СМИЛЕВСКИ, Блаже

СМИЛЕВСКИ, Блаже (с. Лазарополе, 16. Ⅷ 1935) – лекарспецијалист, новинар и публицист. Основно образование завршил во родното село, а потоа средно медицинско училиште и Медицински факултет во Скопје (1964). Подоцна завршил и две специјализации, како еден од првите специјалисти во Македонија по спортска медицина (1973) и прв специјалист во Македонија по воздухопловна медицина (1975). Тој… Continue reading СМИЛЕВСКИ, Блаже

СМИЛЕВСКИ, Веле

СМИЛЕВСКИ, Веле (Ново Се-ло, Демирхисарско, 6. Ⅴ 1949) – поет, есеист, литературен критичар и научен работник. Завршил Филолошки факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што и докторирал. Работи како научен советник во Институтот за македонска литература и е вонреден професор на Студиите по новинарство. Бил претседател на СВП и претседател на… Continue reading СМИЛЕВСКИ, Веле

СМИЛЕВСКИ, Гоце

СМИЛЕВСКИ, Гоце (Скопје, 20. Ⅳ 1975) – раскажувач, романсиер. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје (Студии по општа и компаративна книжевност), а магистрирал на Катедрата за Гендер Студиес на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта. Особено со второто дело постигнува голем успех, кое, преведено на неколку јазици, му носи репутација на еден од најталентираните автори во поновата… Continue reading СМИЛЕВСКИ, Гоце

СМИЛЕВСКИ, Кузман

СМИЛЕВСКИ, Кузман (с. Тресонче, 1924) – контраадмирал на ЈНА. Пред Втората светска војна бил ученик. Од 1944 г. се вклучил во НОВМ и станал член на КПЈ. Во војната бил политички комесар на чета и на баталјон, а потоа помошник на политички комесар на бригада. Ја вршел должноста началник на одделение во армијата и во… Continue reading СМИЛЕВСКИ, Кузман

СМИРНЕНСКИ, Христо Димитров

СМИРНЕНСКИ, Христо Димитров (Кукуш, Егејскиот дел на Македонија, 29. Ⅸ 1898 – Софија, 18. Ⅵ 1923) – поет, раскажувач, хуморист, карикатурист, патописец, преведувач, новинар. Потекнува од македонско револуционерно семејство. Татко му Димитар, слаткар по професија, бил еден од првите членови на ВМРО во Кукуш. Пресудно творечко влијание врз него имал постариот брат Тома Измирлиев. Го… Continue reading СМИРНЕНСКИ, Христо Димитров

СМИЧКОВ, Георги

СМИЧКОВ, Георги (Прилеп, втора пол. на ⅩⅠⅩ в. – прва пол. на ⅩⅩ в.) – македонски мелограф и музички деец. Еден од седумтемината македонски мелографи на народни песни од крајот на ⅩⅠⅩ в. Неговите трудови се печатени во софиските зборници на народни умотворби (1890–1900). Заедно со А. Бадев, тој е еден од основачите и диригент… Continue reading СМИЧКОВ, Георги

СМОКВА

СМОКВА (Фицус царица Л. фам. Морацеае) – листопадна грмушка до мало дрво од западна Азија. Има сива и мазна кора, снажни, влакнави леторасти, цели или длабоко врежани, кожести листови, богати со млечен сок. Збирниот плод е смоква. Кај нас се одгледува заради слатките плодови, но и супспонтано се шири во зоната на субмедитеранската вегетација. Ал.… Continue reading СМОКВА

СМОКВАРСКИ, Глигор

СМОКВАРСКИ, Глигор (с. Будинарци, Беровско, 8. В1914 – Скопје, 15. Ⅲ 1974) – композитор. Претставник на Втората генерација македонски композитори. Се школувал во Военото музичко школо во Вршац. Најнапред бил кларинетист во Симфонискиот оркестар, а потоа и композитор и педагог. Во историјата на македонската музика ќе остане забележан како автор на првиот македонски балет „Македонска… Continue reading СМОКВАРСКИ, Глигор

СМОКОВИ

СМОКОВИ (Цолубридае) – голема фамилија змии, во која се вклучени најголем дел од европските змии, со должина од 10 350 см. Во Европа се среќаваат 24 видови, а кај нас 11 видови, меѓу кои и две полуотровници (мачја змија – Телесцопус фаллаџ и длабочелен смок – Малполон монспессуланус). ЛИТ.: Е. Н. Арнолд, А Фиелд Гуиде… Continue reading СМОКОВИ

СМОЛЈАНИ

СМОЛЈАНИ – словенско племе населено (Ⅵ–Ⅶ в.) во долниот тек на р. Струма, во долината на р. Места и во Западните Родопи. Кон средината на Ⅸ в. еден дел од териториите на Смолјаните бил освоен од Бугарите, а другите биле под византиската власт. Епископијата на Смолјаните потпаѓала под јурисдикција на митрополијата во Пловдив (Ⅹ в.).… Continue reading СМОЛЈАНИ

СМРДЕШ

СМРДЕШ – ниска но доста пространа планина што се наоѓа во источниот дел на РМ. Се протега помеѓу Радовишката Котлина од источната страна и Лакавичката од западната. На северозапад започнува јужно од Штип, а завршува близу до Струмица кај долината на река Водочница. Највисок врв е Елешница (971 м). Таа е разбиена маса без истакнати… Continue reading СМРДЕШ

СМРДИВРАНИ

СМРДИВРАНИ (Цорациидае) – фамилија птици од редот сивоврановидни птици (Цорацииформес), со цврсто градено тело и клун. Во Европа и кај нас е присутен само еден вид смрдиврана (Цора-Смрдиврана циас гаррулус). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес“, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан Атлас оф тхе Бирдс оф… Continue reading СМРДИВРАНИ

СМРДЛИКА

СМРДЛИКА (СМРДЕШ) (Пистациа теребинтхус Л., фам. Анацардиацеае) – листопадна грмушка до мало дрво од Медитеранот и Субмедитеранот. Има сложени, непарно перести листови. Дводомен вид, цветовите се собрани во метлести соцветија. Плодот е мала, металносива косличка. Содржи смолни канали и смола во вегетативните делови. Единечна или групна примеса во поизразито термофилните шумски заедници. Ал. Анд.

