ПОВЕЛБА „Д-Р ТРИФУН ПАНОВСКИ“ – признание што се доделува на членови на МЛД за исклучителни резултати постигнати во подолг временски период во унапредувањето на медицинската наука и практика, во развојот на здравствената служба, како и во остварувањето на целите на МЛД. Се доделува од 1985 г. К. К.-П.
Tag: П
ПОВИТ
ПОВИТ (Цлематис Л., фам. Ранунцулацеае) – растение од род со околу 200 вида, од кои најголемиот број се лијани (ползавци). Имаат спротивно поставени, сложени или прости листови. Цветовите се единечни или во Халожина (Цлематис витицелла Л.) соцветија, плодот е ахенија. Во РМ природно се застапени три вида од сите ползавци: Ц. виталба Л. – повит;… Continue reading ПОВИТ
ПОВРШИНСКА ОБРАБОТКА НА ДРВОТО
ПОВРШИНСКА ОБРАБОТКА НА ДРВОТО – еден од последните технолошки процеси во производството на финални производи од дрво (мебел, ентериер и друго). Површинската обработка овозможува заштита на дрвените површини и промена на декоративниот изглед на површините, што се постигнува со примена на различни материјали и методи. Површинската обработка на финалните дрвени производи може да биде: транспарентна,… Continue reading ПОВРШИНСКА ОБРАБОТКА НА ДРВОТО
ПОГОВОРКА/ПОСЛОВИЦА
ПОГОВОРКА/ПОСЛОВИЦА – краток жанр на усното народно творештво. Таа е одраз на секојдневниот живот на народот, на неговата мудрост и филозофија. Во себе содржи одредено животно искуство и нуди одредени правила на однесување. Во неа се опфатени сите позначајни моменти од животот на човекот, од раѓањето до смртта, така што тука нашле место неговите занимања,… Continue reading ПОГОВОРКА/ПОСЛОВИЦА
ПОГОДИНОВ ПСАЛТИР
ПОГОДИНОВ ПСАЛТИР – кирилички псалтир со коментар на Хесихиј Ерусалимски од ⅩⅤⅠⅠⅠ в., 278 л., С.-Петербург, РНБ, сигн. Пог. 8. Калиграфски ракопис со богата орнаментика. Препишан од двајца писци од архаична предлошка, најверојатно во некој од југоисточните македонски центри, на што укажуваат јазичните особености. Правописот е двуеров четиријусов, вокализацијата на еровите најчесто се однесува на… Continue reading ПОГОДИНОВ ПСАЛТИР
ПОДБРАДЕЦ
ПОДБРАДЕЦ – дел од невестинското китло. Се закачува за челенката и се носи околу брадата. Тој е нанижан со метални пари и карагрошеви – големи сребрени монети, а на нив се нанижани ситни пари – монети. Ј. Р.-П. Видое Подгорец
ПОДГОРЕЦ, Видое
ПОДГОРЕЦ, Видое (с. Колешино, Струмичко, 8. Ⅵ 1934 – Скопје, 14. Ⅳ 1997) – поет, раскажувач, романсиер, автор за деца и младина, патописец, преведувач, антологичар. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Бил уредник во „Детска радост“ и главен уредник и директор на НИК „Наша книга“. Еден од најплодните македонски автори. Во поезијата за возрасни низ префинета… Continue reading ПОДГОРЕЦ, Видое
ПОЖАР, Хрвое
ПОЖАР, Хрвое (Поûар, Хрвоје) (Книн, Хрватска, 1916 – Загреб, 30. Ⅵ 1991) – ел. инж., д-р на технички науки, ред. проф. на ЕТФ во Загреб, редовен член и главен секретар на ЈАЗУ, главен уредник на „Техничката енциклопедија“, член на МАНУ надвор од работниот состав (1986). Книги: „Економска распределба на оптоварувањата во ЕЕС“, „ВН разводни постројки“,… Continue reading ПОЖАР, Хрвое
ПОЗОРИШНИ ЛИСТ
„ПОЗОРИШНИ ЛИСТ“ (Скопје, септември 1939 – 15. Ⅸ 1940) – весник на скопското Народно позориште. Излегувал двапати ме-сечно. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 94. С. Мл.
