ПЕТРОВ, Ѓорче (Варош, Прилеп, 2. Ⅳ 1865 – Софија, 28. Ⅶ 1921) – професор, публицист, историчар, идеолог на МРО. Се школувал во Прилеп, Битола, Солун и во Пловдив. Бил учител во Штип (1886-1887). Основал повеќе револуционерни групи и круЃорче Петров жоци на МРО (Штип, Битола, Прилеп, Охрид, Крушево, Кичево, Ресен, Леринско и Костурско). Како учител… Continue reading ПЕТРОВ, Ѓорче
Tag: П
ПЕТРОВ, Ѓуро
ПЕТРОВ, Ѓуро (с. Костурино, 1931 – Скопје, 2003) – редовен професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, научник. Дипломирал на Технолошкиот факултет на Универзитетот во Загреб (1956). Постдипломски студии завршил на Државниот универзитет во Пенсилванија, САД. Докторирал на Универзитетот во Загреб (1974). Имал повеќе студиски престои во Европа и во САД. Бил наставник во средно хемиско… Continue reading ПЕТРОВ, Ѓуро
ПЕТРОВ, Иван Новев
ПЕТРОВ, Иван Новев (с. Големо Илино, Демир Хисар, 3. Ⅶ 1922 г. – Скопје, 10. Ⅱ 2004) – редовен професор (1961) на ПМФ, Институт за хемија (во пензија од 1987). Дипломирал (1951) на ПМФ во Белград, докторската дисертација ја работел во Љубљана, а ја одбранил (1960) на ПМФ во Скопје. Покрај во Љубљана, бил на… Continue reading ПЕТРОВ, Иван Новев
ПЕТРОВ, Никола Миланов
ПЕТРОВ, Никола Миланов (с. Колешино, Струмичко, 3. ⅩⅠⅠ 1937) – педагог, универзитетски професор. Завршил учителска школа и педагогија на Филозофски факултет во Скопје (1959). На истиот факултет ја одбранил и докторската дисертација (1980). За асистент на Филозофскиот факултет е избран во 1966 г., а за редовен професор по предметите предучилишна педагогија и методика на предучилишното… Continue reading ПЕТРОВ, Никола Миланов
ПЕТРОВ, Славчо, протојерејставрофор
ПЕТРОВ, Славчо, протојерејставрофор (Виница, 1912 – Скопје, 29. И 1990) – професор на Православниот богословски факултет. Бил свештеник во Крива Паланка, Неготино и во Скопје. Учесник на Првиот, Вториот и Третиот црковно-народен собор за создавање на Македонската православна црква. Бил професор во Богословијата и на Православниот богословски факултет во Скопје. ЛИТ.: Доне Илиевски, Македонското православно… Continue reading ПЕТРОВ, Славчо, протојерејставрофор
ПЕТРОВ, Стојмир Јорданов
ПЕТРОВ, Стојмир Јорданов (с. Лаки, Беровско, 4. Ⅲ 1948) – фармаколог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Мед. ф. завршил во Скопје (1973), а од 1974 г. работи на Институтот за фармакологија и токсикологија при Мед. ф. во Скопје, каде што е директор, а долгогодишен директор и на Претклиничките институти на Мед. ф. Коавтор… Continue reading ПЕТРОВ, Стојмир Јорданов
ПЕТРОВА-МАЛКИЌ, Рада
ПЕТРОВА-МАЛКИЌ, Рада (Скопје, 16. Ⅷ 1930) – костимограф. Дипломирала костимографија и Рада Петрова-Малкиќ: цртежи на костими за претстава сценографија на Академијата за применета уметност во Загреб (1954). Од 1957 г. до пензионирањето (1992) работи како костимограф во МНТ( за Драмата, Балетот и Операта). Соработува со сите театри низ Републиката, како и со театрите од Загреб,… Continue reading ПЕТРОВА-МАЛКИЌ, Рада
ПЕТРОВА, Елеонора Константинова
ПЕТРОВА, Елеонора Константинова (Скопје, 12. Ⅷ 1952) – историчар и археолог. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје (Група за класична фило-Елеонора Петрова логија) во 1976 г. Магистрирала (1989) и докторирала (1994) на Филозофскиот факултет во Бел-град. Кустос за нумизматика и за епиграфија во Археолошкиот музеј во Музејот на Македонија (1977–1987) и директор на Музејот на… Continue reading ПЕТРОВА, Елеонора Константинова
