РАКОВИ, ВЕСЛОНОГИ

РАКОВИ, ВЕСЛОНОГИ (Цопепода) – планктонски ракчиња. Група ситни организми; ги населуваат морските и копнените води; голем број се паразити. Познати се околу 7.000 веслоноги раската секција на ИЕЕЕ. Тој е ав-кови. Во Македонија се регистрирани 140 таксони (136 видови и 4 подвидови), од кои 16 таксони се ендемични. Поткласата веслоноги ракови е претставена со 3… Continue reading РАКОВИ, ВЕСЛОНОГИ

РАКОВИ, ВИШИ

РАКОВИ, ВИШИ (Малацостраца) – крупни организми снабдени со оклоп. Се разликуваат од сите други ракови според низа особености во градбата и во големината на телото. Имаат константен број сегменти – 20. Поткласата опфаќа околу 20.000 видови. Оваа група организми во Македонија покажува многу висок степен на ендемизам (79%). Од познатите 95 таксони, 75 се ендемични.… Continue reading РАКОВИ, ВИШИ

РАКОВИ, ЖАБРОНОГИ

РАКОВИ, ЖАБРОНОГИ (Бранцхиопода) – најпримитивни рецентни видови ракови. Живеат во слатки води, со исклучок на некои видови во морските води. Обично ги населуваат малите темпорални води. Опфаќаат околу 800 видови, различни по големина (од микроскопски до 10 цм). Во Македонија оваа поткласа е застапена со 105 видови, подредени, во зависност од градбата на черупката, на… Continue reading РАКОВИ, ЖАБРОНОГИ

РАКОВСКИ, Павле

РАКОВСКИ, Павле (с. Долна Клештина, Воденско, Егејскиот дел на Македонија, 24. Ⅴ 1913 – Скопје, 9. Ⅱ 1990) – деец на македонското национално движење и на грчкото комунистичко движење. Учесник во антифашистичкиот отпор. Во периодот на Втората светска војна составил азбука од 25 букви во духот на македонски-РАКОМЕТОТ ВО МАКЕДОНИЈА. Се јавува во 30-тите години… Continue reading РАКОВСКИ, Павле

РАЛЕВ, Георги Х

РАЛЕВ, Георги Х. (с. Света, Крушевско, 1875 – месност Водениците, Крушевско, 20. Ⅴ 1911) – учесник во Илинденското востание. Бил во четата на Н. Русински (1901) и на В. Марков (1902). Во Илинденското востание се борел во четата на И. Наумов-Алабакот, а по востанието во четата на Ѓ. Наумов-Пљакот, И. Наумов-Алабакот и на Блаже Биринчето.… Continue reading РАЛЕВ, Георги Х

РАМАДАНИ, Хисен

РАМАДАНИ, Хисен (с. Пирок, Тетовско, 3. И 1933) – политичар. Дипломирал на Високата школа за политички науки во Белград. Бил учител, наставник, директор на основно училиште и просветен советник во Околискиот завод за школство во Тетово, член на Тетово, член на Општинскиот комитет на СКМ и претседател на Општинскиот одбор на ССРНМ во с. Жеровјане.… Continue reading РАМАДАНИ, Хисен

РАМАДАНИ, Хиџет

РАМАДАНИ, Хиџет (Хиџхет Рамадани) (с. Лисец, Тетовско, 2. Ⅹ 1924 – Скопје, 1990) – правник и политичар. Бил учесник во НОАВМ (од 1944) како инструктор на Околискиот комитет на СКОЈ во Тетово. По Ослободувањето бил учител (1945–1955), член на КПМ (од 1947), референт на Околискиот народен одбор во Тетово, претседател на Народниот одбор на Општината… Continue reading РАМАДАНИ, Хиџет

РАМИЌЕВИЌ, Исмет

РАМИЌЕВИЌ, Исмет (Дубница, Србија, 2. Ⅶ 1960) – скулптор, професор на Факултетот за ликовни уметности. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (1984). Самостојно излагал во Скопје, Сараево, Мостар. Работел скулптури во метал, камен и дрво. Од средината на деведесеттите години работи инсталации и амбиенти во кои употребува ефемерни и секојдневни материјали, главно весници… Continue reading РАМИЌЕВИЌ, Исмет

