ја започнува во РО „Гоце Радосавлевиќ“ во Битола (1976), каде што работи на раководни… Continue reading ТРОМБЕВ, Ѓорѓи

ТРОФИЧНОСТ

ТРОФИЧНОСТ – степен на достапни хранливи материи во определен екосистем, според кој водените екосистеми се делат на: олиготрофни (пример – Охридско Езеро), мезотрофни (пример – Преспанско Езеро), еутрофни (пример – акумулацијата Тиквешко Езеро) и хипереутрофни (пример – Дојранско Езеро). Св. К. Бранко Трпеновски

ТРПЕНОВСКИ, Бранко Леонидов

ТРПЕНОВСКИ, Бранко Леонидов (Охрид, 3. И 1934 – Скопје, 25. Ⅴ 2005) – математичар, ред. проф. (1974) на Машинскиот факултет. Дипломирал математика на Филозофскиот факултет во 1957 г. Докторирал (1964) на ПМФ во Загреб со темата „Прилог кон теоријата на н-полугрупите“. Тој е автор или коавтор на научни трудови од областа на алгебрата, на учебници… Continue reading ТРПЕНОВСКИ, Бранко Леонидов

ТРПКОВ-БУФСКИ, поп Константин

ТРПКОВ-БУФСКИ, поп Константин (с. Буф, Леринско, меѓу 1815 и 1820 – ќустендил, ок. 1897) – културно-просветен деец, свештеник, војвода. Се школувал во родното село и во Битола. Бил организатор на заговор против османлиската власт. По откривањето на заговорниците издржал 16 години заточение во Битолскиот и во Солунскиот затвор. Бил војвода на чета во Кресненското востание… Continue reading ТРПКОВ-БУФСКИ, поп Константин

ТРПКОВ, Борис

ТРПКОВ, Борис (Скопје, 16. Ⅶ 1933) – редовен професор на шумарскиот факултет во Скопје, специјалист за областа и предметот ловство. Дипломирал на Земјоделско-шумарски факултет во Скопје (1958), каде што станал асистент (1960). Докторирал во 1972 г., а за редовен професор е избран во 1982 г. Ја вршел должноста декан на шумарскиот факултет во Скопје (1984-1986).… Continue reading ТРПКОВ, Борис

ТРПКОВ, Коста

ТРПКОВ, Коста (Радовиш, 28. Ⅱ 1919 – Скопје, 11. Ⅲ 1993) – музички педагог. Своето музичко образование го оформува на Музичката академија во Белград (Н. Цвеиќ, 1951). По враќањето во Скопје работи како наставник во Средната музичка школа, потоа како професор на Педагошката академија (од 1956) и на ФМУ (од 1967). Т. е еден од… Continue reading ТРПКОВ, Коста

ТРПОВСКИ-ЦРНИОТ, Лазо

ТРПОВСКИ-ЦРНИОТ, Лазо (с. Д’мбени, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 1900 – с. Имере, Кожанско, 11. Ⅳ 1943) – член на КПГ и припадник на Македонското националноослободително движење. Во 1928 г. емигрирал во Канада и се активирал во организираното македонско иселеништво, а по протерувањето емигрирал во СССР, каде што ја завршил Високата политичка школа. Лазо Трповски-Црниот… Continue reading ТРПОВСКИ-ЦРНИОТ, Лазо

ТРПОСКИ, Иван Наумов

ТРПОСКИ, Иван Наумов (с. Волино, Охридско, 21. Ⅵ 1942) – македонски поет и публицист. Иселеник од Македонија (од 26. Ⅷ 1968) во Нов Јужен Велс во Австралија. Член е на Македонското литературно друштво во Австралија „Григор Прличев“ во Сиднеј (од 1979) и негов библиотекар и член на Издавачкиот одбор на сп. „Повод“. Учесник на Струшките… Continue reading ТРПОСКИ, Иван Наумов

ТРПЧЕВА ЦРКВА

ТРПЧЕВА ЦРКВА (с. Дуње, Мариово) – доцноантичка населба со ранохристијанска базилика и средновековна некропола. Доцноантичката населба е во непосредна близина на ранохристијанскиот сакрален објект, подигнат кон крајот на Ⅴ в., користен и во поголемиот дел на Ⅵ в. Врз и околу остатоците од базиликата е формирана средновековна некропола на редови. Истражени се 142 гробни целини.… Continue reading ТРПЧЕВА ЦРКВА

ТРПЧЕСКИ, Симон

ТРПЧЕСКИ, Симон (Скопје, 18. Ⅸ 1979) – пијанист, унив. профессор. Дипломирал на ФМУ во Скопје (Б. Романов, 2002), каде што и магистрирал (Б. Романов, 2004). Од 2002 г. е професор на оваа институција. По лауреатството на Светскиот милениумски натпревар во Лондон (2000), реализирал исклучително активна и успешна меѓународна концертна кариера. Настапувал во рецитали и како… Continue reading ТРПЧЕСКИ, Симон

ТРСТЕНА, шабан

ТРСТЕНА, шабан (Скопје, 1. И 1965) – борач. Бил член на Боречкиот клуб „Лирија“ во Скопје. Тој е повеќекратен младински и сениорски првак на Југославија и државен репрезентативец. На младинските балкански првенства настапил двапати и еднаш за кадети и освоил два златни и еден бронзен медал. На Европското првенство за младинци настапил во Лајпциг (Германија,… Continue reading ТРСТЕНА, шабан

ТРУДБЕНИК Градежно претпријатие, Охрид

„ТРУДБЕНИК“ Градежно претпријатие, Охрид. – формирано е во 1958 г. Организирано е во неколку основни организации и една работна заедница: Ателје за студии, проектирање и инженеринг; Производство и продажба на градежни материјали; Градежништво; Механизација; Општествен стандард и Работна заедница – Заеднички служби. Станува комплетен изведувач од проект до градење. Изведува станбени, индустриски, спортски, културни, здравствени,… Continue reading ТРУДБЕНИК Градежно претпријатие, Охрид