МИТРОВСКИ, Јордан (Данчо) (Куманово, 7. И 1924) – драмски актер, оперски певец, бас и оперски режисер. Во МНТ работи од 1947 до 1963 и од 1965 до 1981 г.. Во почетокот е носител на помали драмски улоги, а од 1950 оперски солист со позначајни остварувања: Сарастро (Волшебната флејта), Дон Базилио (Севилскиот бербер), Крушина, (Продадена невеста),… Continue reading МИТРОВСКИ, Јордан
Tag: М
МИТРОПАН, Петар
МИТРОПАН, Петар (Орел, Русија, 14. Ⅷ 1893 – Белград, 1988) – преведувач и универзитетски професор. Дипломирал на Катедрата за славистика на Филозофскиот факултет во Москва. Бил професор во Учителската школа во Скопје, уредник на скопското списание за наука и книжевност „Јужни преглед“ и лектор по руски јазик и литература на Филозофскиот факултет во Скопје (1931–1941).… Continue reading МИТРОПАН, Петар
МИТРОФАН
МИТРОФАН – охридски архиепископ (1614). Спомнат е во грамотата на цариградскиот патријарх Тимотеј Ⅱ (јули 1614) за имотите во ставроникитскиот манастир во Серската епархија. Откако бил разрешен, веројатно живеел во Цариград, каде што учествувал на соборот за разрешувањето на патријархот Кирил Лукарис (12. Ⅳ 1623). ЛИТ.: Иван Снегаров, Историџ на Охридската архиепископиџ, т. 2. От… Continue reading МИТРОФАН
МИЌИЌ, Загорка
МИЌИЌ, Загорка (Обреновац, 17. Ⅹ 1903 – Белград, 27. Ⅷ 1982) – доктор по филозофија, универзитетски професор. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Белград. Филозофското образование го продолжила во Берлин и Фрајбург кај прочуениот филозоф Е. Хусерл, каде што ја изработила докторската дисертација. Докторирала на Филозофскиот факултет во Белград (1934). На Институтот за филозофија во Скопје… Continue reading МИЌИЌ, Загорка
МИФТАРИ, Осман
МИФТАРИ, Осман (с. Видуше, Гостиварско, 15. Ⅴ 1915 – Скопје, 2000) – правник. Ја завршил Великата медреса во Скопје (1936), а потоа дипломирал на Правниот факултет во Белград (1940). Во времето на НОБ извесно време бил во логор во Приштина. По Ослободувањето бил претседател на Окружниот одбор на НФМ и повереник за финансии на Окружниот… Continue reading МИФТАРИ, Осман
МИХАИЛ
МИХАИЛ (Ⅺ в.) – стратег на темата Пелагонија во времето на охридскиот архиепископ Теофилакт, син на Полиеукт. Се споменува во едно недатирано писмо на Теофилакт, испратено до пелагонискиот епископ. Станал стратег на пелагониската тема. Бил благороден по душа и познат по славата на татко му. ЛИТ.: Б. Панов, Теофилакт Охридски како извор за средновековната историја… Continue reading МИХАИЛ
МИХАИЛ
МИХАИЛ Ⅷ Палеолог (1224– 1282) – никејски и византиски император (1259–1282), војсководец, основач на династијата на Палеолозите. Го ликвидирал Латинското Царство и ја обновил Византија (1261). Ја склучил и ја потпишал Лионската унија (1274) за обединување на црквата под врховна власт на папата. Унијата не била прифатена во Византија. Ги поразил Епирците во клисурите западно… Continue reading МИХАИЛ
МИХАИЛ
МИХАИЛ ДЕВОЛСКИ (Ⅺ–ⅩⅠⅠ в.) – епископ на Деволската епархија на Охридската архиепископија и хроничар. Во 1118 г. извршил 66 дополнувања кон Хрониката на Јоан Скилица од втората половина на Ⅺ в. што се однесувале на периодот меѓу 976 и 1057 г., за настаните во Самуиловото Царство и за тогашните состојби во Охридската архиепископија. ЛИТ.: Цв.… Continue reading МИХАИЛ
МИХАИЛ