РАМКОВСКИ, Велија

РАМКОВСКИ, Велија (с. Дебреште, Прилепско, 4. Ⅱ 1947) – економист и стопанственик. Неговото семејство се преселило во Битола (1952), каде што завршил средно економско училиште, а потоа дипломирал на Економскиот факултет во Скопје (1970). Работел во неколку општествени претпријатија во Скопје (1972–1990), а потоа ја формирал најголемата приватна фирма во СФРЈ „Унипроком“ (Скопје, 1990), која… Continue reading РАМКОВСКИ, Велија

РАМО, шукри

РАМО, шукри (Сукру Рамо) (Штип, 28. Ⅺ 1918 – Скопје, 18. Ⅺ 1988) – поет, раскажувач, литературен критичар од турската националност во РМ; учесник во НОБ (од 1943). УШТЕ како политички комесар пишувал песни со тематика од НОБ. Бил прв главен и одговорен уредник на весникот „Бирлик“. Бил потпретседател на Собранието на СРМ и делегат… Continue reading РАМО, шукри

РАМОНДА, НАТАЛИЕВА

РАМОНДА, НАТАЛИЕВА (Рамонда Натхалиае Панциц & Петровиц) – терцијарен флористички реликт од тропската фамилија Геснериацеае. Се развива во клисурите на реката Вардар и притоките (Треска, Пчиња, Тополка, Бабуна, Црна Река), што припаѓаат на егејскиот слив, како и на планините Скопска Црна Гора, Јакупица, Ниџе, Добра Вода и други. Се наоѓа на светската црвена листа на… Continue reading РАМОНДА, НАТАЛИЕВА

РАМОНДА, СРПСКА

РАМОНДА, СРПСКА (Рамонда сербица Панциц) – терцијарен флористички реликт од тропската фамилија Геснериацеае, познат само за клисурата на Мавровска Река, Радика, Црн Дрим, кои припаѓаат на јадранскиот слив, и за планината Галичица. Се наоѓа на светската црвена листа на загрозени растенија (ИУЦН 1997 Ред Лист оф Тхреатенед Плантс). Вл. М. Јован Ранковиќ

РАНКОВИЌ, Јован

РАНКОВИЌ, Јован (Белград, 12. Ⅷ 1902 – 3. Ⅺ 1992) – архитект, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Белград (1927). Во Македонија живее и работи од 1952 до 1975 г. Покрај со педагошка дејност (го предава предметот проектирање на станбени и угостителски објекти), се занимава и… Continue reading РАНКОВИЌ, Јован

РАНКОВЦЕ

РАНКОВЦЕ – село во Кривопаланечко. Се наоѓа во северниот дел на Славишката Котлина, од двете страни на Ранковичка Река, на надморска височина од околу 500 м. Преку регионален пат е поврзано со магистралниот пат КумановоКрива Паланка. Има 1.192 ж. од кои 1.133 се Македонци и 53 ж. се Роми. Населението се занимаваа со одгледување житни… Continue reading РАНКОВЦЕ

РАПОПОРТ, Алфред

РАПОПОРТ, Алфред – австроунгарски дипломат (генерален конзул) во Скопје (1900– 1909), помошник на Хајнрих Милер при спроведувањето на Мирцштегските реформи. Автор на книгата „Во земјата на мачениците“ (Париз, 1927). Оваа книга е квалификувана како потресно сведоштво за едно неповторливо време, во неа се понудени факти и коментари за Македонија низ поглавјата: Илинден, Мирцштег, „Комитаџиите“, Битола,… Continue reading РАПОПОРТ, Алфред

РАСОЛКОСКА, Загорка Николовска

РАСОЛКОСКА, Загорка Николовска (Прилеп, 21. Ⅶ 1932) – историчар на уметноста. Дипломирала на Филозофскиот факултет – Група историја на уметноста во Белград (1958), по што се вработила во Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје. До пензионирањето (1995) била основач и раководител на Одделот за уметност во Музејот на Македонија. Како истражувач на средновековната уметност, била… Continue reading РАСОЛКОСКА, Загорка Николовска

