СОТИРОВИЌ

СОТИРОВИЌ (СОТИРОВСКИ), Кузман (с. Стенче, Тетовско, 1908 – Париз, 1990) – фудбалер. Играл Кузман Сотировиќ фудбал во Белградскиот спорт-ски клуб (БСК), кој четирипати го освојувал првенството на Југославија (1923–1941). Бил најдобар стрелец во Првата лига во 1927 г., со седум гола. Според досегашните сознанија, тој е прв спортист од Македонија што станал репрезентативец на Југославија… Continue reading СОТИРОВИЌ

СОТИРОВСКИ, Никола

СОТИРОВСКИ, Никола (Битола, 30. Ⅷ 1925 – Белград, 10. Ⅸ 2000) – универзитетски професор, правник. Основно и средно училиште завршил во родниот град, а Правен факултет во Белград (1948). Дипломирал и историја на Филозофскиот факултет во Бел-град (1953). Бил избран за асистент во Историскиот институт на САНУ (1951). Одбранил докторска дисертација на Правниот факултет во… Continue reading СОТИРОВСКИ, Никола

СОТИРОВСКИ, Паскал

СОТИРОВСКИ, Паскал (с. Врбен, Гостиварско, 23. Ⅺ 1927 – Париз, 20. Ⅱ 2003) – астроном, член на МАНУ надвор од работниот состав (1991). Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на Групата за физика (1957), а потоа и за астрофизика во Париз (1964). Докторирал (1971) во Париз со тема од областа на физиката на Сонцето. Пред… Continue reading СОТИРОВСКИ, Паскал

СОФА ДОГОВОР

СОФА ДОГОВОР – договор склучен помеѓу Република Македонијаи договорните страни на Северноатланскиот сојуз за уредување на статусот на нивните сили на територијата на РМ, со кој Република Македонијастанува членка на Партнерството за мир. Се засновува врз Северноатланската спо

СОФОРА

СОФОРА.(Сопхора јапоница Л., фам. Фабацеае) – високо, листопадно дрво од источна Азија (Кина и Кореја). Гранките до третата година се зелени, листовите сложени, непарно перести, слични на багремовите. Цветовите се жолтеникаво-бели, собрани во терминални, метлести соцветија (медоносни). Плодовите се жолто-зелени мешунки, исполнети со леплива маса. Декоративен и медоносен вид, многу чест во нашите паркови. Ал.… Continue reading СОФОРА

СОФРОНИЕВСКИ, Томо

СОФРОНИЕВСКИ, Томо (Тетово, 18 Ⅳ 1920 – Скопје, ноември 2007) – работник, првоборец и политичар. Како припадник на работничкото движење (1938), бил член на КПЈ (1940), еден од организаторите на НОБ во Тетово и Тетовско (1941), секретар на МК на КПЈ и член на Воениот штаб на МК на КПЈ во Тетово. Подоцна бил и… Continue reading СОФРОНИЕВСКИ, Томо

СОФРОНИЈ

СОФРОНИЈ – охридски архиепископ (ок. 1567–1572). Бил наследник на архиепископот Паисиј. Познато е негово писмо до цариградскиот патријарх Јеремиј Ⅱ (1572), во кое се жали за негодувањето на архијереите против него. Спомнат е и во еден натпис на ѕидот над западната црковна врата во Кичевскиот манастир „Св. Пречиста“. ЛИТ.: Иван Снегаров, Историџ на Охридската архиепископиџ,… Continue reading СОФРОНИЈ

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА (1909) – основани по воведувањето на уставното парламентарно уредување во османлиската држава. Биле формирани Скопската социјалистичка организација и Солунската федерација, а такви организации биле формирани и во Битола, Велес, Струмица, Гевгелија и Тетово, кои дејствувале самостојно и пројавиле забележителна социјална и синдикална дејност. Во 1910 г. во Солун бил свикан конгрес… Continue reading СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА – политичка партија, основана на 20. Ⅳ 1990 г. како наследник на Сојузот на комунистите на Македонија. Во првиот парламентарен состав (1990–1994) Партијата имаше 31 пратеник, во вториот (1994–1998) 62, во третиот (1998–2002) 28, во четвртиот (2002–2006) 38 и во петтиот состав (2006–2008) 23 пратеници. СДСМ ја формира Владата на РепубликаContinue reading СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

