СПАСОВ, Драган

СПАСОВ, Драган (Дац) (Скопје, 20. Ⅳ 1963) – актер. Дипломирал на Отсекот за актерска игра на Факултетот за драмска уметност во Скопје (1991). Од 1992 г. е во Драмскиот театар во Скопје. Настапувал и на други сцени. УЛОГ: Розенкранц („Розенкранц и Гилдерстен се мртви“), Зганарел („Дон Жуан“), Хлестаков („Ревизор“), Џанго и Црни („Грев или шприцер“),… Continue reading СПАСОВ, Драган

СПАСОВ, Јордан

СПАСОВ, Јордан (с. Кнеже, Штипско, 1875 – Кратовско, 25. Ⅶ 1908) – кратовски реонски војвода. Четник во четата на Димо Дедото. Учествувал во Мелничкото востание (1895). Бил уапсен и испратен на заточение. По амнестијата влегол во четата на војводата М. Ацев (1901). Потоа станал долгогодишен кратовски реонски војвода. ЛИТ.: А. Мартулков, Моето учество во револуционерните… Continue reading СПАСОВ, Јордан

СПАСОВ, Мирослав

СПАСОВ, Мирослав (Скопје, 2. ⅩⅠⅠ 1964) – композитор и диригент. Дипломирал композиција и диригирање на Факултетот за музичка уметност во Скопје (1992). Предавал на Универзитетот во Калгари, Канада (2002–2003) и на Источномедитеранскиот универзитет во Фамагуста, Кипар (2003–2005). Од 2005 г. работи како професор на Универзитетот во Кил, Велика Британија. Бројни негови дела се изведувани и… Continue reading СПАСОВ, Мирослав

СПАСОВДЕН

СПАСОВДЕН – христијански православен празник Вознесение Христово (Спасовден). Спаѓа во големите Господови празници, се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток. Четириесет дена по Воскресението Исус им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност. Во овој период луѓето с“ уште се поздравуваат со поздравот „Христос воскресна“ и… Continue reading СПАСОВДЕН

СПАСОВСКА, Сузана

СПАСОВСКА, Сузана (Скопје, 24. Ⅷ 1964) – интерпретаторка на народна и популарна музика. УШТЕ од дете настапувала во голем број хорски ансамбли и пејачки групи. Подоцна постигнала извонредна пејачка кариера, интерпретирајќи неколку стотини народни и авторски фолк песни. Гостувала во неколку десетини земји од целиот свет, а настапувала и со ансамблот „Танец“ во многу светски… Continue reading СПАСОВСКА, Сузана

СПАСОВСКИ, Мијалчо

СПАСОВСКИ, Мијалчо (с. Одрено, Крива Паланка, 1. Ⅹ 1935) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1990 до пензионирањето во 2001 г.) по предметите од областа на железниците. На Факултетот дошол во 1975 г. од Македонските железници, во чии проекти учествувал и понатаму, како консултант. Усовршил метод за санација на дрвени… Continue reading СПАСОВСКИ, Мијалчо

СПАСОВСКИ, Милан

СПАСОВСКИ, Милан (Скопје, 24. Ⅲ 1951) – кајакар на диви води. Завршил Електромашински училиштен центар во Скопје (1970). Бил член на КК „Мирче Ацев“ во Скопје (од 1965). Тој е повеќекратен јуниорски и сениорски првак на Југославија во спуст и слалом на диви води (1968–1974). Успешно настапил на седум меѓународни натпревари (1969–1974). Бил учесник на… Continue reading СПАСОВСКИ, Милан

СПАСОВСКИ, Стево

СПАСОВСКИ, Стево (Скопје, 25. Ⅺ 1940 – 30. Ⅲ 20008) – актер. Член во Младинско-детскиот театар (1959–1962), во Драмата на МНТ (1962–1964), а од 1964 г. до пензионирањето во Драмскиот театар во Скопје. Настапувал и во ТВ драми, во серии, на радиото и на филмот. УЛОГ: Алексеј („Среќен пат“), Бошко („Бегалка“), Владимир („Владимир и Косара“),… Continue reading СПАСОВСКИ, Стево