ПЕТРОВДЕН
ПЕТРОВДЕН – христијански православен празник во спомен на погубувањето на светите апостоли Петар и Павле (12. Ⅶ/29. Ⅵ). Тие се погубени во ист ден 61 г. и затоа на иконите и фреските се претставени заедно, св. Петар со клучеви од рајот, а св. Павле со меч како симбол на сопствената смрт. На овој ден во… Continue reading ПЕТРОВДЕН
ПЕТРОВДЕНСКИ ПОСТИ
ПЕТРОВДЕНСКИ ПОСТИ – едни од четирите повеќедневни пости во христијанската православна религија. Покрај еднодневните пости (среда и петок, Водокрст, Крстовден и Отсечение на главата на св. Јован Крстител), во годината има и четири повеќедневни пости, распределени според годишните времиња: Божикни, Велигденски, Петровденски и Богородичини пости. Петровденските пости секогаш започнуваат од неделата по Духовден и траат… Continue reading ПЕТРОВДЕНСКИ ПОСТИ
ПЕТРОВЕЦ
ПЕТРОВЕЦ – село во Скопско. Се наоѓа во источниот дел на Скопско Поле, на надморска висина од 225 м. Со Скопје е поврзано со редовна градска автобуска линија. Има 2.659 ж. од кои 2.312 ж. се Македонци, 99 Срби, 67 Албанци и 53 Роми. Населението се занимава со одгледување житни и индустриски култури. Тоа е… Continue reading ПЕТРОВЕЦ
ПЕТРОВСКА-ЈОВАНОВИЌ, Симка Ѓорѓиева
ПЕТРОВСКА-ЈОВАНОВИЌ, Симка Ѓорѓиева (Скопје, 7. Ⅺ 1948 г.) – редовен професор (1997) на ПМФ (Институт за хемија). Дипломирала (1972) на ПМФ во Скопје, магистрирала (1977) на Технолошкиот факултет, а докторирала (1984) на Хемискиот факултет во Скопје. Изведувала настава по неорганска и аналитичка хемија за студентите на РГФ во Штип, по Аналитичка хемија за студентите Симка… Continue reading ПЕТРОВСКА-ЈОВАНОВИЌ, Симка Ѓорѓиева
ПЕТРОВСКА-КУЗМАНОВА, Катерина
ПЕТРОВСКА-КУЗМАНОВА, Катерина (Куманово, 1964) – филолог, виш научен соработник, истражувач на народната драма во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје (од 21. Ⅴ 1998). Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје (1986), каде што магистрирала на тема „Драмското творештво на Бранко Пендовски“ (1994) и докторирала на тема „Ритуалот и драмата“ (2000). БИБ.: Драмското творештво на… Continue reading ПЕТРОВСКА-КУЗМАНОВА, Катерина
ПЕТРОВСКА-МИЛЕВСКА, Милена Гигова
ПЕТРОВСКА-МИЛЕВСКА, Милена Гигова (Скопје, 22. Ⅸ 1953) – микробиолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (од 2002). Дипломирала медицина во Скопје (1978), специјализирала микробиологија со паразитологија (1983), а докторирала на тема за идентификација на вируленцијата на уропатогените соеви на Есцхерицхиа цоли и нивното клиничко значење (1990). шеф на Катедрата по предметот (1996–2005) и директор… Continue reading ПЕТРОВСКА-МИЛЕВСКА, Милена Гигова
ПЕТРОВСКА, Љубица
ПЕТРОВСКА, Љубица (Крива Паланка, 14. Ⅺ 1927) – редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје по предметот систематика и филогенија на нижите растенија. Докторирала во 1961 г. во Скопје, под менторство на познатиот алголог Иво Певалек од Загреб. Била на специјализација во Белград и Загреб и на четиримесечен студиски престој во Ботаничкиот институт во Виена,… Continue reading ПЕТРОВСКА, Љубица
ПЕТРОВСКИ, Атанас
ПЕТРОВСКИ, Атанас (Ацо) (Тетово, 12. Ⅴ 1923 – Скопје, 28. Ⅶ 2001) – филмски режисер и продуцент. Од 1945 г. вршел одговорни функции во конституирањето на македонската кинематографија. Режирал околу 20 документарни филмови, меѓу кои и: „Велигденски адети“ (1953), „Галичка свадба“ (1955), „Стара чаршија“ (1955), „Дервиши“ (1955) и „Тенда“ (1955). Тој е еден од организаторите… Continue reading ПЕТРОВСКИ, Атанас