СОЦИЈАЛИСТИЧКА ЗОРА

СОЦИЈАЛИСТИЧКА ЗОРА“ Сгодба (Лондон, 19. Ⅵ 1951) и Рамковниот документ за партнерство и мир (Брисел, 10. И 1994). Софа договорот склучен со Република Македонијастапува во сила на 19. Ⅶ 1996 г. ЛИТ.: Светомир Скариц, Тхе СОФА Агреемент (Мацедониа-НАТО’с территорѕ), Лањ, Форце анд Пеаце, Скопје, 2002. Т. Петр. Никола Софијанов СОФИЈАНОВ, Никола Ѓорѓиев

СОЦИЈАЛИСТИЧКА ЗОРА

СОЦИЈАЛИСТИЧКА ЗОРА“ Сгодба (Лондон, 19. Ⅵ 1951) и Рамковниот документ за партнерство и мир (Брисел, 10. И 1994). Софа договорот склучен со Република Македонијастапува во сила на 19. Ⅶ 1996 г. ЛИТ.: Светомир Скариц, Тхе СОФА Агреемент (Мацедониа-НАТО’с территорѕ), Лањ, Форце анд Пеаце, Скопје, 2002. Т. Петр. Никола Софијанов СОФИЈАНОВ, Никола Ѓорѓиев

СОЦИЈАЛИСТИЧКА ЗОРА Сгодба

СОЦИЈАЛИСТИЧКА ЗОРА“ Сгодба (Лондон, 19. Ⅵ 1951) и Рамковниот документ за партнерство и мир (Брисел, 10. И 1994). Софа договорот склучен со Република Македонијастапува во сила на 19. Ⅶ 1996 г. ЛИТ.: Светомир Скариц, Тхе СОФА Агреемент (Мацедониа-НАТО’с территорѕ), Лањ, Форце анд Пеаце, Скопје, 2002. Т. Петр. Никола Софијанов СОФИЈАНОВ, Никола Ѓорѓиев

СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА

СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА – политичка партија, основана на 14. Ⅸ 1990 г. Во првиот парламентарен состав (1990–1994) имаше четворица пратеници, во вториот (1994– 1998) шестмина, во третиот (1998 –2002) и во четвртиот (2002–2006) по еден пратеник и во петтиот парламентарен состав (2006–2008) тројца пратеници. СПМ беше дел од Владата на Република Македонијаод 1994 до… Continue reading СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА

СОЦИЈАЛИСТИЧКИ СОЈУЗ НА РАБОТНИОТ НАРОД НА МАКЕДОНИЈА

СОЦИЈАЛИСТИЧКИ СОЈУЗ НА РАБОТНИОТ НАРОД НА МАКЕДОНИЈА (1953–1991) – масовна општествено-политичка организација произлезена од организацијата Народен фронт. Поради инсистирањето на социјалистичкото уредување во општеството, во 1953 г. неговото име било променето во Социјалистички сојуз на работниот народ на Македонија (ССРНМ). Била продолжена рака на СКМ за остварување на нејзините пропагандни цели, особено во времето на… Continue reading СОЦИЈАЛИСТИЧКИ СОЈУЗ НА РАБОТНИОТ НАРОД НА МАКЕДОНИЈА

СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА – организирана дејност од државата за спречување и надминување на основните социјални ризици на кои е изложен граѓанинот, семејството и групи население во текот на животот, како што се: ризици за здравјето (болест, повреда и телесна спреченост), ризици на стареењето (старост и преживување), ризици на мајчинство и семејство, ризици од невработеност и професионална… Continue reading СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

СОШКА, Теодор

СОШКА, Теодор (1876–1948) – ботаничар, кој во периодот меѓу двете светски војни ја проучувал флората на клисурите во Македонија и објавил неколку флористички трудови што се однесуваат на клисурите на реките Вардар, Треска, Пчиња, Брегалница, Црна Река, како и на локалитетите Јама-Бистра, Крчин, Буковиќ кај Гостивар и околината на Прилеп. Вл. М.