СМРЕКА

СМРЕКА (Јуниперус Л., фам. Цупрессацеае) – богат род со околу 60 вида дрвја и грмушки, со игловидни и лушповидни листови. Ова име кај нас се однесува на игловидните смреки (сецт. оџѕцедрус). Плодовите се глобули (смреклинки) со месести, сраснати, плодни Смрека (Јуниперус Л.) лушпи. Кај нас, автохтони се: модрата смрека (Ј. цоммунис Л.), грмушка до мало… Continue reading СМРЕКА

СМРТНАТА КАЗНА ВО ДФМ/ НРМ/СРМ/РМ

СМРТНАТА КАЗНА ВО ДФМ/ НРМ/СРМ/РМ – кривична санкција за најтешките кривични дела против народот и државата, социјалистичкото самоуправно уредување и безбедноста на државата, против безбедноста и меѓународното право, против вооружените сили и во случај на повеќекратно убиство. Во периодот од 1978 до 1988 г. во СР Македонија се изречени 12 смртни казни, од кои само… Continue reading СМРТНАТА КАЗНА ВО ДФМ/ НРМ/СРМ/РМ

СМРЧА

СМРЧА (Пицеа абиес Карст. сѕн. П. еџцелса Линк., фам. Пинацеае) – европски вид дрво. Високо дрво со коСмрча нусна форма на круната, стеблото е право, со провиснати гранки. Игличките се четирирабни, бодливи. Цветовите се еднополни и собрани во исправени реси. Од женските се формира крупна, провисната шишарка, без стерилни лушпи. Во Република Македонијаврви јужната граница… Continue reading СМРЧА

СМРЧКА

СМРЧКА (Морцхелла есцулента (Л.) Перс.) – широкораспространет пролетен вид габа. Една е од највкусните и се собира за продажба, а посебно за извоз. М. К. Смрчка

СМУГРЕСКИ, Диме Јанкулев

СМУГРЕСКИ, Диме Јанкулев (с. Обршани, Прилепско, 1871 – с. Обршани, 2. Ⅵ 1906) – учесник во Илинденското востание, селски војвода. Бил член на ТМОРО (1896). Во Илинденското востание предводел селска чета од 40 востаници во одредот на војводата Тодор Христов-Офицерчето. Се истакнал во битката на Слива (13. Ⅷ 1903). ЛИТ.: Историја на Крушево и Крушевско,… Continue reading СМУГРЕСКИ, Диме Јанкулев

СМУГРЕСКИ, Нове Неданов

СМУГРЕСКИ, Нове Неданов (с. Обршани, Прилепско, 1866 – Мечкин Камен, 13. Ⅷ 1903) – учесник во Илинденското востание како селски војвода. Предводел селани од родното село Обршани во четата на војводата Питу Гули. Бил помошник-знаменосец во четата на Питу Гули на Мечкин Камен, каде што херојски загинал со востаниците и војводата. ЛИТ.: Историја на Крушево… Continue reading СМУГРЕСКИ, Нове Неданов

СНАЈВЛИ, Каролина С

СНАЈВЛИ, Каролина С. (Снивелѕ Царолѕн С.) (Масилион, Охајо, САД, 1947) – археолог. Завршила Класични студии на Мичигенскиот државен универзитет (1969). Магистрирала на Универзитетот „Тексас“ во Остин во 1973, а во 1979 г. докторирала на темата „Ранохристијански базилики во Стоби“. Била член на екипа за истражување на Стоби (проект 1971–1981), консултант во ископувањата на Црквиште-Мородвис (1983–1989),… Continue reading СНАЈВЛИ, Каролина С

СНЕГАРОВ, Иван Јончев

СНЕГАРОВ, Иван Јончев (Охрид, 12. Х 1883 – Софија, 1. Ⅲ 1971) – истакнат славист, историчар, универзитетски професор и академик. Основното училиште го завршува во родниот град, Духовната семинарија во Цариград (1906), а Духовната академија во Киев со дипломска работа за Охридската архиепископија (1912). Учител во Солунската гимназија (1912/13), потоа во Учителската школа во Јамбол,… Continue reading СНЕГАРОВ, Иван Јончев

СОБРАНИЕ НА РМ

СОБРАНИЕ НА Република Македонија– претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт во РМ. Составено е од 120 пратеници, избрани на општи и непосредни избори со тајно гласање, за мандатен период од четири години. Првото Собрание на Република Македонијае формирано во декември 1990 г., врз мнозинскиот принцип, по спроведените парламентарни избори во два круга… Continue reading СОБРАНИЕ НА РМ

СОБРАНИЕ НА СРМ

СОБРАНИЕ НА СРМ – највисок орган на власта и орган на општественото самоуправување во рамките на правата и должностите на СРМ. Според Уставот на СРМ од 1963 г., Собранието на СРМ е делегатско тело составено од пет собори: Републички, Стопански, Просветно-културен, Социјално-здравствен и Општествено-политички. На изборите одржани во 1963 г. се избрани вкупно 340 делегати,… Continue reading СОБРАНИЕ НА СРМ