ПРОЧКА (Проштен, Велики поклади) – еден од најголемите христијански православни празници, веднаш по Божик и Велигден. Секогаш е седум недели пред Велигден и со неа започнуваат долгите Велигденски или Велики пости, период исполнет со многу обичаи и верувања, со многу одречувања и надежи за дочек на Христово воскресение – Велигден, за причесна и идентификација со… Continue reading ПРОЧКА
Tag: П
ПРОШЕВ, Тома
ПРОШЕВ, Тома (Скопје, 10. Ⅺ 1931 – остров Зларин, Хрватска, 12. Ⅸ 1996) – композитор. Еден од најистакнатите автори во македонската современа музика. Студира во Загреб и во Љубљана (Л. М. шкерјанц), каде што ги завршува и постдипломските студии по композиција. Се усовршува кај Н. Буланже во Париз. Работи како професор во Загреб (1959-1967), а… Continue reading ПРОШЕВ, Тома
ПСАЛТИР НА ДИМИТАР
ПСАЛТИР НА ДИМИТАР (ОЛТАРНИК) – глаголички псалтир, ⅩⅠⅠ в. (Тарнанидис) или Ⅺ в. (Велчева), 145 л. Откриен во 1975 г. во ман. „Св. Катарина“ на Синај, каде што се чува под сигн. Слав. МС 3/Н. Атрибутот Олтарник го реконструира Тарнанидис од почетното ОЛ…. во записот на писецот, но постои и аргументирано мислење дека тој треба… Continue reading ПСАЛТИР НА ДИМИТАР
ПСЕЛАФИДИ
ПСЕЛАФИДИ (Пселапхидае) – ситни тврдокрилни инсекти. Телото им е со должина 0,9-3,5 мм, со кратки крилја; живеат под шумска стеља, во мовови и под земја во заедница со мравки. Во Македонија се регистрирани повеќе видови од Пселафид (Еуплецтус) родовите Еуплецтус и Плецтопхлеус, од кои 7 се ендемични. ЛИТ.: Зора Караман, Ревизион дес Трибус Тѕцхини (Цол.… Continue reading ПСЕЛАФИДИ
ПСИХОЛОГИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА
ПСИХОЛОГИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА – наука што го изучува однесувањето и менталните содржини на личноста. Во Македонија научното изучување на психологијата, со ретки исклучоци, започнува со основањето на Институтот за психологија на Филозофскиот факултет во Скопје (1974), кој со текот на времето се разви во респектабилен центар за вршење научни истражувања во повеќе психолошки дисциплини. Прв… Continue reading ПСИХОЛОГИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА
ПСМАЛ Ⅱ
ПСМАЛ Ⅱ (Публиц Сецтор Манагемент Адјустмент Лоан). Најпосле, во август 2005 г. е склучен тригодишен стенд-бај аранжман со ММФ за поттикнување на реформите во судството, пазарот на трудот, јавните финансии и финансискиот сектор. Во истата година Македонија склучува два аранжмана со Светската банка – т.н. БЕРИС (Бусинесс Енвиронмент Реформ анд Институтион Стренгхтенинг Пројецт) и ПДПЛ… Continue reading ПСМАЛ Ⅱ
ПСОМОР
ПСОМОР (ЛУШТРИКА) (Периплоца граеца Л., фам. Асцлепиадацеае) – листопадна лијана (ползавец) со ареал во Јужна Европа и во Западна Азија. Листовите се спротивно поставени, издолжено елипсовидни, сјајнозелени, со цел раб. Цветовите се зеленикави до виолетови, во Ползавецот псомор (Периплоца граеца) соцветија, а плодот е долга чушка. Стасува во крајречни, влажни терени, а може да исползи… Continue reading ПСОМОР
ПТИЦИ
ПТИЦИ (Авес) – класа од поттипот ’рбетни животни (Вертебрата), кај кои предните екстремитети се претворени во крилја, а задните служат за движење на копно или за пливање во вода. Од сите други ’рбетници се разликуваат и по тоа што телото им е покриено со пердуви. Според својата анатомска градба тие се многу блиски со влекачите… Continue reading ПТИЦИ