МИХАИЛ КРАТОВСКИ (Кратово, крајот на ⅩⅤⅠ в. – Света Гора, 1669) – кратовско-Штипски митрополит, патешественик, летописец и културно-просветен деец, син на кратовскиот кнез Никола Боичик. Во 1647 г. се замонашил и го добил монашкото име Михаил. Во 1648/49 г. станал митрополит Бански, Кратовски и Штипски. Кон средината на ⅩⅤⅠⅠ в. заминал на Света Гора. Престојувал… Continue reading МИХАИЛ
МИХАИЛ Ⅷ Палеолог
МИХАИЛ Ⅷ Палеолог (1224– 1282) – никејски и византиски император (1259–1282), војсководец, основач на династијата на Палеолозите. Го ликвидирал Латинското Царство и ја обновил Византија (1261). Ја склучил и ја потпишал Лионската унија (1274) за обединување на црквата под врховна власт на папата. Унијата не била прифатена во Византија. Ги поразил Епирците во клисурите западно… Continue reading МИХАИЛ Ⅷ Палеолог
МИХАИЛ ДЕВОЛСКИ
МИХАИЛ ДЕВОЛСКИ (Ⅺ–ⅩⅠⅠ в.) – епископ на Деволската епархија на Охридската архиепископија и хроничар. Во 1118 г. извршил 66 дополнувања кон Хрониката на Јоан Скилица од втората половина на Ⅺ в. што се однесувале на периодот меѓу 976 и 1057 г., за настаните во Самуиловото Царство и за тогашните состојби во Охридската архиепископија. ЛИТ.: Цв.… Continue reading МИХАИЛ ДЕВОЛСКИ
МИХАИЛ КРАТОВСКИ
МИХАИЛ КРАТОВСКИ (Кратово, крајот на ⅩⅤⅠ в. – Света Гора, 1669) – кратовско-Штипски митрополит, патешественик, летописец и културно-просветен деец, син на кратовскиот кнез Никола Боичик. Во 1647 г. се замонашил и го добил монашкото име Михаил. Во 1648/49 г. станал митрополит Бански, Кратовски и Штипски. Кон средината на ⅩⅤⅠⅠ в. заминал на Света Гора. Престојувал… Continue reading МИХАИЛ КРАТОВСКИ
МИХАИЛ, архиепископ
МИХАИЛ, архиепископ (Методи Гогов) (Ново Село, Штип, 20. Ⅴ 1912 – Скопје, 6. Ⅶ 1999). Завршил Богословија во Битола, Богословски факултет во Бел-град и Филозофски (археологија и историја на уметноста) во Скопје. Бил вероучител и свештеник во Штип и во Скопје и меѓу првите мисионери во Австралија. По враќањето бил професор и ректор во Богословијата… Continue reading МИХАИЛ, архиепископ
МИХАИЛОВ, Владимир
МИХАИЛОВ, Владимир (Бел-град, 27. Ⅳ 1939) – градежен инженер од областа на инженерската сеизмологија. Дипломирал на Градежниот факултет во Скопје (1963). Магистрирал во ИЗИИС, Скопје (1967), а докторирал на ПМФ во Загреб (1978), како прв доктор по сеизмологија од Македонија. Редовен проф. и познат научник од областа на инженерската сеизмологија. Автор е на преку 500… Continue reading МИХАИЛОВ, Владимир
МИХАИЛОВА-БОШНАКОСКА, Гордана
МИХАИЛОВА-БОШНАКОСКА, Гордана (Битола, 1 Ⅸ 1940) – поетеса, раскажувачка, романсиерка, есеистка и преведувачка. Работниот век го минала како уредник во Македонската телевизија. БИБ.: стихозбирки: Времето го нема, Ск., 1965; Писма, Ск. 1974; Влегување во Делта, Ск. 1981; Нордиски љубовници, Ск., 1993; Њујорксон, Ск., 1993; Планини од картонски кутии, Ск., 1997; Пораки на далечините, Ск., 2001;… Continue reading МИХАИЛОВА-БОШНАКОСКА, Гордана
МИХАЈЛОВ-САВАТА, Сава
МИХАЈЛОВ-САВАТА, Сава (с, Мачуково, Гевгелиско, 25. ⅩⅠⅠ 1877 – с. Смол, Гевгелиско, 1. Ⅲ 1905) – учител, револуционер, гевгелиски војвода. Се школувал во Мачуково, во Цариград и во Солун. Учителствувал во Кавадарци (1895), каде што станал член на МРО. Како учител и револуционер дејствувал и во с. Ракита, Кајларско, Неготино, Гевгелија и Горна Џумаја. Борец… Continue reading МИХАЈЛОВ-САВАТА, Сава
МИХАЈЛОВ, Делчо
МИХАЈЛОВ, Делчо (Скопје, 27. Ⅺ 1947) – карикатурист, режисер на анимиран филм, аниматор, илустратор. Дипломира на Архитектонскиот факултет во Скопје (1974). Работи во Студиото за анимиран филм на „Вардар филм“ (1975-1984), каде што го создава и својот прв анимиран филм „Хомо Екраникус“ (1977). Како самостоен автор има реализирано шест анимирани филма. Назначен за директор на… Continue reading МИХАЈЛОВ, Делчо
МИХАЈЛОВ, Драган
МИХАЈЛОВ, Драган (Скопје, 2. И 1949) – ред. проф. на ЕТФ во Скопје. Докторирал на одделот за биокибернетика на ЕТФ во Љубљана (1979). Работел во Математичкиот институт со нумерички центар (1973–1983). Од 1983 на ЕТФ во Скопје. Престојувал на Универзитетот во Загреб (1974) и во Љубљана (1978) и на одделот за биоматематика на Универзитетот на… Continue reading МИХАЈЛОВ, Драган
МИХАЈЛОВ, Иван
МИХАЈЛОВ, Иван (Ванчо) (Ново Село, Штипско, 26. Ⅷ 1896 – Рим, 5. Ⅸ 1990) – раководител на ВМРО. Се школувал во Штип, Солун и Скопје, каде што завршил гимназија (1915). По Првата светска војна студирал право на Универзитетот во Софија, бил еден од основачите и прв претседател на Студентското друштво „Вардар“. По пристапувањето во ВМРО… Continue reading МИХАЈЛОВ, Иван
МИХАЈЛОВ, Илија
МИХАЈЛОВ, Илија (Велес, 1912 – Скопје, 1995) – агроекономист. Основно училиште завршил во Велес, гимназија во Неготин Краина, Србија (1932). Дипломира на Земјоделско-шумарскиот факултет во Земун (1938). Организира отворање на земјоделско училиште во Битола (1945), каде што бил и директор. Во наставниот процес на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје е вклучен од 1948 г. по предметот… Continue reading МИХАЈЛОВ, Илија
МИХАЈЛОВ, Илија
МИХАЈЛОВ, Илија (Велес, 1912 – Скопје, 1995) – агроекономист. Основно училиште завршил во Велес, гимназија во Неготин Краина, Србија (1932). Дипломира на Земјоделско-шумарскиот факултет во Земун (1938). Организира отворање на земјоделско училиште во Битола (1945), каде што бил и директор. Во наставниот процес на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје е вклучен од 1948 г. по предметот… Continue reading МИХАЈЛОВ, Илија
МИХАЈЛОВ, Илија
МИХАЈЛОВ, Илија (Велико Трново, Бугарија, 29. Ⅴ 1907 – Белград, 15. Ⅷ 1973) – редовен професор на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, специјалист за областа уредување на шу-мите и за предметите уредување на шумите и дендрометрија. Дипломирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Софија (1930), каде што е избран за асистент (1933). Докторирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Загреб… Continue reading МИХАЈЛОВ, Илија
МИХАЈЛОВ, Илија
МИХАЈЛОВ, Илија (Велико Трново, Бугарија, 29. Ⅴ 1907 – Белград, 15. Ⅷ 1973) – редовен професор на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, специјалист за областа уредување на шу-мите и за предметите уредување на шумите и дендрометрија. Дипломирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Софија (1930), каде што е избран за асистент (1933). Докторирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Загреб… Continue reading МИХАЈЛОВ, Илија
МИХАЈЛОВ, Миле
МИХАЈЛОВ, Миле (с. Лазарополе, 1. Ⅹ 1936) – научен советник и редовен професор во Институтот за национална историја, во пензија. Дипломирал на Филозофскиот факултет (група историја) во Скопје (1962) и докторирал со темата „Военозаднинските органи во текот на Народноослободителната војна во Македонија 1941 – 1945 година“ (1988). Неговата потесна специјалност е истражувањето на Македонија во… Continue reading МИХАЈЛОВ, Миле