ОСМА ДИВИЗИЈА НА КНОЈ

ОСМА ДИВИЗИЈА НА КНОЈ (6. ⅩⅠⅠ 1944 – почетокот на 1948) – воена единица на НОВЈ. Била формирана во состав од четири бригади. Имала задача да врши заштита и обезбедување на новиот поредок во рамките на Службата за безбедност. По Ослободувањето ги запоседнала границите на Македонија и ја чистела територијата од остатоците на колаборационистичките сили… Continue reading ОСМА ДИВИЗИЈА НА КНОЈ

ОСМАНИ, Абдула

ОСМАНИ, Абдула (с. Матејче, Кумановско, 12. Ⅳ 1921) – политички деец. Завршил гимназија. Член на КПМ (1945). Бил учител, директор на осумгодишно училиште, потпретседател на Околискиот народен одбор во Куманово, претседател на Собранието на Општината Липково, потпретседател на Собранието на Кумановската околија, претседател на Општинскиот одбор на ССРНМ и член на Околискиот комитет на КПМ… Continue reading ОСМАНИ, Абдула

ОСМАНИ, Бедри

ОСМАНИ, Бедри (с. Градец, Гостиварско, 26. Ⅳ 1925) – земјоделски работник и политички деец. Завршил основно училиште. Бил учесник во НОАВМ (1944) и член на КПМ (од 1948). Како истакнат партиски активист, бил пратеник во Републичкиот собор на Собранието на СРМ (1970). С. Мл.

ОСМАНИ, Ферик Зихни

ОСМАНИ, Ферик Зихни (Ферик Зихни Османи) (с. Крани, Преспа, 18. ⅩⅠⅠ 1938) – албанолог, унив. професор. Основното образование го завршил во родното место, а Учителската школа и Вишата педагошка школа во Скопје (1962). Подоцна дипломирал и на Групата за албански јазик и книжевност на Филозофскиот факултет во Приштина. Работел како професор по албански јазик во… Continue reading ОСМАНИ, Ферик Зихни

ОСМАНЛИ, Димитрие

ОСМАНЛИ, Димитрие (Битола, 29. Ⅴ 1927 – Скопје, 13. Ⅲ 2006) – филмски, театарски и телевизиски режисер, сценарист и педагог. Првите контакти со филмот и кинематографијата ги остварува со помош на Милтон Манаки, балканскиот филмски пионер. Филм-ска и театарска режија завршува на Академијата за театарска уметност во Белград (1953), а постдипломски студии (1962) на Институтот… Continue reading ОСМАНЛИ, Димитрие

ОСМАНЛИ, Томислав

ОСМАНЛИ, Томислав (Битола, 1956) – сценарист, драматург, теоретичар на медиумите, писател, критичар, новинар и есеист. Член на ДПМ (2003). Објавил повеќе книги од различни жанрови. БИБ.: Филмот и политичкото, 1981; Стрип, запис со човечки лик, 1987; сценарија: Скопски диптих, 1991; есеи: Медиумот што недостасува, 1992; збирки раскази: Пеперутката на детството, 1993 и Виолетни светлини и… Continue reading ОСМАНЛИ, Томислав

ОСМАНЛИСКО-СРПСКА КОНЗУЛАРНА КОНВЕНЦИЈА

ОСМАНЛИСКО-СРПСКА КОНЗУЛАРНА КОНВЕНЦИЈА (Цариград, 26. Ⅱ / 9. Ⅲ 1896). Со нејзиното потпишување била заменета Привремената спогодба, склучена во Белград (22. Ⅷ / 4 Ⅸ 1886). Со склучувањето на Конзуларната конвенција Србија можела да отвори свои кунзуларни претставништва во Турција, следствено и во Македонија. Со чл.13 од Конвенцијата на конзулите им била призната судска власт… Continue reading ОСМАНЛИСКО-СРПСКА КОНЗУЛАРНА КОНВЕНЦИЈА

ОСМАНОВ, Ајри

ОСМАНОВ, Ајри (Струмица, 24. Ⅸ 1934) – шумарски техничар, политичар. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Член на КПМ (од 1957). Првин бил шумарски техничар во Струмица. По доаѓањето во Скопје, бил секретар на Општинската конференција на ССРНМ на Општината Кале и политички работник во Градската конференција на ССРНМ, а потоа член на ЦК на… Continue reading ОСМАНОВ, Ајри

ОСМУНДА, КРАЛСКА

ОСМУНДА, КРАЛСКА (Осмунда регалис Л.) – реликтен вид папрат со ограничено распространување на Балканскиот Полуостров. На територијата на РМ единствено се среќава во подножјето на планината Беласица, во мочуриштето кај селото Банско. Вл. М.

ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА –темелен степен на воспитно-образовниот систем, услов за секој вид натамошно образование. Има општообразовен карактер и е задолжително за популацијата на возраст од 6 до 15 години. Целта на основното образование е на учениците да им овозможи индивидуален развој во сообразност со нивните предиспозиции и возрасни карактеристики; да усвојуваат знаења и умеења… Continue reading ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ОСОГОВКА

ОСОГОВКА“ (Арнаутско) – македонско машко народно оро од Осоговскиот регион со 11/16 (2,2,3,2,2) ритам. Се игра со држење на играорците за рамо. Тоа е типично темпераментно машко оро со позиција на играорците во полукруг и изразити баланси, потскоци, доскоци и остри движења со двете нозе. ЛИТ.: Михаило Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977, 192. Ѓ.… Continue reading ОСОГОВКА

ОСОГОВСКИ ПЛАНИНИ

ОСОГОВСКИ ПЛАНИНИ – висок и грамаден планински масив, кој со својата морфопластика доминира во источниот дел на РМ. Се протега помеѓу Славишката Котлина на север, Кочанската Котлина на југ, Пијанец на југоисток, Кумановската Котлина на запад, ПробиШтипско-злетовскиот басен на југоисток, Струмичкиот басен и ќустендилската Котлина на ји. Како природна целина што се протега во две… Continue reading ОСОГОВСКИ ПЛАНИНИ

ОСТРАКОДИ

ОСТРАКОДИ (Острацода) – поткласа ситни организми од класата ракообразни (Црустацеа), кои го добиле името од грчкиот збор „остракон“ што значи „школка“, затоа што на прв поглед многу наликуваат на мали школки во облик на зрно од грав. Должината на телото не надминува повеќе од 1–2 мм и тоа е затворено во дводелна черупка, од која… Continue reading ОСТРАКОДИ

ОСУМНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА

ОСУМНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА (с. Алгуња, Кумановско, 4. Џ, – декември 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од Младинскиот и Дополнителниот баталјон, кои дејствувале на тој простор, и новопристигнати борци од Кумановско, Прешевско и Бујановачко, во состав на Кумановската дивизија на НОВЈ. Во истиот месец нараснала на околу 1.200 борци. Учествувала… Continue reading ОСУМНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА

ОТЕЧЕСТВО

ОТЕЧЕСТВО“ . – речни долини, вулкански купи и кратери. Најпознати била се руенското било, коешто претставува вододелница помеѓу сливот на Вардар и Струма, соколското би-ло, калинкаменското било, костадинечко-лисечкото било, кое е вододелница помеѓу Пчиња и Брегалница, лопенското било, д’лгиделското било и др. Покрај билата значаен релјефен елемент се речните долини, кои се одликуваат со клисури.… Continue reading ОТЕЧЕСТВО

ОТЕЧЕСТВО

ОТЕЧЕСТВО“ . – речни долини, вулкански купи и кратери. Најпознати била се руенското било, коешто претставува вододелница помеѓу сливот на Вардар и Струма, соколското би-ло, калинкаменското било, костадинечко-лисечкото било, кое е вододелница помеѓу Пчиња и Брегалница, лопенското било, д’лгиделското било и др. Покрај билата значаен релјефен елемент се речните долини, кои се одликуваат со клисури.… Continue reading ОТЕЧЕСТВО

ОТЕЧЕСТВО

ОТЕЧЕСТВО“ (Солун, 21. Ⅱ – 19. ⅩⅠⅠ 1909) – весник, орган на Сојузот на бугарските конституциони клубови, со врховистичка политичка определба. Го уредувале Матеј Геров, Томо Карајовов, Дане Крапчев, Илија Мончев и Ефтим Спространов (главен уредник). Излегувал трипати неделно (вторник, четврток и сабота), а бил печатен во печатниците на К. Самарџиев и Карабелев. Објавени се… Continue reading ОТЕЧЕСТВО

ОТОМАНСКА ПРОГРЕСИВНА ПАРТИЈА

ОТОМАНСКА ПРОГРЕСИВНА ПАРТИЈА (1910) – партија на егзархиските и на врховистички средини во Македонија, замена за пропаднатиот Сојуз на бугарските конституциони клубови. Иницијаторот Панчо Дорев ја објавил Програмата (во почетокот на април 1910). Како цел во дејствувањето било поставено зближувањето со Турците. Наместо автономија и обласна самоуправа, се барало општинска самоуправа, финансирање на училиштата, мерки… Continue reading ОТОМАНСКА ПРОГРЕСИВНА ПАРТИЈА

ОТПАДНИ ВОДИ

ОТПАДНИ ВОДИ – еднаш или повеќепати искористени води, кои како непогодни се исфрлаат во реципиенти. Во техничко–технолошките системи (индустриски постројки) се познати како индустриски отпадни води, а во домаќинствата, во угостителските објекти и во други установи во градските урбани средини како комунални отпадни води. Отпадните води се оптоварени со многу минерални и органски материи и… Continue reading ОТПАДНИ ВОДИ

ОТРОВНИЦИ

ОТРОВНИЦИ (Виперидае)– фамилија змии, кои имаат посебен отровен апарат во устата. Во Македонија се среќаваат три видови: остроглава шарка (Випера урсинии), поскок или камењарка (Випера аммодѕтес) и шарка или лутица (Випера берус). Остроглава шарка и поскок Лондон, 2002. Св. П.– В. Сид.

ОХИС

ОХИС“ – Скопје – првенец на органско-хемиската индустрија во производството на пластични маси и производи од нив (влакна, цевки, фолии), детергенти и козметика, базни хемикалии, средства за заштита на растенијата, бои, лакови и друго. Инвестиција од 1958 г., граден е од 1960 г., како две соседни фабрики Електрохемиски комбинат „Билјана“ и Фабрика „Ацетиленка“. Погоните (вкупно… Continue reading ОХИС