СКОК, Петар

СКОК, Петар (Јурково Село кај Жумберк, Хрватска, 1. Ⅲ 1881 – Загреб, 3. Ⅳ 1956) – хрватски лингвист, ономастичар со светски глас. Од 1892 г. до 1900 г. учел гимназија во Карловац. На Универзитетот во Виена (1900–1904) студирал романска и германска филологија. Бил средношколски професор во Бања Лука и библиотекар во Покраинскиот кралски музеј во… Continue reading СКОК, Петар

СКОЛИИ

СКОЛИИ (Сцолиидае) – големи ципокрилни инсекти. Нивните ларви паразитираат на други крупни инсекти. Женките се разликуваат од мажјаците по големината и по формата, Голема сколија имаат и свиени антени, по што го добиле името (сколиос гр. = крив, свиен), а крилјата им се рудиментирани или се без крилја. Најчест вид во Македонија е големата сколија… Continue reading СКОЛИИ

СКОЛОВРАНЦИ

СКОЛОВРАНЦИ (Стурнус) – род мали птици од фамилијата сколовранци (Стурнидае), од кои во Македонија се среќаваат два вида: обичен сколовранец (Стурнус вулгарис) и розов сколовранец (Стурнус росеОбичен сколовранец ус). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес“, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан Атлас оф тхе Бирдс оф тхе… Continue reading СКОЛОВРАНЦИ

Скопје

СКОПЈЕ – главен и најголем град во РМ, со 467.257 ж. (2002). Се наоѓа во Скопската Котлина, од двете страни на р. Вардар, на надморска височина помеѓу 220 и 400 м. Зафаќа површина од 7.820 ха. Има многу поволна сообраќајно-географска положба. Тој е гравитациски центар на целата држава. Од него водат современи патишта во повеќе… Continue reading Скопје

СКОПСКА АРТИЛЕРИСКА БРИГАДА

СКОПСКА АРТИЛЕРИСКА БРИГАДА (с. Лисиче, Велешко, септември – Скопје, втората половина на ноември 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ. При повторното заземање на Прилеп од германските сили (20. Ⅸ 1944) артилерискиот дивизион на Стјепан Златар се повлекол кон с. Лисиче (Велешко) и тука послужил како јадро за формирањето на Бригадата со командант Киро… Continue reading СКОПСКА АРТИЛЕРИСКА БРИГАДА

СКОПСКА ЕПАРХИЈА

СКОПСКА ЕПАРХИЈА – православна епархија. Во Ⅳ в. Скупи било митрополитско седиште, долго време под јурисдикцијата на солунскиот архиепископ. Со повелбата на Јустинијан И (15. Ⅳ 535) била основана самостојна црква Јустинијана Прима (до 545 г.). Во времето на Самуиловото Царство епархијата $ била потчинета на Охридската архиепископија. Со паѓањето на Скопје под Византија (1002),… Continue reading СКОПСКА ЕПАРХИЈА

СКОПСКА КОТЛИНА

СКОПСКА КОТЛИНА – се протега во северниот дел на Повардарјето, целосно во Вардарската тектонска зона. Претставува длабока и спуштена потонатина по должината на раседните линии. Таа е заградена од сите страни со висока планинска рамка и тоа: Скопска Црна Гора на север, Же-ден на запад и масивот на Јакупица (Мокра) на југ. Единствено спрема исток… Continue reading СКОПСКА КОТЛИНА

СКОПСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ

СКОПСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ (1944 – ) – прв архијереј бил Архиепископот Охридски и Македонски Доситеј (1958–1981), а потоа архиепископите Ангелариј (1981–1986), Гаврил (1986–1993), Михаил (1993– 1999) и Стефан (од 1999). Скопската епархија има над 150 храмови и 20 маСедиштето на Скопската епархија и Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје настири. Најпознати манастири… Continue reading СКОПСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ

СКОПСКА СЦЕНА

СКОПСКА СЦЕНА“ (Скопје, 4. Ⅺ 1935 – 5. Ⅳ 1937) – илустриран уметнички и општествен весник, на српски јазик. Издавачи биле месниот Народен театар, кината, вариетеата и Општинскиот дом. Сопственик и одговорен уредник: Миливој Соколовиќ и Бранко Бесариќ. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 105. С.… Continue reading СКОПСКА СЦЕНА

СКОПСКА ЦРНА ГОРА

СКОПСКА ЦРНА ГОРА – средновисока планина, која на територијата од Република Македонијасе протега со својот јужен дел. Се издига како хорст помеѓу: Скопската Котлина од југ, Кумановската од исток, Гниланската од север во Косово, Република Србија, и долината на реката Лепенец од запад. По нејзиното било се протега и границата помеѓу Република Македонијаи РС. Планината… Continue reading СКОПСКА ЦРНА ГОРА

СКОПСКИ ЗАБАВЕН ФЕСТИВАЛ

СКОПСКИ ЗАБАВЕН ФЕСТИВАЛ – прв фестивал на популарна музика во Македонија, првпат одржан во 1968 г. Своите први чекори и афирмација на него направиле голем број автори (Д. Масевски, С. Димитров, Љ. Константинов, К. Костов, А. Џамбазов, Љ. Бранѓолица, Д. Ѓаконовски, В. Димитров и др.), како и најголемиот број од пејачите што во шеесеттите и… Continue reading СКОПСКИ ЗАБАВЕН ФЕСТИВАЛ

СКОПСКИ ЗЕМЈОТРЕС

СКОПСКИ ЗЕМЈОТРЕС (Скопје, 26. Ⅶ 1963, 5 часот и 17 минути) & трет тектонски земјотрес во ова епицентрално подрачје, по настрадувањето на градот Скупи во непосредната близина (518) и Скопје (1555), овој пат со локална магнитуда 6.1. Истиот ден биле регистрирани уште 122 земјотреса. Од земјотресот имаше 1.070 загинати и 3.330 повредени граѓани (1.200 трајни… Continue reading СКОПСКИ ЗЕМЈОТРЕС

СКОПСКИ КОНГРЕС НА ТМОРО

СКОПСКИ КОНГРЕС НА ТМОРО (над с. Кнежево, Кратовско, 2/15. – 9/22. И 1905). Претседавал Ефрем Чучков. Расправал за идејната дејност на Организацијата, проект-уставите, правилниците за четите, финансирањето, надворешните влијанија и односот кон пропагандите. Биле разгледувани и економски и социјални прашања, состојбите во основното образование, хигиената и здравјето на населението. ЛИТ.: Димитар Димески, Конгресот на Скопскиот… Continue reading СКОПСКИ КОНГРЕС НА ТМОРО

СКОПСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД

СКОПСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД (месноста Чифлик во Скопскиот парк, 22. Ⅷ 1941 – кај с. Злокуќани, Скопско, 2. Ⅺ 1941) – прва партизанска единица на НОБ. Бил формиран по одлуката на илегалното Јунско партиско советување на Скопската организација на КП во Македонија (22. Ⅵ 1941) за почеток на оруженото востание. Одредот бил формиран од 12… Continue reading СКОПСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД

СКОПСКИ ПРАЗНИЧЕН МИНЕЈ

СКОПСКИ ПРАЗНИЧЕН МИНЕЈ – пергаментен кирилски ракопис од ⅩⅤⅠⅠⅠ–ⅩⅣ в., поврзан со глаголската писмена традиција. Во минатото се чувал во библиотеката на Скопската митрополија, но подоцна е однесен во Бугарија и се наоѓа во ракописната збирка на софиската Народна библиотека „Кирил и Методиј“ Чествување на местото на формирањето на Скопскиот народноослободителен партизански одред (22. Ⅷ… Continue reading СКОПСКИ ПРАЗНИЧЕН МИНЕЈ

СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ

СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ – еден е од најпознатите музички фестивали во Македонија што стекна меѓународна репутација. Покренат е во 1982 г. и од тогаш се одржува во својот редовен термин во третата недела од октомври. Својот европски углед го Плакат од јубилејното 25-то издание на Скопскиот џез фестивал (2006) ните светски џез-музичари што во четвртвековната… Continue reading СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ

СКОПСКО КРАИШТЕ

СКОПСКО КРАИШТЕ – привремена османлиска воено-административна единица, основана по 1391/92 г. Прв краишник (учбег) бил пашата Јигит-бег, наследен од потомците Исхак-бег и Иса-бег. Постепено се проширило над Рашка и во некои делови од Србија и од Босна (составено од седум вилаети). Расформирано по заземањето на Босна (1463). ЛИТ.: Д. Ѓорѓиев, Скопје од турското освојување до… Continue reading СКОПСКО КРАИШТЕ

СКОПСКО ЛЕТО

СКОПСКО ЛЕТО – културна манифестација. Се одржува секое лето во Скопје (од 21. Ⅵ до 2. Ⅷ), на бројни локации во градот. Опфаќа повеќе области: класична музика, џез и соул, фолклор, балет, театар, филм, архитектура, ликовни изложби, фотографија. Основана во 1980 г. од Културно-просветната заедница на град Скопје, која е трансформирана (1997) во Дирекција за… Continue reading СКОПСКО ЛЕТО

СКОПСКО НАУЧНО ДРУШТВО

СКОПСКО НАУЧНО ДРУШТВО (Скопје, 25. Ⅲ 1921) – основано по иницијатива и со ангажирање на Тихомир Ѓорѓевиќ, професор на Белградскиот универзитет. За прв претседател бил избран Тихомир Остоиќ, декан на Филозофскиот факултет во Скопје, а по неговата смрт бил избран Радослав Груиќ, исто така декан на Филозофскиот факултет во Скопје. До 1925 г. Друштвото немало… Continue reading СКОПСКО НАУЧНО ДРУШТВО

СКОПСКО-ПРИЗРЕНСКА БИЈА НА РИМОКАТОЛИЧКАТА ЦРКВА

СКОПСКО-ПРИЗРЕНСКА БИЈА НА РИМОКАТОЛИЧКАТА ЦРКВА – организација на католичкото население од Македонија, Косово и Метохија, основана кон крајот на ⅩⅠⅩ в., со центар во Призрен. Била организирана за потребите на католичкото население од римскиот обред, но во текот на ⅩⅩ в., во контекст на многубројните политички промени во подрачјето, повремено под нејзина надлежност било и… Continue reading СКОПСКО-ПРИЗРЕНСКА БИЈА НА РИМОКАТОЛИЧКАТА ЦРКВА

СКОРПИИ

СКОРПИИ (Сцорпионес) – најкрупни пајаковидни организми. Во народот се познати и како акрепи. Населуваат топли и суви места. Телото им е издолжено, на главата имаат добро развиени вилични ножиња (педипалпи), кои завршуваат со клешти за прифаќање на храната. Стомакот на предниот дел е поширок, а во зад-Плакат од „Скопско лето“ (2007) стекна благодарение на извонредниот… Continue reading СКОРПИИ

СКОРПИИ, ЛАЖНИ

СКОРПИИ, ЛАЖНИ (Псеудосцорпионес) – ситни организми што личат на скорпии, но се без отровен апарат. Ги има околу 1.500 видови. Поседуваат ситни клешти со кои ја прифаќаат храната. Најчесто ги насеКнижна лажна скорпија луваат мововите, растителните отпадоци во шумите, под камења, а често се среќаваат и во човечки домови (под стари книги, слики и сл.).… Continue reading СКОРПИИ, ЛАЖНИ

СКОТИ, Ѓакомо

СКОТИ, Ѓакомо (Гиацомо Сцотти) (Савијано, кај Неапол, Италија, 8. Ⅵ 1928) – италијански поет, преЃакомо Скоти ведувач, литературен критичар и антологичар. Има објавено над сто литературни дела. Преведувач од македонски на италијански на првата Антологија објавена во странство (Сиена, 1965). Потоа во превод на италијански ги објавил и книгите: Македонски раскажувачи (Сиена, 1967), Македонски народни… Continue reading СКОТИ, Ѓакомо