ОБЕРХОФЕР, Бранко Ј

ОБЕРХОФЕР, Бранко Ј. (Крижевци, Хрватска 18. Ⅺ 1913 – Загреб, Хрватска 4. Ⅴ 1985) – хирург, редовен професор на Мед. ф. во Скопје. Бил директор на Хирур-Бранко Оберхофер шката клиника (1954–1956). Ос-новач на торакалната и кардиохирургијата (1954), извел први операции на срце во РМ. Хирургијата ја поделил по области и создал соодветни оддели, меѓу кои… Continue reading ОБЕРХОФЕР, Бранко Ј

ОБЛАГОРОДУВАЊЕ НА ШУМСКИТЕ ДРВЈА

ОБЛАГОРОДУВАЊЕ НА ШУМСКИТЕ ДРВЈА – научна дисциплина што ги проучува и ги разработува принципите и методите за избор и за создавање шумски дрвја и грмушки со подобрени особини, кои со својот прираст, квалитет и естетски изглед ќе ги задоволат потребите на човекот, но и на шумското стопанство, хортикултурата, туризмот, земјоделството и на други стопански гранки.… Continue reading ОБЛАГОРОДУВАЊЕ НА ШУМСКИТЕ ДРВЈА

ОБЛАК, Ватрослав

ОБЛАК, Ватрослав (Игнациј) (Целје, 15. Ⅴ 1864 – Љубљана, 15. Ⅳ 1896) – словенечки и австриски славист. Во родното место учел гимназија, матурирал во Загреб, а студирал во Виена споредбена и словенска филологија (1886–1891). Заинтригиран од тезата за македонското потекло на старословенскиот јазик, кон крајот на 1891 заминал за најјужната точка на словенскиот свет –… Continue reading ОБЛАК, Ватрослав

ОБЛАЧНОСТА ВО МАКЕДОНИЈА

ОБЛАЧНОСТА ВО МАКЕДОНИЈАоблачноста во Македонија се следи визуелно со проценка на покриеноста на небото со облаци во три климатолошки термини во текот на денот, на 34 метеоролошки станици. Облачноста се следи и на 12 метеоролошки станици со професионални набљудувачи секој час, добивајќи дневен од на облачноста. Најголема облачност во текот на годината има… Continue reading ОБЛАЧНОСТА ВО МАКЕДОНИЈА

ОБЛЕШЕВО

ОБЛЕШЕВО – село во Кочанско. Се наоѓа во рамниот дел на Кочанската Котлина, од десната страна на Кочанска Река, на надморска височина од 305 м. Низ него поминува магистралниот пат М–5, кој на исток го поврзува со Кочани, а на запад со Штип. Тоа е населено со Македонци (1.131 ж.). Населението се занимава со одгледување… Continue reading ОБЛЕШЕВО

ОБОЗНА

ОБОЗНА – средновисока планина во источниот дел на РМ со највисок врв Јастребник (1.278 м). Има меридијански правец на протегање север–југ со должина на планинскиот гребен од 9,5 км. Се наоѓа помеѓу Кочанската Котлина на запад и Разловечката Клисура на исток преку која се пробива реката Брегалница, одделувајќи ја Обозна од планината Бејаз Тепе (1.314… Continue reading ОБОЗНА

ОБОЧКИ, Јанко Борисов

ОБОЧКИ, Јанко Борисов (Дебар, 20. Ⅹ 1935) – хирург, неврохирург, примариус. Бил директор на Градската општа болница во Скопје (1970–1986). Основал Неврохируршко одделение во Градската болница во Скопје (1973). Бил републички (1988–1991) и сојузен министер за здравство (1986–1988). Ал. Ставр.

ОБРАЗОВАНИЕТО ВО МАКЕДОНИЈА

ОБРАЗОВАНИЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – процесот на образованието во Македонија има долга историја и разновиден развиток. Образованието во средниот век – првите училишта на словенската црковна писменост и образование во Македонија. Со доселувањето Т. Серафимовски: Св. Кирил и Методиј на Словените на македонските простори (Ⅵ и Ⅶ в.) започнуваат процеси на приспособување на новиот начин на… Continue reading ОБРАЗОВАНИЕТО ВО МАКЕДОНИЈА

ОБРАЗОВНА СТРУКТУРА НА НАСЕЛЕНИЕТО

ОБРАЗОВНА СТРУКТУРА НА НАСЕЛЕНИЕТО – бројот и процентот на населението над 15-годишна возраст (порано над 10) со училишна или стручна подготовка, на ниво на целата земја (утврдени со пописите). Образовната структура на населението може да се следи и според други статистички параметри: пол, невработеност, активно население, националност и сл. Образовната структура претставува значаен индикатор на… Continue reading ОБРАЗОВНА СТРУКТУРА НА НАСЕЛЕНИЕТО

ОБРЕМБСКИ, Јозеф

ОБРЕМБСКИ, Јозеф (Теплик, Украина, 18. Ⅱ 1905 – Холис, САД, 28. ⅩⅠⅠ 1967) – полски и американски етнолог и социолог, предавач и професор на повеќе универзитети во Полска и во Америка. Своето средно образование го започнал во Варшава, а матурирал (вонредно) во Краков (1926). Студирал на Краковскиот универзитет под раководство на еден од најпознатите полски… Continue reading ОБРЕМБСКИ, Јозеф

ОВАДИЈА

ОВАДИЈА – МАРА, Естреја Хаим (Битола, 25. ⅩⅠⅠ 1923 – пл. Кајмакчалан, 26. Ⅷ 1944) – народен херој од НОАВМ, Еврејка. Како активистка на Еврејското хуманитарно друштво „Визо“, заминала на работа во Белград (1938), каде што станала член на СКОЈ и учествувала во мартовските демонстрации (1941). Наскоро се вратила во Битола (мај 1941) и се… Continue reading ОВАДИЈА

ОВЕС

ОВЕС (Авена сатива Л.) – едногодишна житна култура од фам.Поацеае. Спаѓа во подгрупата вистински жита. Доста стара култура, со квалитетно зрно и слама и со скромни барања кон условите за одгледување. Се употребува за исхрана на сите видови домашни животни, но има посебно значење во исхраната на коњите. Се употребува и за исхрана на луѓето.… Continue reading ОВЕС

ОВОШЕН РАСАДНИК

ОВОШЕН РАСАДНИК – површина на која се произведува овошниот саден материјал. Од квалитетот, здравствената состојба и автентичноста на садниците во најголема мера зависи успехот на овошниот насад. Грешките се откриваат доцна и не можат да се поправат. Затоа, производството на садниот материјал е законски регулирано. Во социјалистичкиот период во РМ имаше десетина овошни расадници. Последниве… Continue reading ОВОШЕН РАСАДНИК

ОВОШЈЕ

ОВОШЈЕ – општо е познато дека овошјето е и храна и лек. Човекот, преку својата еволуција и филогенеза, стекнал голема потреба од овошје во исхраната. При органското производство се добива овошје со многу повисока содржина на заштитни материи, па дури и со природни антибиотици. Б. Р. Овоштарник во близината на Кавадарци

ОВОШТАРНИК

ОВОШТАРНИК – површина посадена со овошни растенија, а според културата се нарекува јаболкарник, праскарник итн. Порано се садеа ретки (екстензивни) насади на бујни подлоги и со просторни круни. Потоа се премина на полугусти палметни насади, а сега се оди на полугусти и густи (интензивни) насади, на средно и слабобујни подлоги, формирани со вретенести круни. Голем… Continue reading ОВОШТАРНИК

ОВОШТАРСТВО

ОВОШТАРСТВО – мозаичните орографски, климатски и почвени услови во РМ овозможуваат одгледување на триесетина континентални, суптропски и нови овошни култури. Најголем развој овоштарството достигнува во текот на 1980–1990 г.(до 24.000 ха овоштарници и над 200.000 т овошје). По 1991 г. површините на овошните насади се намалуваат на 16.000 ха, а производството на 100.000–120.000 т. Во… Continue reading ОВОШТАРСТВО

ОВЧАРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ

ОВЧАРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ – трудови народни песни. Изобилуваат со бројност и разновидност. Тие го опеваат тешкиот и осаменички живот на овчарите во планината, среде суровата природа, далеку од селото, од своите најблиски и другарите. Овчарот бил изложен на многу опасности, како од дивите ѕверови, исто така и од природните стихии. Во тие околности, во песните… Continue reading ОВЧАРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ

ОВЧЕ ПОЛЕ

ОВЧЕ ПОЛЕ – една од поголемите котлини во РМ. Зафаќа површина од 2.162 км², а се простира помеѓу 300 и 874 м н.в. Од оваа површина 33.200 ха се рамничарско земјиште. Овче Поле го зафаќа просторот помеѓу долините од средниот тек на Вардар на запад и средниот тек на Река Брегалница на исток. Својот дефинитивен… Continue reading ОВЧЕ ПОЛЕ

ОГИН

ОГИН“ (пл. Козјак, Кумановско, Куманово, Манастир „Св Прохор Пчињски“, Велес и Загреб, 11. Ⅲ 1944 – мај 1945) – весник, орган на Третата македонска НО ударна бригада, на македонски јазик. Го издавал Пропагандниот отсек на Бригадата, а го уредувале Деса (Десанка) Миљовска и Ацо шопов, а подоцна Панче Кондев, Душко Кранго и др. Соработници биле… Continue reading ОГИН

ОГНАНОВ-ПЕТКАНЧИН, Герасим

ОГНАНОВ-ПЕТКАНЧИН, Герасим (гр. Банско, 1885 – Арџанското Блато, Кукушко, Ⅹ 1912) – учител, револуционер, малешевски околиски војвода. Се школувал во Военото училиште во Софија, кое го напуштил и го завршил Американското училиште во Самоков. За време на Илинденското востание учествувал во четата на врховистичкиот војвода Јурдан Стојанов. Преминал во ТМОРО во четата на Пешо Самарџиев… Continue reading ОГНАНОВ-ПЕТКАНЧИН, Герасим

ОГНЕНОВСКИ, Тале Јончев

ОГНЕНОВСКИ, Тале Јончев (с. Брусник, Битолско, 27. Ⅳ 1922) – кларинетист. Неговиот татко свирел на гајда, а нему на петгодишна возраст му купил дајре, наскоро потоа и кавал. Кога баба му се уверила во неговиот музички талент, му го купила првиот кларинет (гарнета). Бил член на Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“ и… Continue reading ОГНЕНОВСКИ, Тале Јончев

ОГЊАНОВСКИ, Радослав

ОГЊАНОВСКИ, Радослав (Сланско, Македонски Брод, 15. Ⅺ 1928) – новинар и публицист. Завршил Висока новинарско-дипломатска школа во Белград. Во новинарството од 1952 г., еден од основачите на неделникот „Стопански весник“. Од 1956 г. до пензионирањето во „Нова Македонија“: соработник и уредник во Внатрешно-политичката и во Стопанската рубрика, дописник од Лондон, заменик, а потоа главен и… Continue reading ОГЊАНОВСКИ, Радослав

ОГЊЕНОВИЌ, Предраг

ОГЊЕНОВИЌ, Предраг (Сисак, Хрватска, 5. Ⅸ 1933) – психолог, универзитетски професор. Се школувал во Зрењанин, Панчево и во Земун. Паралелно студирал медицина и психологија на Универзитетот во Белград. Дипломирал психологија (1959) и докторирал (1962) на Филозофскиот факултет во Белград. Првите години по формирањето на Институтот за психологија на Филозофскиот факултет во Скопје ја изведувал наставата… Continue reading ОГЊЕНОВИЌ, Предраг

ОГРАЖДЕН

ОГРАЖДЕН – средновисока планина со истоимениот највисок врв Огражден (1.744 м). Претставува типичен хорст што својата дефинитивна форма ја добил во времето на олигомиоцените тектонски движења. Билото има динарски правец на протегање сз–ји. Геолошкиот состав е претставен со гнајсеви, микашисти гранити и кристалести шкрилци. Од централниот највисок дел планината Одбојкарски меч: „Работнички“ – „Вардар“ се… Continue reading ОГРАЖДЕН