РАСТЕНИЈА ВО ФЛОРАТА НА РМ

РАСТЕНИЈА ВО ФЛОРАТА НА Република Македонија . (Цормопхѕта, грч. цормус-стебло и пхѕтон-растение) – најголема група во растителниот свет, сложени повеќеклеточни организми приспособени на сувоземен начин на живеење. Во текот на еволуцијата, кај нив се појавиле посебни органи и ткива (стебло, корен, листови, епидермис, стоми, кутикула, спроводни ткива и друго). Флората на вишите растенија на РепубликаContinue reading РАСТЕНИЈА ВО ФЛОРАТА НА РМ

РАТЕВКА

РАТЕВКА“ – македонско народно оро за мешан состав со 7/16 (3,2,2) ритам. Најчесто се игра во Малешевско, со држење на играчите за рацете, слободно долу спуштени. Се игра во полукруг, полетно, со мали чекори на полустапалата и со потсконување и доскокнување. ЛИТ.: Михаило Димоски, Македонски народни ора, Скопје 1977, 132. Ѓ. М. Ѓ. Вештачката акумулација… Continue reading РАТЕВКА

РАТЕВО

РАТЕВО – вештачка акумулација на Ратевска Река. Се наоѓа 6 км југоисточно од Берово, изградена во 1971 г. Браната е лачногравитациона бетонска, со должина на круната од 194 м, широчина 1,5 м и височина над теренот од 53 м. Котата на максималното ниво на акумулацијата е на височина од 985,75 м, на нормалното ниво на… Continue reading РАТЕВО

РАФАИЛ

РАФАИЛ – охридски архиепископ (8. Ⅵ 1699 – ок. 1702), со фанариотска определба. Претходно бил херсонски епископ. Спомнат е како пастироначалник (1699), а самиот се нарекувал и патријарх. Како странец, не бил прифатен од верниците и бил принудно сменет од архиепископот Герман. ЛИТ.: Иван Снегаров, Историџ на Охридската архиепископиџ, т. 2. От падането $ под… Continue reading РАФАИЛ

РАФИНЕРИЈА ОКТА

РАФИНЕРИЈА „ОКТА“ – Скопје – единствена рафинерија на сурова нафта, но и дистрибутер на нафтени деривати во РМ. Проектирана е од 1978 г., изградена е во 1980 г. како Рафинерија „Скопје“, а почнува со работа на процесните постројки од 1982 г. Во 1990 г. е трансформирана во акционерско друштво, од 1995 г. е преименувана во… Continue reading РАФИНЕРИЈА ОКТА

РАХИМИ, шукри

РАХИМИ, шукри (Схукри Рахими) (с. Несалце, Бујановац, Србија, 8. Ⅺ 1925) – историчар, унив. професор. Основно училиште завршил во родното село (1932–1936). Бил учесник во НОАВС како борец на Албанско-прешевската НО бригада и на Седумнаесеттата српска НО бригада (1944 – ав-густ 1945), Дваесет и четвртата српска НО бригада и Четириесет и првата (македонска) дивизија на… Continue reading РАХИМИ, шукри

РАЦИН , Кочо

РАЦИН (СОЛЕВ), Кочо (Костадин, Коста) Апостолов (Велес, 2. Ⅺ 1908 – Лопушник, Кичевско, 13. Ⅵ 1943) – поет, раскажувач, есеист, културноисториски истражувач, публицист, општествено-политички деец, марксистички филозоф, национален трибун и партизански борец. Основното образование (на бугарски и на српски јазик) го завршува во родниот град, но во втори клас ја напушта гимназијата и му помага… Continue reading РАЦИН , Кочо

РАШАНЕЦ

РАШАНЕЦ (1903) – големо востаничко засолниште (збег) во Охридско, во планинскиот предел Гр-мешница, познато и како Марково Долче. Во Илинденското востание тука нашле засолниште околу 1.700 лица од охридско-струшките села. Османските војски и башибозукот ја пробиле одбраната и извршиле масакр (13. Ⅸ 1903) на 190 жени, деца и старци. Ал. Тр. ’РБЕТНИЦИ (Вертебрата) – пот-тип… Continue reading РАШАНЕЦ