СПАНАЌ

СПАНАЌ (Спинациа олерацеа Л.) – едногодишно растение. Потекнува од азиските предели. Во Европа и на Балканот е пренесен во ⅩⅠⅠ в. Се одгледува заради листовите, кои се богати со минерални материи, посебно со железо. Се консумираат готвени Спанаќ и преработени. Студоотпорно растение, се одгледува нае-сен, в зима и рано напролет со директна сеидба. Застапен е… Continue reading СПАНАЌ

СПАНЧЕВО

СПАНЧЕВО – рудник на опал-ски бречи, кој се наоѓа северозападно од с. Спанчево, Кочанско. Лоциран е во андезитски туфови и бречи дополнително зафатени со хидротермални раствори и опализирани. Опалските маси имаат неправилно издолжена форма со протегање ссз–јји во должина на околу 2 км, ширина од 400 м, и дебелина помеѓу 25–50 м. Поинтензивна опализација се… Continue reading СПАНЧЕВО

СПАСЕ, Илинден Стерјо

СПАСЕ, Илинден Стерјо (Илинден Спассе Стерјо) (с. Глобочани, Мала Преспа, Република Албанија, 1942) – педагог и писател. Основно образование завршил во родното место, а дипломирал филологија на Универзитетот во Тирана. Докторирал од областа на педагогијата. Бил стручен соработник во Институтот за филологија и образование и виш научен советник во Институтот за педагогија во Тирана. Син… Continue reading СПАСЕ, Илинден Стерјо

СПАСЕ, Стерјо

СПАСЕ, Стерјо (с. Глобочани, Мала Преспа, Република Албанија, 14. Ⅷ 1914 – Тирана, 12. Ⅺ 1989) – албански писател и критичар од македонско потекло. Основно училиште завршил на албански и на грчки јазик во родното место и во Корча. Образованието го продолжил во Корча и во Елбасан. Пред Втората светска војна бил соработник на познатите… Continue reading СПАСЕ, Стерјо

СПАСИЌ, Владимир

СПАСИЌ, Владимир (Пирот, Србија, 2. Ⅹ 1892 – Белград, 16. Ⅳ 1972) – педагог, универзитетски професор. Завршил учителска школа (Јагодина) и Виша педагошка школа (Загреб, 1923). Педагошки науки студирал на Универзитетот во Јена (Германија), каде што и докторирал (1927). Работел како средношколски и универзитетски професор. На Филозофскиот факултет во Скопје предавал Методика на основношколската настава… Continue reading СПАСИЌ, Владимир

СПАСОВ, Александар

СПАСОВ, Александар (Скопје, 18. Ⅶ 1925 – Скопје, 27. Ⅴ 2003) – Александар Спасов литературен критичар, литературен историчар, есеист, антологичар, универзитетски професор, прв редактор на списанието „Литературен збор“, член на ДПМ од 1951 г., член на МАНУ и на Македонскиот ПЕН центар. Со својата критичарска активност се јавува кон крајот на четириесеттите години на ⅩⅩ… Continue reading СПАСОВ, Александар

СПАСОВ, Андреј

СПАСОВ, Андреј (Прилеп, 11. Ⅷ 1936) – инж. арх., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1981 до пензионирањето во 2001 г.) по предмети од областа на бетонските конструкции (на Архитектонскиот факултет), како и на градежните конструкции. Магистрирал во ИЗИИС (1970), а докторирал во Белград (1979). Објавил повеќе трудови, меѓу кои и четири учебници… Continue reading СПАСОВ, Андреј

СПАСОВ, Атанас

СПАСОВ, Атанас (Таската Серски) (с. Врања, Мелничко, февруари 1876 – Софија, 7 Ⅶ 1923) – Атанас Спасов војвода на ТМОРО/ВМОРО. По завршувањето на Педагошкото училиште во Сер, бил учител и окружен војвода во Серско. Учествувал во битката во с. Баница кога загинал Гоце Делчев (21. Ⅳ/4. Ⅴ 1903). По Илинденското востание бил член на Серскиот… Continue reading СПАСОВ, Атанас