СПАХИУ, Мустафа

СПАХИУ, Мустафа (Мустафа Спахиу) (с. Мучиврце, Косовска Митровица, Косово, 1948) – новинар и писател на албански јазик. Основно образование завршил во родното место, а средно училиште во Приштина. Дипломирал на Педагошката академија во Скопје (Група за албански јазик и книжевност). Работи во Македонско радио (во емисиите за деца на албански јазик). Пишува поезија и проза… Continue reading СПАХИУ, Мустафа

СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО – распределба на земјоделското производство по гранки, на производите во секоја гранка и утврдување на нивниот однос во вкупното пазарно производство. Зависи од природните услови, од распоредот на преработувачката индустрија, од внатрешната и меѓународната размена на земјоделските производи итн. Индексот на специјализација се пресметува по формулата, каде што претставува збир на квадратите… Continue reading СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

СПЕЦИЈАЛНИ УЧИЛИШТА ВО МАКЕДОНИЈА

СПЕЦИЈАЛНИ УЧИЛИШТА ВО МАКЕДОНИЈА – воспитнообразовни установи наменети за децата и младите со посебни потреби, односно со пречки во физичкиот и психичкиот развиток. Специјалното школство во Маке-Ученици од училиштето за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ донија бележи посебен развој по Ослободувањето. Донесена е соодветна нормативно-правна регулатива, создадена е мрежа на… Continue reading СПЕЦИЈАЛНИ УЧИЛИШТА ВО МАКЕДОНИЈА

СПИРКОСКИ-ЏУМЕРКО, Благоја

СПИРКОСКИ-ЏУМЕРКО, Благоја (Прилеп, 6. Ⅱ 1946) – драмски и филмски актер. Во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп е од 1966 г. Настапува и во проекти на други сцени низ Републиката. Публиката го познава како комичар, иако во неговиот актерски стаж има успешно толкувано и драмски ликови. УЛОГ: Цветко („Од глаата си патиме“), Симон („Диво… Continue reading СПИРКОСКИ-ЏУМЕРКО, Благоја

СПИРОВ, Борис

СПИРОВ, Борис (с. Брждани, Кичевско, 22. Ⅸ 1897 – Софија, Бугарија 19. Ⅹ 1974) – лекар, револуционер, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Мед. ф. завршил во Лајпциг (Германија) во 1928 г. Еден од првите 19 наставници на новоформираниот Мед. ф. во Скопје, каде што предавал историја на медицината. Патриот и револуционер, кој бугарските… Continue reading СПИРОВ, Борис

СПИРОВА, Нина

СПИРОВА, Нина (Прилеп, 26. Ⅹ 1938) – интерпретаторка на популарна музика. Исполнувала и снимила познати хитови од светски автори (Џ. Гершвин, Г. Ерол, Ливингстон, К. Портер и др.), пеела обработки на македонски народни песни („Бог да бие кој прв спомна“, „Пилето ми пее“, „Не си го продавај Кољо“ идр.), но главниот белег го оставила на… Continue reading СПИРОВА, Нина

СПИРОВСКИ, Александар

СПИРОВСКИ, Александар (Прилеп 1927) – генерал-полковник на ЈНА. Завршил школа за активни офицери на ПАА во 1951 г. Офицерската должност во ЈНА ја започнал како командир на вод и на чета. Бил командант на дивизион и на полк, началник на штаб и командант на дивизија. Завршил ВВА на ЈНА и школа на народната одбрана. Вршел… Continue reading СПИРОВСКИ, Александар

СПИРОВСКИ, Кирил

СПИРОВСКИ, Кирил (Велес, 14. Ⅱ 1918 – Скопје, 9. И 2004) – диригент. Студиите по диригирање ги започнал во Прага, а ги завршил во 1950 г. на Музичката академија зо Загреб. Диригент во Операта и Балетот на МНТ од 1950 до 1956 и од 1982 до 1984 г. Во периодот 1963–1977 г. бил директор на… Continue reading СПИРОВСКИ, Кирил

