МЕЧУВАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА

МЕЧУВАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Првпат се спомнува како спортска активност во Скопје (1911). МК „Работнички“ бил основан во Скопје (1950) и е единствен во Републиката (до 1991). Негови основоположници биле Бранко Радовановиќ, долгогодишен натпреварувач и претседател и Драгољуб Николовски. Членовите на Клубот настапувале во сите категории на југословенските, балканските, европските и светските првенства и на… Continue reading МЕЧУВАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА

МЕШЕИШТА

МЕШЕИШТА – село во Струшко. Се наоѓа во североисточниот крај на Струшката Котлина, од левата страна на р. Сатеска, на надморска висина од околу 750 м. Низ селото поминува магистралниот пат М–4, кој на север го поврзува со областа Дебарца, а на југоисток со Охрид. Има 750 ж. кои се занимаваат главно со одгледување житни… Continue reading МЕШЕИШТА

МЕШКОВ, Стефан К

МЕШКОВ, Стефан К. (Охрид, 1884 – с. Ѓуѓанци, Кратовско, 9. Ⅶ 1904) – учесник во Илинденското востание, ресенски војвода. Со чета од с. Евла, Преспанско, учествувал во нападот на кулите во с. Петрино, Ресенско. По востанието се засолнил во Бугарија. Во текот на јули 1904 г. влегол во четата на војводата Славејко Арсов. Загинал во… Continue reading МЕШКОВ, Стефан К

МЕШКОВСКА, Наташа

МЕШКОВСКА, Наташа (Скопје, 05. Ⅱ 1972) – унив. професор, пливачка. Завршила Факултет за физичка култура во Скопје (1993), на кој магистрирала (2000) и докторирала (2002). Била член на АПК „Студент“ во Скопје (од 1981). Најуспешна македонска пливачка на куси патеки. На републичките првенства освоила 55 први места и поставила 31 рекорд. Била неколкукратна првенка на… Continue reading МЕШКОВСКА, Наташа

МЕШКОВСКИ, Димче

МЕШКОВСКИ, Димче (Скопје, 31. Ⅹ 1945) – актер. Член на Драмскиот театар во Скопје (1967– 2001). Учествува во радиото и во ТВ емисии. Особено ги негува хуморот и сатирата. Улоги: Педаче („Гртко“); Дофило („Две врчви вода“); Преостанат бег („Свадба“); Феројан („Болва в уво“); Тасе свирачо („Јане Задрогаз“); Баш Челик во истоименото дело; Секула („Солунски патрдии“);… Continue reading МЕШКОВСКИ, Димче

МЗТ ХЕПОС А

МЗТ „ХЕПОС“ А.Д. – Скопје – специјализиран производител на системи за сопирање на шински возила. Основан е во 1953 г.. Организациски МЗТ „ХЕПОС“ претставува заокружена технолошка целина. Во производствената програма значително место заземаат уредите што се произведуваат според лиценци на фирмите: „Ерликон“, „САБ“ и „штабег“. Од 1982 г. во развојните одделенија и истражувачките лаборатории е… Continue reading МЗТ ХЕПОС А

МИА

МИА – Македонска информативна агенција формирана со Одлука на Собранието на РМ, регистрирана Панорама на селото Мешеишта, Струшко како акционерско друштво. Првата вест овој јавен информативен серис ја испратил на 30 септември 1998 г. Емитува вести и информации 24 часа на македонски, англиски и на албански јазик, продуцира фото и фоно-сервис достапни преку веб страницата… Continue reading МИА

МИГДОНИЈА

МИГДОНИЈА (Мѕгдониа) – античка област во Долна Македонија, населена од племето Мигдонци, наречена според епонимниот херој Мигдон. Се протегала на северните делови на полуостровот Халкидик (околу денешниот Солунски Залив), по долниот тек на р. Аксиј (Вардар) до Дојранското Езеро. Името често се користело како збирно, за означување на областите Крестонија, Бисалтија и Антемунт. Таа била… Continue reading МИГДОНИЈА

МИДА

МИДА (Мидас) – син на Гордиј (според некои, мајка му била Кибела), крал на Бригите, коишто се преселиле во Мала Азија, каде што се познати како Фриги, а областа што ја населиле Фригија, па оттука се спомнува и како крал на Фригија (ок. 737 пр.н.е.). За неговиот лик се поврзани митови што го прават симбол… Continue reading МИДА

МИДОН

МИДОН – пајонски херој во познатата Тројанска војна (1193–1183 пр.н.е.), убиен од главниот хеленски јунак Ахил, непосредно по убиството на главниот пајонски јунак Астеропај. Тој е само спомнат во Хомеровата Илијада. ИЗВ.: Хомери, Иллиас, Липсиае, 1910. К. М.-Р.

МИЖИМАКОВ, Панче

МИЖИМАКОВ, Панче (Велес, 22. Ⅵ 1946) – директор на филм, продуцент. Започнува како асистент на режија и организатор на снимање, а подоцна како директор на филм и менаџер на продукција. Наизменично го менува статусот на слободен филмски работник и вработен во „Вардар филм“. Тој е еден од основачите на првата продуцентска куќа „Пегаз“ преку која… Continue reading МИЖИМАКОВ, Панче

МИЗИ

МИЗИ (Моисои, Мѕсои, Моеси) – племе што го населувало Балканскиот Полуостров. Според нив го добила името римската провинција Мизија што ги зафаќала сите земји на реката Дунав од утоката на Сава до Црното Море. Најрано се спомнати кај Хомер. Како етноним исчезнале во И в. пр.н.е. Последен пат се спомнуваат во врска со походите на… Continue reading МИЗИ

МИЗОВА, Софија Хаџиева

МИЗОВА, Софија Хаџиева (Охрид, 2. Ⅵ 1940) – архитект. Дипломирала на Архитектонскиот факултет во Белград (1964). Се занимава со архитектонско и урбанистичко проектирање (со својата сестра Маргарита). Реализирани објекти: Градскиот угостителски центар „Летница“ во Охрид (1971); хотелот „Белви“ во Охрид (1988). Се занимава и со урбанистичко проектирање. Урбанистичко-архитектонско решение на центарот на Крушево (1978); АУП… Continue reading МИЗОВА, Софија Хаџиева

МИЗРАХИ, Трајанка

МИЗРАХИ, Трајанка (с. Праведник, Кавадаречко, 24. Ⅴ 1921 – 24. И 1991) – учесник во НОБ. Како припадничка на македонското младинско движење, станала член на КПЈ (1941). Била борец во Тиквешкиот НОПО „Добри Даскалов“ (од 7. Ⅴ 1943) и заменик политички комесар на Првиот баталјон на Деветтата македонска НОУ бригада. По Ослободувањето извршувала државни и… Continue reading МИЗРАХИ, Трајанка

МИЈАЛКОВА-ГЕОРГИЕВСКА, Александра

МИЈАЛКОВА-ГЕОРГИЕВСКА, Александра (Скопје, 24. Ⅵ 1973) – балерина. Балет учи во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје, во класата на Ѓ. Јовановска. Станува член на Балетот при МНТ (1991) како солистка, а потоа е и негова првенка (1998). М.-Г. е балерина со изразено сигурна класична балетска техника, со нагласен темперамент и пластичност на движењата. Престојува на специјализација… Continue reading МИЈАЛКОВА-ГЕОРГИЕВСКА, Александра

МИЈАЛКОВСКИ, Драган

МИЈАЛКОВСКИ, Драган (Бјеловар, Хрватска, 24. Ⅳ 1950) – интерпретатор на популарна музика. Интересот кон музиката го пројавил многу рано. Првите настапи како вокален интерпретатор ги имал во 1963 г. Неговата блескава кариера започнува од 1969 г. Бил еден од најактивните македонски интерпретатори на популарна музика во тогашна Југославија. Во наредните Драган Мијалковски години бил редовен… Continue reading МИЈАЛКОВСКИ, Драган

МИЈАТОВИЌ, Мијат

МИЈАТОВИЌ, Мијат (Вучковица, Чачак, Србија, 15. Ⅲ 1950 Скопје, 25. ⅩⅠⅠ 2000) – физичар, ред. проф. (1992) на ПМФ. Дипломирал (1973) и магистрирал на ПМФ во Белград. Докторирал (1980) на ПМФ со темата „Спин-Паерлсовиот премин кај еднодимензионалните магнетици“. Специјализирал во Копенхаген. Држел настава по Статистичка физика со термодинамика и Астрономија со астрофизика. Тој е коавтор… Continue reading МИЈАТОВИЌ, Мијат

МИЈАЧИЈА

МИЈАЧИЈА – област во западниот дел на РМ. Ги зафаќа подрачјата Долна Река и Мала Река. Овде има 23 мијачки села што се наоѓаат на западните и југозападните падини на планината Бистра и во долината на реката Радика. Во селата од Мала Река живеат Мијаци, православни Македонци, а во Долна Река Мијаци–Торбеши, кои се исламизирани… Continue reading МИЈАЧИЈА

МИК ДОО

„МИК“ ДОО (Метална индустрија – Кавадарци) – фирма од металопреработувачката дејност формирана во 1978 г.. Се простира на околу 75.000 м², од кои 27.000 м² покриен простор. Производствена програма: комунална опрема – контејнери и канти за комунален отпад; земјоделска механизација – тракторски приколки, плугови, клинести брани и др.; произодство на електроопрема и опрема за домаќинството… Continue reading МИК ДОО

МИКЛОШИЧ, Франц

МИКЛОШИЧ, Франц (Миклошич, Франц) (Радомершчак крај Љутомер, 20. Ⅺ 1813 – Виена, 7. Ⅲ 1891) – словенечки лингвист, славист, еден од основачите на славистиката како научна дисциплина. Според некои негови констатации, приврзаник на таканаречената панонска хипотеза за потеклото на староцрковнословенскиот јазик, чиј автор е Копитар. Во студијата Гесцхицхте дер Лаутбезеицхнунг ин Булгарисцхен (Денксцхрифтен дер Кеисерл.… Continue reading МИКЛОШИЧ, Франц

МИКРОБИОЛОГИЈА

МИКРОБИОЛОГИЈА – биолошка дисциплина што ја проучува биологијата на микроорганизмите. Во текот на изминатите педесетина години микробиологијата на Институтот за биологија бележи значаен подем. Во почетокот таа покажуваше скромен развој и се изучуваше во рамките на други ботанички дисциплини. Во раните седумдесетти години се издвојува како посебна наставна дисциплина, застапена со предметот општа микробиологија. Денес,… Continue reading МИКРОБИОЛОГИЈА

МИКРОЕКОНОМИЈА

МИКРОЕКОНОМИЈА – дел од економската наука што го изучува однесувањето на поединечната фирма, на потрошувачите и на одделните економски сектори во економскиот живот. Микроекономската наука во Македонија се развива по педесеттите години на минатиот век. Основоположници на микроекономската наука кај нас се македонски економисти што своето факултетско образование го стекнале во странски универзитетски центри, а… Continue reading МИКРОЕКОНОМИЈА

МИКРОН

МИКРОН“ – Прилеп – фабрика за производство на мали електромотори и на опрема за домаќинството. Формирана е во шеесеттите години на минатиот век како „Микрон“, за да прерасне во почетокот на 2005 г. во фирма со назив АД „Микрон Тецх“. Во производната програма се застапени повеќе видови мотори со мала моќност како што се: еднофазните… Continue reading МИКРОН