ПЕТРОВСКИ, Бранко Павлев
ПЕТРОВСКИ, Бранко Павлев (с. Пожаране, Гостиварско, 23. И 1922 – Скопје, 13. Ⅳ 2009) – педагог, универзитетски професор. Завршил учителска школа во Белград (1942). Бил учесник во НОБ (ра-нет на Сремскиот фронт). Завршил студии по педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1950), каде што се здобива и со титулата доктор на педагошки науки (1978). Работел… Continue reading ПЕТРОВСКИ, Бранко Павлев
ПЕТРОВСКИ, Јаким Т
ПЕТРОВСКИ, Јаким Т. (Крива Паланка, 1934) – градежен инженер, редовен професор. Завршил Градежен факултет на Универзитетот во Загреб, магистрирал земјотресно инженерство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, докторирал на Градежниот факултет на Универзитетот во Белград. Специјализирал во областа на земјотресното инженерство во Англија, потоа во САД и во Советскиот Сојуз. Од 1957 г.… Continue reading ПЕТРОВСКИ, Јаким Т
ПЕТРОВСКИ, Кирил
ПЕТРОВСКИ, Кирил (Скопје, 10. Ⅸ 1934) – интернист-ендокринолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Бил шеф на Центарот за дијабетес, директор на Клиниката за ендокринологија. Автор е на бројни стручни и научни трудови. Особен интерес покажувал за микроциркулацијата кај дијабетес мелитус. Бр. Н.
ПЕТРОВСКИ, Кочо
ПЕТРОВСКИ, Кочо (Скопје, 8. Ⅸ 1926 – Скопје, 30. Ⅹ 1988) – хармоникаш. Почетоците ги има во Радио Скопје (Мал оркестар). Потоа извесно време минува во ансамблот „Танец“ (како хармоникаш). Во ова време се јавува и како автор и обработувач на музика за одреден број кореографски постановки („шопска петорка“; „Фолклорна фантазија“ идр.). Последниот дел од… Continue reading ПЕТРОВСКИ, Кочо
ПЕТРОВСКИ, Мето
ПЕТРОВСКИ, Мето (с. Иванчишта, Кичевско, 23. Ⅴ 1935) – филм-ски и телевизиски режисер и снимател. Завршува Филмска школа во Белград, на Отсекот за филм-ски сниматели. Подоцна напоредно студира режија и светска и југословенска литература на Универзитетот во Загреб. Како режисер дебитира со документарниот филм „Селидби“ (1965). Има реализирано преку 60 документарни и кусометражни филма. Еден… Continue reading ПЕТРОВСКИ, Мето
ПЕТРОВСКИ, Методија
ПЕТРОВСКИ, Методија (Куманово, 9. Ⅶ 1938 – Скопје, 11. Ⅴ 2008) – професор по книжевност, политичар и писател. Основно училиште и гимназија завршил во Куманово (1957), дипломирал (1961) и магистрирал на Филозофскофилолошкиот факултет (Група историја на југословенската книжевност) во Скопје на тема „Поетското и прозното творештво на Славко Јаневски“. Бил уредник на в. „Студентски збор“… Continue reading ПЕТРОВСКИ, Методија
ПЕТРОВСКИ, Перо
ПЕТРОВСКИ, Перо (Куманово, 27. Ⅴ 1932) – диригент. Високото образование го оформил во 1958 г. на Белградската музичка академија (Теоретсконаставнички оддел), а во 1976 г. дипломирал диригирање на Музичката академија во Софија. Извесен период работел како член на оркестарот на Операта на МНТ и наставник во Средното музичко училиште во Скопје, а од 1978 г.… Continue reading ПЕТРОВСКИ, Перо
ПЕТРОВСКИ, Трајан
ПЕТРОВСКИ, Трајан (с. Арбиново, Охридско, 31. И 1939) – поет, раскажувач, романсиер, публицист, преведувач, полемичар, јуТрајан Петровски гословенски и македонски политичар и дипломат. Завршил Правен факултет во Скопје. Извесен период работел како новинар. Бил претседател на ДПМ и на Советот на СВП. Мошне плоден современ македонски писател. Како преведувач извршил помакедончување на дела од Иво… Continue reading ПЕТРОВСКИ, Трајан