ПТИЧКИ, ИНДИСКИ
ПТИЧКИ, ИНДИСКИ (Зѕгаенидае) – ноќни шарени пеперуги. Лесно се забележуваат по својата контрасна обоеност (црвено и црно). Боите се предупредувачки за предаторите (птиците), кои ги одбегнуваат пора-Индиска птичка ди нивниот (Зѕгаена филипендулае) непријатен вкус. Активни се преку ден. Во Македонија се среќаваат 29 таксони, од кои 9 се ендемични. Најпознати се видовите: Зѕгаена пурпуралис Брüн… Continue reading ПТИЧКИ, ИНДИСКИ
ПТОЛЕМАИДИ
ПТОЛЕМАИДИ (323 г. пр.н.е. – 30 г. пр.н.е.) – македонска династија, владееле со Египет. Основач на династијата бил првиот владетел Птолемај, син на Лаг, роден во Еордаја, воспитуван на македонскиот дворец, еден од хетајрите и близок соработник на Александар Ⅲ Македонски. Се истакнал како војсководец во повеќе битки на Истокот. Походот на Александар Македонски го… Continue reading ПТОЛЕМАИДИ
ПТОЛЕМАЈ Кераун
ПТОЛЕМАЈ Кераун (Молња) (281–280/79 г. ст. е.) – македонски крал, постариот син на Птолемај И Лаг и Евридика, ќерка на Антипатар. Учествувал во битките меѓу епигоните за превласт во Македонија, Тракија и Мала Азија. Кај Дарданелите го нападнал Селевк, владетелот на азиските поседи, кој се прогласил за крал пред тој да пристигне во Македонија. На… Continue reading ПТОЛЕМАЈ Кераун
ПУЛЕВСКИ, Ѓорѓија М
ПУЛЕВСКИ, Ѓорѓија М. (Галичник, 1822/23 – Софија, 13. Ⅱ 1893) – печалбар-ѕидар, комита, доброволец во Српско-турската и војвода во Руско-турската војна, востаник и војвода во Кресненското македонско востание, но амбициозен автодидакт – учебникар, лексикограф, граматичар, историчар, поет и собирач и објавувач на народното творештво и преродбенски идеолог на македонското национално будење и револуционерно ослободително движење.… Continue reading ПУЛЕВСКИ, Ѓорѓија М
ПУЛИЈАН, Тоде
ПУЛИЈАН, Тоде – еден од поистакнатите меѓу повеќето „мали и големи“ ктитори на црквата „Св. Спас“ во с. Лескоец (Охридско). Неговиот портрет и портретот на неговата сопруга Вулка се насликани во 1461/62 г. на јужниот ѕид на црквата. Ктиторот Тоде е претставен како молитвено се обраќа кон св. Никола и кон св. Климент Охридски, а… Continue reading ПУЛИЈАН, Тоде
ПУЛС
„ПУЛС“ – неделник со граѓанска ориентација конципиран како комбинација на политички седмичник со лајф содржини. Првиот број, издавач НИП „Нова Македонија“, излегол на 21. И 1991 г. Прв главен и одговорен уредник Слободан Петровиќ, последен Мирче Томов-Неделникот „Пулс“ ски. Престана да излегува во мај 2003 г. изнудено со ликвидацијата на НИП „Нова Македонија“ а.д. Обидот… Continue reading ПУЛС
ПУЉОПУЛОС, Пантелис
ПУЉОПУЛОС, Пантелис (Тиваико, Тесалија, 1900 – Нексеро, 1943) – секретар на ЦК на КПГ (1924–1926). Во однос на македонското национално прашање ја спроведувал политиката на Коминтерната за „Обединета и независна Македонија“ (1924–1935). Во 1940 г. во логорот во Акронавплија напишал граматика на македонскиот јазик и одделна статија „За македонското прашање“, со која на македонскиот народ… Continue reading ПУЉОПУЛОС, Пантелис
ПУНТЕС
ПУНТЕС (Ⅺ в.) – нормански гроф и војсководец. Заедно со Петар Алифа, испратени од Боемунд Тарентски да ги освојат Полозите и Скопје (во есента на 1082). Воспоставил норманска власт во Скопје, но подготвувал предавство (во зимата на 1082/1083), бил откриен, но успеал да избега кај царот Алексиј И Комнин. ЛИТ.: А. Тончев, Италианските Нормани и… Continue reading ПУНТЕС
ПУПАВКА, ЗЕЛЕНА
ПУПАВКА, ЗЕЛЕНА (Аманита пхаллоидес (Ваилл.: Фр.) Сецр.) – една од најотровните габи и предизвикувач на многу труења со смртни последици. Често се заменува со шампињон. М. К. Михајло Пупин
ПУПИН, Михајло
ПУПИН, Михајло (Извор, Панчево, Србија, 4. Ⅹ 1854 – Њујорк, ⅩⅠⅠ 1935) – физичар, ред. проф. по математичка физика на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Без средства во 1874 г. пристигнал во САД. Упорно работел и учел и дипломирал (1883) на тогашниот Колеџ Колумбија. Специјализирал во Кембриџ и Берлин и докторирал (1889) кај Хелмхолц со студија… Continue reading ПУПИН, Михајло
ПУПУНЦИ
ПУПУНЦИ (Упупидае) – фамилија долгоклунести птици со широки крилја од редот на сивоврановидни птици (Цорацииформес). Кај нас се среќава само еден вид, пупунец (Упупа епопс), кој населува топли суви терени во ретки широколисни шуми и шу-Пупунец мостепи. ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „Бирд Лифе Интернатионал Цонсерватион Сериес“, 12, Цамбридге, 2004;… Continue reading ПУПУНЦИ
ПУРЕЛКУ, Халим
ПУРЕЛКУ, Халим (Халим Пурелку) (с. Тихин, Кичевско, 5. Ⅺ 1952) – историчар. Основно училиште завршил во с. Србица, Кичевско, а учителска школа во Скопје. Дипломирал на Филозофскиот факултет (отсек Историја) на Универзитетот во Приштина (1997). Магистрирал на тема „Кичево со околината помеѓу двете светски војни (1918-1941)“ (1985) и докторирал на тема „Политичко-воените прилики во албанските… Continue reading ПУРЕЛКУ, Халим
ПУРОВСКА-ВЕЛЕВСКА, Зоица
ПУРОВСКА-ВЕЛЕВСКА, Зоица (Скопје, 16. Ⅸ 1956) – балерина. Балетското образование го добива во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, во класата на Е. Кушовска. Заминува на специјализација во Москва (1975-1976). Член на Балетот при МНТ како солистка (1974-2000), а набргу и првенка. П.-В. се истакнува со сигурна и чиста класична техника, бравурозност, облагородена со Зоица Пуровска-Велевска… Continue reading ПУРОВСКА-ВЕЛЕВСКА, Зоица
ПУСТИНОЖИТЕЛИ македонски
ПУСТИНОЖИТЕЛИ македонски – припадници на т.н. еремитско или анахоретско монаштво – лично служење на христијанската вера (подвизништво) манифестирано со осаменички, аскетски и испоснички живот. Под влијание на ранохристијанското еремитско монаштво во Византија (преку Света Гора) во Ⅺ в. во северните краишта на Македонија заживеало подвизништвото на четворица пустиножители-преподобните Јоан Рилски, Јоаким Осоговски (Сарандапорски), Прохор Пчињски… Continue reading ПУСТИНОЖИТЕЛИ македонски
ПУХАН, Иво
ПУХАН, Иво (Пакрац, Хрватска, 28. Ⅲ 1916 – Скопје, 1999) – универзитетски професор, правник. Основно училиште завршил во родното место, а гимназија во Загреб. Дипломирал на Правниот факултет во Белград (1946). По дипломирањето бил избран за асистент по предметот римско право на Правниот факултет во Белград (1947), каде што и докторирал на тема „Историјата на… Continue reading ПУХАН, Иво
ПУЦКОВА, Добрила
ПУЦКОВА, Добрила (Куманово, 6.Ⅵ 1926 – Скопје, 23. Ⅱ 2007) – актерка. Во Драма на МНТ од 1945 г. до пензионирањето (1982). УЛОГ: Дездемона („Отело“); Анжелика („Вообразен болен“); Магдалена („Домот на Бернарда Алба“); Коштана во истоименото дело; Анжелика („Господа Глембаеви“); Неда („Црнила“); Дара (Госпоѓа министерка“); Валја („Платон Кречет“); Стојанка и Ефка („Чорбаџи Теодос“); Ленче („Бегалка“);… Continue reading ПУЦКОВА, Добрила