ПОЈАВУВАЊЕТО И РАСТЕЖОТ НА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА
ПОЈАВУВАЊЕТО И РАСТЕЖОТ НА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА – збогатување на стопанската структура со индустриски претпријатија, оформување и развој на индустријата како посебна дејност. Индустријата претставува стопанска дејност (сектор) што во период подолг од 200 години го зазема приоритетното место во економијата. Пои-мот има латинско потекло и се користи за да се означи преработката на суровините… Continue reading ПОЈАВУВАЊЕТО И РАСТЕЖОТ НА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА
ПОЈАС
ПОЈАС – дел од народната носија. Најчесто бил волнен, ткаен четворно, со алова или со морава боја на основата. Бил долг 3 до 4 м, со широчина од 15–20 цм, а најчесто бил орнаментиран со прави хоризонтални шарки и мотиви на окца и кутијке. Во долниот дел (којшто не се гледал) бил орнаментиран со прави… Continue reading ПОЈАС
ПОКЛАДИ
ПОКЛАДИ – обичајно-обредни свечености на семејството спроти големите пости. Тоа е последен ден кога се блажи пред повеќедневните пости. Бидејќи има четири вакви пости, има и четири денови наречени поклади: Божикни поклади (27/14. Ⅺ), пред велигденските пости се Велики или Проштени поклади, пред Петровден – Петрови поклади, кои секогаш започнуваат една недела по Духовден и… Continue reading ПОКЛАДИ
ПОКРАИНСКИ КОМИТЕТ НА КПЈ ЗА МАКЕДОНИЈА
ПОКРАИНСКИ КОМИТЕТ НА КПЈ ЗА МАКЕДОНИЈА (1940– 1943) – централно раководство на македонските комунисти. Прв ПК на КПЈ за Македонија бил формиран под раководство на Методија шаторов-шарло (8. Ⅸ 1940). Со одлука на ЦК на КПЈ (Ⅷ 1941) тој бил сменет и бил избран нов ПК во состав: Лазар Колишевски или Бане Андреев како организационен… Continue reading ПОКРАИНСКИ КОМИТЕТ НА КПЈ ЗА МАКЕДОНИЈА
ПОЛАЗУВАЊЕ
ПОЛАЗУВАЊЕ (Полазник, Полазовен) – календарски обичај од зимскиот циклус празници околу Новата година. Тогаш се прогнозирала, но и се иницирала среќата и напредокот во наредниот период. Се верувало дека од тој што прв ќе влезе во куќата, ќе зависела среќата и напредокот на семејството. Ако е тој среќен, ќе донесе среќа и обратно. Ако прво… Continue reading ПОЛАЗУВАЊЕ
ПОЛВОВИ
ПОЛВОВИ (Глиридае) – фамилија ситни животни од редот глодари (Родентиа), од кои во Македонија се регистрирани три вида: полв лешникар (Мусцардинус авелланариус), обичен полв (Глис глис) и шумски полв (ДрОбичен полв ѕомѕс нитедула). ЛИТ.: С. Петковски –Б. Крѕстуфек, Цицачи на Македонија, Скопје, 1998; А. Ј. Мит-цхелл-Јонес, Г. Амори, Њ. Богдановицз, Б. Крѕстуфек, П. Ј. Х.… Continue reading ПОЛВОВИ
ПОЛЕНАК, Панта
ПОЛЕНАК, Панта (Гостивар, 1911 – Скопје, 1990) – правник, адвокат. Пред Втората светска војна дипломирал на Правниот факултет во Белград, а во времето на војната го положил адвокат-Панта Поленак ско-судскиот испит во Софија. Бил член на Градскиот НОО на Скопје (1944), формиран пред неговото ослободување. По Ослободувањето бил регистриран адвокат под бр. 1 на Адвокатската… Continue reading ПОЛЕНАК, Панта
ПОЛЕНАКОВИЌ, Билјана Ставрева
ПОЛЕНАКОВИЌ, Билјана Ставрева (Охрид, 10. Ⅱ 1944) – лекар биохемичар, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (од 1999). Дипломирала на Мед. ф. (1969). Специјалист по клиничка биохемија (од 1976), докторирала (1987) од подрачје на криоглобулините. Се усовршувала во САД, Англија, Холандија и Унгарија. Држела додипломска и постдипломска настава на Мед. ф., на Фарм. ф.… Continue reading ПОЛЕНАКОВИЌ, Билјана Ставрева