СПИРОСКИ, Мирко Живков

СПИРОСКИ, Мирко Живков (с. Лешок, Тетовско, 3. Ⅱ 1948) – физиолог, редовен проф. по имунологија и хумана генетика на Мед. ф. во Скопје. Медицина завршил во Скопје. Магистрирал и докторирал на Институтот за физиологија при Мед. ф. во Скопје. Основач е и директор на Институтот за имунологија (2000). Објавил над 100 труда, 3 монографии и… Continue reading СПИРОСКИ, Мирко Живков

СПОГОДБА ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА И АСОЦИЈАЦИЈА

СПОГОДБА ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА И АСОЦИЈАЦИЈА – нов тип договор, различен од спогодбата за асоцијација, со кој правно се вообличува односот на стабилизација и асоцијација на државите од Западниот Балкан со ЕЗ и државите-членки на ЕУ. Првата ваква спогодба ја склучува РМ. Во светлината на улогата што Република Македонијаја има во текот на нападите на НАТО… Continue reading СПОГОДБА ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА И АСОЦИЈАЦИЈА

СПОГОДБА МЕЃУ КПГ И МАКЕДОНСКИОТ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ НА ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

СПОГОДБА МЕЃУ КПГ И МАКЕДОНСКИОТ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ НА ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (НОФ, 1946) – спогодба склучена за обединување за заедничка борба за преземање на власта и за решавање на македонското национално прашање во Грција. По Спогодбата (21. Ⅺ 1946) НОФ се ставил под раководството на КПГ, НОМС се обединил со ЕПОН, македонските партизански единици… Continue reading СПОГОДБА МЕЃУ КПГ И МАКЕДОНСКИОТ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ НА ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

СПОМЕН-КАПЕЛИ

СПОМЕН-КАПЕЛИ – сакрални објекти што во својата архитектонска структура обединуваат елементи од црковното градителство, надградени со слободни (често експресивни) форми, како и со форми од фолклорната архитектура, компонирани слободно и без обврзувачка конотација. Во голем број се градени како сакрални објекти (цркви), со препознатлива иконографска диспозиција, но често содржат разни елементи, поради што повеќе упатуваат… Continue reading СПОМЕН-КАПЕЛИ

СПОМЕН-КОСТУРНИЦИ

СПОМЕН-КОСТУРНИЦИ – специфичен вид објекти, кои во својата структура обединуваат формално-обликовни искуства од црковното градителство, но П. Мазев: детаљ од Монументалниот мозаик во Спомен-костурницата во Велес (1980) надградено во естетска смисла со слободно интерпретирани елементи што придонесуваат за нивната симболична содржина. Тие претставуваат посебен вид капели-цркви-гробници, во кои се положени коски на паднати војници или… Continue reading СПОМЕН-КОСТУРНИЦИ

СПОМЕН-ЦРКВИ

СПОМЕН-ЦРКВИ – сакрални објекти (цркви), изградени како задужбини или во спомен на одредени историски настани. Најчесто почитуваат архитектонска логика и просторна иконографија целосно преземена од црковното градителство. Во Македонија, поради специфичноста на општите историски состојби, овој вид објекти во најголем број се градени во периодот меѓу двете светски војни (1919-1940). К. Гр.

СПОРОТ ЗА ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА СО РМ

СПОРОТ ЗА ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА СО Република Македонија– несогласување, заемно противречно тврдење на РГ и Република Македонијашто се изразува во конкретно побарување на РГР кон Република Македонијада не го употребува името Република Македонија не само во билатералната, туку и во секоја друга меѓународна комуникација, односно бранење на меѓународно-правно загарантираното право на македонскиот народ (политички… Continue reading СПОРОТ ЗА ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА СО РМ

СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА НА ИНВАЛИДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА НА ИНВАЛИДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА. Тие организирано започнале со формирањето на Сојузот за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија во Охрид (1965) и со основањето на друштвата во Скопје, Куманово, Штип, Велес, Гостивар, Тетово, а подоцна и во 11 други градови. Активностите во нив се одвивале во повеќе спортски секции во градовите,… Continue reading СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА НА ИНВАЛИДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА