НИКОЛОВСКИ, Ѓоко (Куманово, 17. Ⅳ 1912 – Куманово, 7. ⅩⅠⅠ 1987) – актер и режисер. Тој е учесник во формирањето на Градскиот аматерски театар во Куманово (1944) и на професионалниот театар (1947). Улоги: Мојсов („Ден за одмор“); Митке („Коштана“); Тартиф, Чорбаџи Теодос во истоимените дела; Аџи Трајко („Бегалка“); Спиро („Поп Киро и поп Спиро“); Јеротие… Continue reading НИКОЛОВСКИ, Ѓоко
Tag: Н
НИКОЛОВСКИ, Илија Дим
НИКОЛОВСКИ, Илија Дим. (с. Панчарево, Беровско, 6. Ⅶ 1948) – генерал-мајор на АРМ. Основно и средно училиште завршил во Берово, а Воена академија на ЈНА во Белград и во Сараево. Командирската должност ја започнал како потпоручник – командир на вод, а подоцна бил командир на чета и командант на баталјон. Во ЈНА ги завршил Командноштабната… Continue reading НИКОЛОВСКИ, Илија Дим
НИКОЛОВСКИ, Михајло
НИКОЛОВСКИ, Михајло (Битола, 28. Ⅸ 1934 – Скопје, 20. Ⅷ 1994) – композитор. Музичкото образование го започнува во родниот град, а го продолжува во Скопје. Дипломира на Наставнотеорискиот оддел на Музичката академија во Белград (1960), а во времето на студиите приватно учи композиција кај М. Раденковиќ. По дипломирањето, е директор на Средното музичко училиште во… Continue reading НИКОЛОВСКИ, Михајло
НИКОЛОВСКИ, Тихомир
НИКОЛОВСКИ, Тихомир (Охрид, 22. ⅩⅠⅠ 1940) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1991 до пензионирањето во 2005) по предмети од областа на металните конструкции и испитувањето на конструкциите. Водел повеќе научноистражувачки проекти, а високи дострели постигнал на полето на испитувањето и зајакнувањето на конструкциите, што го препорачало за носител на… Continue reading НИКОЛОВСКИ, Тихомир
НИКОЛОВСКИ, Тодор
НИКОЛОВСКИ, Тодор (Велес, 16. И 1902 – Скопје, 28. И 2002) – драмски и филмски актер и режисер, еден од основачите на Македонскиот народен театар, учесник во НОВ, еден од основачите на драмската група „Кочо Рацин“, формирана на слободната територија во Горно Врановци при Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Бил актер во Народното позориште… Continue reading НИКОЛОВСКИ, Тодор
НИКОЛОСКА, Мирослава Николова
НИКОЛОСКА, Мирослава Николова (Скопје, 30. Ⅹ 1950) – психолог, универзитетски професор. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Белград (1974), каде што и магистрирала (1987). Докторирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1996). Во 1977 г. е избрана за асистент на Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје, а од 1987 год. работи на Педагошката академија „Св.… Continue reading НИКОЛОСКА, Мирослава Николова
НИКОЛОСКИ, Љубомир
НИКОЛОСКИ, Љубомир (Секирци, 2. Ⅸ 1947) – ел. инж., д-р на техничките науки, ред. проф. на ЕТФ во Скопје. Претседател на Студ. ком. за материјали за електротехнологија и два мандата претседател на Македонската секција ИЕЕЕ. Обработувал проблеми од областа на електричната изолација, ВН мерења и квалитетот на електричната енергија. БИБ.: Лабораториски практикум по ТВН (универзитетски… Continue reading НИКОЛОСКИ, Љубомир
НИКОЛОСКИ, Петре
НИКОЛОСКИ, Петре (Прилеп, 24. Ⅱ 1959) – скулптор којшто во 80-тите години внесува новини во пластичниот израз и во употребата на материјалите. Дипломирал (1984) и магистрирал (1989) на АПУ во Белград. Од 1989 г. живее и дејствува во Англија. Беше претставник на РМ на Биеналето во Венеција (1993). Во мултимедијалните проекти е мотивиран од природното… Continue reading НИКОЛОСКИ, Петре
НИКОЛОСКИ, Томе Петров
НИКОЛОСКИ, Томе Петров (Крушево, 16. Ⅸ 1941) – психолог, универзитетски професор. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград (1965). Магистрирал на Универзитетот Хал, Англија (1974), каде што и докторирал од областа на индустриската психологија (1976). На Филозофскиот факултет во Скопје се вработил во 1970 г., каде што е редовен професор (од 1987) по предмети од областа… Continue reading НИКОЛОСКИ, Томе Петров
НИКОЉСКИ, Александар
НИКОЉСКИ, Александар (Пеќ, 17. Ⅲ 1937) – архитект, унив. професор. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје (1963), каде што како редовен професор го предава предметот внатрешна архитектура. Се занимава со архитектонско проектирање, посебно со проектирање на ентериери. Проектирал објекти и надвор од нашата држава. Позначајни реализации: мотелот „Македонија“ во Велес (1982), Управната зграда на РИК… Continue reading НИКОЉСКИ, Александар
НИКУЉСКИ, Звонимир
НИКУЉСКИ, Звонимир (Куманово, 15. Ⅱ 1929 – Скопје, 23. Ⅵ 1998) – архитект и урбанист. Дипломирал на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград (1953). Се занимавал со урбанистичко планирање. Поголем дел од својата професионална активност поминал во Заводот за урбанизам на Македонија и бил негов директор (1958–1989). Како експерт на ООН работел во… Continue reading НИКУЉСКИ, Звонимир
НИМИЦ, Метју
НИМИЦ, Метју (Маттхеѕ Неиметз) (Њујорк, САД, 17. Ⅸ 1939) – американски дипломат. Специјален пратеник на претседателот на САД Бил Клинтон за Балканот (1994–1995); вклучен во преговорите меѓу Р Грција и Р Македонија (март 1994 – септември 1995); по барање на Сајрус Венс и во согласност со РГ и со РМ е назначен од Генералниот секретар… Continue reading НИМИЦ, Метју
НИЧА-ПРЕНДА, Вера
НИЧА-ПРЕНДА, Вера (Битола, 3. Ⅱ 1925) – педијатар. По завршувањето медицина (1953) и специјализација по педијатрија во Загреб (1958), работела во Детското одделение во Битола, до пензионирањето (3. Ⅱ 1985). Во соработка со д-р Д. Вангелов, први во Македонија примениле ексангвино трансфузија во терапевтски цели. Во 1972 г. станала примариус, а во 1983 г. здравствен… Continue reading НИЧА-ПРЕНДА, Вера
НИЧОТА, Никола Стериев
НИЧОТА, Никола Стериев(ич) (Смедерево, 29. И 1880 – Смедеревска Паланка, 11. Ⅵ 1950) – членосновач и активист на МНЛД во С.-Петербург и Москва. Син на крушевски печалбари во Смедерево што скоро по неговото раѓање се преселуваат во Солун, каде што тој го завршува основното, а во Српската гимназија во Цариград средното образование. По првата година… Continue reading НИЧОТА, Никола Стериев
НИЏЕ
НИЏЕ – висока планина во РМ што се наоѓа во јужниот дел, а преку чиј срт води границата со соседна Грција. Се протега во правец си–јз, со највисок врв Кајмакчалан (2.520 м), но се истакнува и врвот Ниџе (2.361 м). Површината на Ниџе на наша територија изнесува 689 км². На север, од Селечка Планина е… Continue reading НИЏЕ
НОВ ДЕН
„НОВ ДЕН“ – списание за уметност, наука и општествени прашања. Првиот број излегува во октомври 1945 г. во Скопје под Редакцискиот колегиум во сос-Првото списание за уметност, наука и општествени прашања „Нов ден“ (1945-1950) тав: Венко Марковски, Владо Малески-Тале (одговорен редактор), Блаже Конески, Киро Хаџи Василев, Цицо Поповиќ и Димитар Митрев. Излегува секој ме-сец, освен… Continue reading НОВ ДЕН
НОВ ДОЈРАН
НОВ ДОЈРАН – населба на западниот брег на Дојранското Езеро. На северозапад со регионален пат е поврзана со Валандово, а на југоисток со Кукуш во Република Грција. Таа е формирана по Првата светска војна, кога до темел бил разурнат Стар Дојран. Населението е со мешан етнички состав. Во 1961 г. овде живееле 1.114 ж., а… Continue reading НОВ ДОЈРАН
НОВ ЖИВОТ
„НОВ ЖИВОТ“ (Струга, мај 1945) – весник, орган на Единаесеттата македонска НО бригада, на македонски јазик. Зачуван е само еден број умножен на гештетнер на 36 страници. Во него се застапени политички, културни, забавни и други содржини, а половината од нив се посветени на 53от роденден на Ј. Б. Тито. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот… Continue reading НОВ ЖИВОТ
НОВ И ПОМ
НОВА МАКЕДОНИЈА
НОВА МАКЕДОНИЈА“ – прв дневен весник на македонски јазик установен како „државен орган-весник“ со Решение на Президиумот на АСНОМ од 2–5 септември 1944 г. Во текот на подготовките, во с. Г. Врановци се појавил претходникот на весникот „Наша хроника“ со 11 броја (30 септември – 20 октомври). Првиот број на „Нова Македонија“ носи датум 29… Continue reading НОВА МАКЕДОНИЈА
НОВА МАКЕДОНКА
„НОВА МАКЕДОНКА“ (Положај, Егејскиот дел на Македонија, 1. Ⅲ 1948 – август 1949) – двојазично ме-сечно списание, орган на Антифашистичкиот фронт на жените Македонки во Грција, на македонски и на грчки јазик. Главен уредник била Уранија Алило„Нова Македонка“ (1948-1949) мова. Имало цел да го афирмира учеството на жените во Граѓанската војна во Грција. ЛИТ.: Д-р… Continue reading НОВА МАКЕДОНКА
НОВА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА
НОВА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА – политичка партија формирана при крајот од 2005 г., со отцепување од СДСМ. На парламентарните избори одржани во 2006 г. освои седум пратенички места во Собранието на РМ. Учествува во составот на Владата на РМ, заедно со ВМРО– ДПМНЕ, ДПА, ЛП, СПМ, ДОМ и ПЕИ. Лидер на НСДП е Тито Петковски, поранешен… Continue reading НОВА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА
НОВАК, Јосип Јосипов
НОВАК, Јосип Јосипов (Загреб, Р. Хрватска 16. Ⅹ 1919) – полковник, радиолог, редовен проф. на Мед. ф. (од 1977). Дипломирал на Мед. ф. во Загреб (1942), а специјалистички испит по радиологија положил во Белград (1955). Се усовршувал на ВМА и во Винча на семинари за радиодијагностика, дозиметрија, сцинтиграфија и примена на радиоизотопи. Престојувал во Осло… Continue reading НОВАК, Јосип Јосипов
НОВАКОВИЌ-ЧАРДАКЛИЈА, Петар
НОВАКОВИЌ-ЧАРДАКЛИЈА, Петар (Леуново – Белград, 1808) – учесник во доброволечките одреди (фрајкори) во Австрискотурската војна во 1788–1791 г. како командир на чета. Учествувал во Првото српско востание и бил доверлива личност и личен пријател на Караѓорѓе Петровиќ. Во дипломатска мисија патувал во Санкт-Петербург и бил член на Правителствујушчиот совет сербски. Посмртен говор му одржал Доситеј… Continue reading НОВАКОВИЌ-ЧАРДАКЛИЈА, Петар