ПОЛЕНАКОВИЌ, Момир Харалампиев
ПОЛЕНАКОВИЌ, Момир Харалампиев (Скопје, 26. Ⅳ 1939) – интернист-нефролог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (од 1988). Дипломирал на Мед. ф. во Скопје (1963). Се вработил на Интерната клиника при Мед. ф. во Скопје во 1965 г., каде што ја завршил специјализацијата по интерна медицина (1969). На усовршување-супспецијализација од подрачјето на нефроимунопатологијата бил во… Continue reading ПОЛЕНАКОВИЌ, Момир Харалампиев
ПОЛЕНАКОВИЌ, Радмил Момиров
ПОЛЕНАКОВИЌ, Радмил Момиров (Скопје, 14. Ⅲ 1967) – машински инженер, универзитетски професор. Дипломирал на Машинскиот факултет во Скопје (1986–1991), магистрирал технички науки на истиот факултет од областа на ергономијата (1991–1994), специјализирал на Државниот универзитет Аризона во Темпли, САД (1995– 1996) и докторирал на технички науки на Машинскиот факултет во Скопје од областа на менаџментот (1996–2001).… Continue reading ПОЛЕНАКОВИЌ, Радмил Момиров
ПОЛЖАВ, ЛОЗАРСКИ
ПОЛЖАВ, ЛОЗАРСКИ (Хелиџ поматиа Л.) – мекотел кај којшто се разликува глава, труп и стапало. На главата има два пара пипала, на чиј врв се наоѓаат очите. Телото е заштитено со крупна конусна черупка. Живее во Лозарски полжав градини и во паркови со карбонатна подлога. Се храни со разни треви. Презимува закопан вземи. Распространет е… Continue reading ПОЛЖАВ, ЛОЗАРСКИ
ПОЛЖАВ, ШУМСКИ
ПОЛЖАВ, ШУМСКИ (Хелиџ луцорум Л.) – мекотел со черупка. Чест е во шумите. Поседува куќичка, по облик тркалезна, со жолтокафеава боја, со димензија од 3 до 4 цм. Се користи често во исхраната на човекот, зашумски полжав ради специфичниот и ароматичен вкус на месото. Се храни со шумски ароматични растенија. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на… Continue reading ПОЛЖАВ, ШУМСКИ
ПОЛЖАВИ
ПОЛЖАВИ (Гастропада) – мекотели организми со тело составено од глава, труп и стапало, сместени во черупка. Кај некои видови черупката отсуствува. Черупката кај разни видови е со различен облик (висока, кратка, вретеновидна или цилиндрична). Отворот на черупката кај Полжав (Охридопѕргула мацедоница) некои видови се затвора со капаче (оперкулум). Се среќаваат на копно и во вода.… Continue reading ПОЛЖАВИ
ПОЛИТИКАТА НА ДЕВИЗНИОТ КУРС НА РМ
ПОЛИТИКАТА НА ДЕВИЗНИОТ КУРС НА РМ – збир на мерки и инструменти за формирање и одржување на интервалутарната вредност на денарот. Во периодот по прогласувањето на политичката независност, РМ с¢ уште е дел од монетарниот систем на СФРЈ, така што нема можност за водење автономна политика на девизниот курс. Сепак, уште во почетокот на декември… Continue reading ПОЛИТИКАТА НА ДЕВИЗНИОТ КУРС НА РМ
ПОЛИТИЧКИТЕ АТЕНТАТИ ВО МАКЕДОНИЈА
ПОЛИТИЧКИТЕ АТЕНТАТИ ВО МАКЕДОНИЈА – ненадејни и подмолни посегања по животот на поединци и групи од политички причини. Историските извори го потврдуваат нивното практикување уште при појавата на првите државни организации кај античките Македонци. Најкарактеристично е убиството на кралот Филип Ⅱ Македонски на свадбата на својата ќерка Клеопатра (336 г. пр.н.е.). Во современото македонско минато… Continue reading ПОЛИТИЧКИТЕ АТЕНТАТИ ВО МАКЕДОНИЈА